Региони
Поактивна улога на локалните власти во справувањето со проблемите од климатските промени
Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски во средата присуствуваше на Регионалната конференција за адаптација на климатските промени, која има за цел да придонесе за размената на информации околу клучните фактори во оваа област и да се овозможи подобра координација во активностите за адаптација на климатските промени во регионот.
На конференцијата учествуваат претставници од надлежните министерства од Република Македонија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Србија, Црна Гора, Албанија, Косово, Турција и експерти.
„Живееме во свет во кој климата се менува. Без оглед на тоа дали се предизвикани од активностите на човекот, или се дел од природниот циклус на планетата Земја, стручњаците се согласуваат дека климатските промени мора да бидат разбрани како сериозна закана по животната средина, здравјето на луѓето, достапноста до природните ресурси и храната, економијата, изградената инфраструктура и квалитетот на животот и дека разорните последици на климатските промени ќе влијаат врз сите. Кога се знае дека над 50 проценти од светското население и 75 проценти од населението во Европа денес живее во градовите, очекувано е најголем број луѓе да претрпат најтешки последици во урбаните средини. Градовите се ранливи заради големата концентрација на население и изградени објекти на еден помал простор, но и заради зависноста од изградената инфраструктура, без која не може да се замисли животот во градовите, а која е прва на удар на последиците од климатските промени“, изјави Трајановски.
„Главните проблеми за градовите се заеднички: во повеќето градови ќе се зголеми интензитетот на врнежите и ќе се создаде дополнителен ризик од поплави, се очекуваат сушни периоди заради кои ќе се јавува недостиг од храна и вода, се повеќе ќе се јавуваат силни ветрови и олуи кои ќе влијаат врз градбите и инфраструктурата, ќе се јавува ерозија и лизгање на земјиштето, сите наведени промени ќе влијаат на сообраќајната инфраструктура, ќе се јави поголема потреба од енергија за надминување на проблемите, стопанството ќе мора да се приспособува на новонастанатите услови и состојби, ќе се наруши здравјето на луѓето од топлотните бранови, растенијата и животните ќе ги сменат своите природни циклуси, околните подрачја на градовите ќе бидат погодени со суши, пожари, намалување на земјоделските приноси… Затоа, мерките за намалување на ранливоста на населението од сегашните и идните климатски влијанија, се од витално значење. Она што е наш императив, е да успееме да предвидиме што се ќе се случува во нашите средини и да преземеме активности за да се намалат последиците од тие случувања“, изјави скопскиот градоначалник.
Трајановски додаде дека Европската комисија, препознавајќи го фактот дека клучот за борба против климатските промени се наоѓа во рацете на менаџерите на динамичките процеси во урбаните средини, во 2009 година ја покрена иницијативата за востановување на Повелбата на градоначалниците, чија цел е да ги зајакне активностите на локалните власти во решавањето на проблемите со климатските промени.
„ Со овој документ близу 6.000 општини во Европа и пошироко, со вкупно 190 милиони жители, се обединети во нивните напори за зголемување на енергетската ефикасност и употребата на обновливи извори на енергија на своето подрачје. Со потпишување на Повелбата градовите потписнички треба да ги надминат целите поставени од ЕУ за 2020 година, за намалување на емисијата на јаглеродниот диоксид за најмалку 20 проценти во градoвите и за изработка на Акциски план за одржлива енергија (СЕАП) вклучувајќи го инвентарот на основни емитувачи, кој ќе ги даде насоките како ќе се остварат тие цели“, рече Трајановски.
Тој изјави дека и Градот Скопје е член на Мрежата на енергетски главни градови во југоисточна Европа, кои се потписници на Повелбата на градоначалниците./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Опасен отпад детектиран во близина на скопското село Орман
При редовна обиколка од страна на Државниот инспекторат за животна средина на територијата на Општина Ѓорче Петров, на 10 октомври лоцирано е одлагање на згура од преработка на акумулаторски батерии на во близина на селото Орман. Станува збор за опасен отпад во количина од околу 500 до 600 тони.
„Според затекнатата состојба на теренот, а според Листата на видови на отпад (Сл.Весник на РМ бр.100/2005) се работи за отпад со шифра 10 04 – Отпад од пирометалургија на олово,10 04 01*- троски од примарно и секундарно производство, која според класификацијата спаѓа во класата на опасен отпад“, информираат од Државниот инспекторат.
Сопствениците на катастарската парцела на која се наоѓа отпадот со решение од Државниот инспекторат се задолжени да извршат неговата дислокација во рок од 30 дена од издавање на решението.
Граѓаните на социјалните мрежи бараат одговорност и одговор од каде доаѓа отпадот и кој е виновникот за неговото одложување токму на оваа локација која е во непосредна близина на реката Лепенец и населените места Волково и Орман.
Македонија
ЦУК: Активни два пожари, вчера регистрирани 26 пожари
Активни се два пожари од вкупно 26 на отворен простор што се регистрирани вчера во државава, информира утрово Центрот за управување со кризи (ЦУК).
