Региони
Пехчево: Адреналинска авантура за победување на стравот
Љубителите на екстремните и адреналински спортови ќе може да ги испробаат своите вештини во јазење и прескокнување на височина до 6 метри меѓу високите стебла на прекрасната борова шума на новоизградената адреналинска патека на истокот од Македонија во Пехчево.
Љубителите на екстремните и адреналински спортови ќе може да ги испробаат своите вештини во јазење и прескокнување на височина до 6 метри меѓу високите стебла на прекрасната борова шума на новоизградената адреналинска патека на истокот од Македонија во Пехчево.
„Авантуристички парк е место кое може да содржи широк спектар на елементи како објекти кои обично се користат за рекреација и доживување на авантура, а во нашиов случај се направени препреки од јажиња и сајли, како и од дрво, кои висат закачени на дрвја или се напавени од некој друг материјал на височина од 4 м до 6 м, поврзани меѓусебе со платформи“, вели Никола Каракашов од Општина Пехчево, кој додава дека луѓето се качуваат, се јазат и поминуваат разни пречки на патеката. Бидејќи патеката бара физичка и психичка подготвеност и нуди надминување на стравот од височина, наречена е адреналинска патека.Патеката е во должина од 360 метри, додека другиот дел е ткн zip-линија, поточно јажиња или сајли кои висат од еден крај на друг крај од зграда, рид, планина, а по нив се помнинува преку реки, кањони, или на патеката во Пехчево, преку бара. Должината на zip-линијата е 240 метри. „Другиот опис е како да си во видео игра и треба да стигнеш од една до друга дестинација. Овие паркови обично се фамилијарни и може да бидат забавни за целото семејство“, вели Каракашов во разговорот за Макфакс.Паркот е составен од три дела; адреналинска патека која има 38 рампи од кои 26 се само за возрасни, а 12 каде на возрасните им се приклучуваат и децата, zip-линија за ворасни и за деца и дел кој е наменет за најмалите, за да може целото семејсто да помине дел од денот за одмор.Патеката во должина од 600м поделена на два дела и тоа адреналинска патека 360м и zip-линија 240м е направена од алпинистички јажиња, железни сајли и разни дрвени препреки и објекти преку кои се поминува.„Идејата за пректот дојде, при посета на Македонија на еден мој пријател од Хета, Финска кој ни покажа каков парк имаат тие таму за развој на алтернативниот туризмам во областа Лапленд, па решив дека ова еден ден мора да го направиме и во Македонија. Го напрвивме проектот и најдовме финансии, а Пехчево беше најсоодветна општина за рализација, затоа што таа се стреми за развој на туризам на разни начини како алтернативен, планинаски, фестивалски туризам и одговараше на потребите за еден таков авантуристички парк. Исто така, наидовме на позитивен прием од стара на сопстевникот на хотел „Гогов“ во Пехчево кој ќе се грижи за понатамошното оддржување на паркот и да обезбеди тренери/водичи за паркот“, вели Каракашов.Паркот се гради од пари од Општина Пехчево и од хотел „Гогов“, а чини 1.000.000 денари.Паркот се градеше пет месеци, а официјалното пуштање во употреба е закажано за 10 јули 2016 година.За паркот се обезбедени водичи/тренери за да пружат обука на посетителите на паркот или да пружаат помош за поминување на некоја препрека и спуштање на земја. Ако корисниците на паркот се придржуваат кон упатствата на тренерот/инструкторот и ја ностат опремата е загарантирана е 100 отсто безбедност на оние кои ќе се пробаат на височина од 4 до 6 метри да ја изодат патеката. Според нашиот соговорник општината може да има голем бенефит од паркот, затоа што тоа е уште една дополнителна туристичка понуда за привлекување посетители, што ќе продуцира финансиска добивка и за граѓаните, авантуристичко доживување за туристите и посетителите. Планираат да го промовираат преку постоечките медиуми, а повремено да се организираат кампањи./крај/мф/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Опасен отпад детектиран во близина на скопското село Орман
При редовна обиколка од страна на Државниот инспекторат за животна средина на територијата на Општина Ѓорче Петров, на 10 октомври лоцирано е одлагање на згура од преработка на акумулаторски батерии на во близина на селото Орман. Станува збор за опасен отпад во количина од околу 500 до 600 тони.
„Според затекнатата состојба на теренот, а според Листата на видови на отпад (Сл.Весник на РМ бр.100/2005) се работи за отпад со шифра 10 04 – Отпад од пирометалургија на олово,10 04 01*- троски од примарно и секундарно производство, која според класификацијата спаѓа во класата на опасен отпад“, информираат од Државниот инспекторат.
Сопствениците на катастарската парцела на која се наоѓа отпадот со решение од Државниот инспекторат се задолжени да извршат неговата дислокација во рок од 30 дена од издавање на решението.
Граѓаните на социјалните мрежи бараат одговорност и одговор од каде доаѓа отпадот и кој е виновникот за неговото одложување токму на оваа локација која е во непосредна близина на реката Лепенец и населените места Волково и Орман.
Македонија
ЦУК: Активни два пожари, вчера регистрирани 26 пожари
Активни се два пожари од вкупно 26 на отворен простор што се регистрирани вчера во државава, информира утрово Центрот за управување со кризи (ЦУК).
-Активни се пожарите во Општина Македонски Брод, село Белица под Солунска Глава, каде што гори ретка борова шума, сува трева и грмушки и во Општина Чашка кај село Крива Круша, каде што гори сува трева и папрат, се наведува во соопштението.
Изгаснатите 24 пожари од вкупно 26 во последното деноноќие биле во:
– Општина Гази Баба, кај клучка кај Арачиново (каде што горела трска);
– Општина Аеродром. покрј ул.„Ѓорѓи Капчев“ (отпадоци);
– Општина Бутел, кај населбара „Кучевишка Бара“ (сува трева);
– Општина Илинден, кај с.Бунарџик (сува трева);
– Општина Новаци, кај с.Бач (сува трева);
– Општина Прилеп, 5 пожари, кај Индустриско училиште (сува трева), с.Селце (сува трева), с.Големо Коњари (сува трева), с.Новоселани (сува трева) и кај Прилепско Езеро (сува трева, грмушки и шума); – Општина Долнени, помеѓу селата Рилево и Сливје (сува трева);
– Општина Кривогаштани, 3 пожари, кај с.Локвени (сува трева), помеѓу Кривогаштани и Врбјни (сува трева) и помеѓу с.Кривогаштани и с.Светомитрани (сува трева);
– Општина Гевгелија, кај с.Ѓавато (сува трева); – Општина Велес, с.Иванковци (сува трева);
– Општина Чашка, с.Стари Град (сува трева и трње);
– Општина Штип, помеѓу конфекција Албатрос и Штипска млекара (сува трева и грмушки);
– Општина Куманово, 2 пожара, с.Карабичани (сува трева) и с.Романовце (стрниште);
– Општина Старо Нагоричане, 2 пожара,: с.Кокино (сува трева и борови гранки); с.Никуљане (стрниште);
– Општина Крива Паланка, с.Луке (букова шума и сува трева) и во – Општина Кратово: с.Татомир (каде што горела сува трева).
Македонија
ЦУК: Во последното деноноќие имало 10 пожари на отворено
Во текот на вчерашниот ден, според извештаите во Секторот за операции и координација во Центарот за управување со кризи (ЦУК), во државата во последното деноноќие имало регистрирано вкупно 10 пожара на отворено, до утрово како активен се уште се води само еден.
– Активен се води се уште пожарот што изби од 13:00 часот помеѓу селата Римница и Бибај, во месноста „Рибничка Планина“ во Општина Маврово – Ростуше, со којшто се зафатени високи пасишта, смреки, папрат, поедини стебла од бука, ела и шума.Заради напристпаноста за возилапожарникарите од ТППЕ Гостивар не интервенирале. Во можност биле само од Националниот парк „Маврово“ да интервенираат со 5 вработени. Пожарот е локализиран, но се уште има чад во внатрешноста. Лицата кои интервенирале се повлекле од терен во после 18:40 часот. Во утринските часови повторно екипите од националниот парк е планирано да извидат и да интервенираат на истиот тешкопристапен терен – информираат од ЦУК.
Изгаснати биле девет пожари на отворено, во:
– Општина Новаци, два пожара, во период од 14:00 до 14:40 часот, со едно ПП возило и три пожарникари интервенирале на запалена ниска вегетација во атарот на селата Лознани и Тополчани и од 15:15 до 18:55 часот, со едно ПП возило и три пожарникари интервенирале на запалена слама во с.Далбеговци;
– Општина Могила, во период од 22:30 до 00:10 часот, со едно ПП возило и два пожарникара интервенирале на запалена ниска вегетација и стрниште во с.Ношпал;
– Општина Прилеп, два пожара, од 14:35 до 15:15 часот, со четири пожарникари и две ПП возила интервенрале на запалена ниска вегетација на патот кон с.Селце и во период од 15:15 до 16:15 часот, со едно ПП возило и три пожарникари интервенирале на запалена ниска вегетација во атарот на с.Ерековци;
– Општина Тетово, два пожара, 16:47 до 17:15 часот, со три пожарникари и едно ПП возило интервенирале на запалена ниска вегетација во нас.Малеадри и од 13:22 до 14:22 часот, со едно ПП возило и два пожарникара интервенирале на запалена ниска вегетација покарај ул. „Илинденска“;
– Општина Велес, во период од 19:30 до 21:20 часот, со едно ПП возило и три пожарникари интервенирале на запалена ниска вегетација и стрниште на површина од два хектара во атарот на с.Мустафино;
– Општина Дојран, пожарникарите од ТППЕ Гевгелија дека во период од 12:20 до 14:00 часот, со едно ПП возило и три пожарниакри заедно со Доброволно ПП друштво „Дојран“ со едно ПП возило и три пожарникари интервенирале на запалена ниска вегетација на површина од половина хектар во с.Фурка и во
– Општина Гази Баба, пожарникарите од БППЗ на Град Скопје во период 19:15 до 21:00 часот, со едно ПП возило и три пожарникари интервенирале на запалени отпадоци на површина од половина хектар во с.Страчинци.