-Активни се пожарите во Општина Македонски Брод, село Белица под Солунска Глава, каде што гори ретка борова шума, сува трева и грмушки и во Општина Чашка кај село Крива Круша, каде што гори сува трева и папрат, се наведува во соопштението.
Изгаснатите 24 пожари од вкупно 26 во последното деноноќие биле во:
– Општина Гази Баба, кај клучка кај Арачиново (каде што горела трска);
– Општина Аеродром. покрј ул.„Ѓорѓи Капчев“ (отпадоци);
– Општина Бутел, кај населбара „Кучевишка Бара“ (сува трева);
– Општина Илинден, кај с.Бунарџик (сува трева);
– Општина Новаци, кај с.Бач (сува трева);
– Општина Прилеп, 5 пожари, кај Индустриско училиште (сува трева), с.Селце (сува трева), с.Големо Коњари (сува трева), с.Новоселани (сува трева) и кај Прилепско Езеро (сува трева, грмушки и шума); – Општина Долнени, помеѓу селата Рилево и Сливје (сува трева);
– Општина Кривогаштани, 3 пожари, кај с.Локвени (сува трева), помеѓу Кривогаштани и Врбјни (сува трева) и помеѓу с.Кривогаштани и с.Светомитрани (сува трева);
– Општина Гевгелија, кај с.Ѓавато (сува трева); – Општина Велес, с.Иванковци (сува трева);
– Општина Чашка, с.Стари Град (сува трева и трње);
– Општина Штип, помеѓу конфекција Албатрос и Штипска млекара (сува трева и грмушки);
– Општина Куманово, 2 пожара, с.Карабичани (сува трева) и с.Романовце (стрниште);
– Општина Старо Нагоричане, 2 пожара,: с.Кокино (сува трева и борови гранки); с.Никуљане (стрниште);
– Општина Крива Паланка, с.Луке (букова шума и сува трева) и во – Општина Кратово: с.Татомир (каде што горела сува трева).
Македонија
ЦУК: Во последното деноноќие имало 10 пожари на отворено
Во текот на вчерашниот ден, според извештаите во Секторот за операции и координација во Центарот за управување со кризи (ЦУК), во државата во последното деноноќие имало регистрирано вкупно 10 пожара на отворено, до утрово како активен се уште се води само еден.
– Активен се води се уште пожарот што изби од 13:00 часот помеѓу селата Римница и Бибај, во месноста „Рибничка Планина“ во Општина Маврово – Ростуше, со којшто се зафатени високи пасишта, смреки, папрат, поедини стебла од бука, ела и шума.Заради напристпаноста за возилапожарникарите од ТППЕ Гостивар не интервенирале. Во можност биле само од Националниот парк „Маврово“ да интервенираат со 5 вработени. Пожарот е локализиран, но се уште има чад во внатрешноста. Лицата кои интервенирале се повлекле од терен во после 18:40 часот. Во утринските часови повторно екипите од националниот парк е планирано да извидат и да интервенираат на истиот тешкопристапен терен – информираат од ЦУК.
Изгаснати биле девет пожари на отворено, во:
– Општина Новаци, два пожара, во период од 14:00 до 14:40 часот, со едно ПП возило и три пожарникари интервенирале на запалена ниска вегетација во атарот на селата Лознани и Тополчани и од 15:15 до 18:55 часот, со едно ПП возило и три пожарникари интервенирале на запалена слама во с.Далбеговци;
– Општина Могила, во период од 22:30 до 00:10 часот, со едно ПП возило и два пожарникара интервенирале на запалена ниска вегетација и стрниште во с.Ношпал;
– Општина Прилеп, два пожара, од 14:35 до 15:15 часот, со четири пожарникари и две ПП возила интервенрале на запалена ниска вегетација на патот кон с.Селце и во период од 15:15 до 16:15 часот, со едно ПП возило и три пожарникари интервенирале на запалена ниска вегетација во атарот на с.Ерековци;
– Општина Тетово, два пожара, 16:47 до 17:15 часот, со три пожарникари и едно ПП возило интервенирале на запалена ниска вегетација во нас.Малеадри и од 13:22 до 14:22 часот, со едно ПП возило и два пожарникара интервенирале на запалена ниска вегетација покарај ул. „Илинденска“;
– Општина Велес, во период од 19:30 до 21:20 часот, со едно ПП возило и три пожарникари интервенирале на запалена ниска вегетација и стрниште на површина од два хектара во атарот на с.Мустафино;
– Општина Дојран, пожарникарите од ТППЕ Гевгелија дека во период од 12:20 до 14:00 часот, со едно ПП возило и три пожарниакри заедно со Доброволно ПП друштво „Дојран“ со едно ПП возило и три пожарникари интервенирале на запалена ниска вегетација на површина од половина хектар во с.Фурка и во
– Општина Гази Баба, пожарникарите од БППЗ на Град Скопје во период 19:15 до 21:00 часот, со едно ПП возило и три пожарникари интервенирале на запалени отпадоци на површина од половина хектар во с.Страчинци.