Региони
Прием за митрополитот Преспанско-пелагониски по повод свети Нектариј битолски
Општина Битола го одбележува Денот на заштитникот на градот „Преподобен Свети Нектариј Битолски“, за што активностите започнаа напладне во средата со прием во Кабинетот на градоначалникот на митрополитот Преспанско-пелагониски и администратор Австралиско– новозеландски, г. Петар, кој покрај традиционален, имаше и работен карактер:
Општина Битола го одбележува Денот на заштитникот на градот „Преподобен Свети Нектариј Битолски“, за што активностите започнаа напладне во средата со прием во Кабинетот на градоначалникот на митрополитот Преспанско-пелагониски и администратор Австралиско– новозеландски, г. Петар, кој покрај традиционален, имаше и работен карактер:
„Со програмата почнуваме уште од денешниот ден ги поканувам сите присутни и нашите граѓани, вечерва од 19 часот во просториите на Народниот театар, каде што ќе биде централната манифестација, а утре сите заедно ќе бидеме во храмот Свети Великомаченик Димитриј. На денешната средба заедно со нас се и повеќе стручни луѓе кои што се клучни за изградбата на Храмот на нашиот заштитник кој треба да биде изграден во централното подрачје на градот Битола“, рече градоначалникот на општина Битола, Владимир Талески, изразувајќи големо верување дека со ваквата обединетост и големата поддршка од граѓаните овој проект наскоро ќе се реализира.
Градоначалникот Талески и митрополитот Петар испратија честитки до сите граѓани на општина Битола по повод патронот на градот.
„Се наоѓаме во предвечерието на големиот празник на Битола – празникот посветен на патронот на Битола, преподобниот Отец наш Нектариј Битолски за кој во самиот тропар кратката песна што ја содржи на некој начин историјата на животот и делото на Свети Нектариј, се вели дека Битола го воспита него, овој прекрасен горостас на Црквата наша Света православна, а тој духовно тука основите ги стекнал, во градот Битола, затоа и се вели дека Битола го воспита, надградбата духовна ја усовршил на Света Гора, таму се наоѓа и неговото свето тело, неговите свети мошти. Би сакал да ги замолам битолчани како што пред повеќе од пет векови го воспитале Свети Нектариј и многу други светители, така и ние денес да се потрудиме да ги воспитаме генерациите кои ни се дадени на располагање за чии души ќе треба и ние свештенослужителите, но не помалку и сите други православни христијани да покажеме дека во денешно време сме христијани не само по име туку по живот и дела“, рече во своето обраќање г. Петар, митрополит Преспанско-пелагониски.
Одбележувањето на патронот на градот, Преподобниот Свети Нектариј Битолски продолжи во средата попладне во црквата „Света Богородица“ каде што се одржи вечерната богослужба, а во четврток во соборниот храм „Свети Великомаченик Димитриј“ ќе се одржи божествената литургија. Литијата низ улиците во Битола ќе започне во четврток утре во 10.30 часот/крај/цн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Опасен отпад детектиран во близина на скопското село Орман
При редовна обиколка од страна на Државниот инспекторат за животна средина на територијата на Општина Ѓорче Петров, на 10 октомври лоцирано е одлагање на згура од преработка на акумулаторски батерии на во близина на селото Орман. Станува збор за опасен отпад во количина од околу 500 до 600 тони.
„Според затекнатата состојба на теренот, а според Листата на видови на отпад (Сл.Весник на РМ бр.100/2005) се работи за отпад со шифра 10 04 – Отпад од пирометалургија на олово,10 04 01*- троски од примарно и секундарно производство, која според класификацијата спаѓа во класата на опасен отпад“, информираат од Државниот инспекторат.
Сопствениците на катастарската парцела на која се наоѓа отпадот со решение од Државниот инспекторат се задолжени да извршат неговата дислокација во рок од 30 дена од издавање на решението.
Граѓаните на социјалните мрежи бараат одговорност и одговор од каде доаѓа отпадот и кој е виновникот за неговото одложување токму на оваа локација која е во непосредна близина на реката Лепенец и населените места Волково и Орман.
Македонија
ЦУК: Активни два пожари, вчера регистрирани 26 пожари
Активни се два пожари од вкупно 26 на отворен простор што се регистрирани вчера во државава, информира утрово Центрот за управување со кризи (ЦУК).
-Активни се пожарите во Општина Македонски Брод, село Белица под Солунска Глава, каде што гори ретка борова шума, сува трева и грмушки и во Општина Чашка кај село Крива Круша, каде што гори сува трева и папрат, се наведува во соопштението.
Изгаснатите 24 пожари од вкупно 26 во последното деноноќие биле во:
– Општина Гази Баба, кај клучка кај Арачиново (каде што горела трска);
– Општина Аеродром. покрј ул.„Ѓорѓи Капчев“ (отпадоци);
– Општина Бутел, кај населбара „Кучевишка Бара“ (сува трева);
– Општина Илинден, кај с.Бунарџик (сува трева);
– Општина Новаци, кај с.Бач (сува трева);
– Општина Прилеп, 5 пожари, кај Индустриско училиште (сува трева), с.Селце (сува трева), с.Големо Коњари (сува трева), с.Новоселани (сува трева) и кај Прилепско Езеро (сува трева, грмушки и шума); – Општина Долнени, помеѓу селата Рилево и Сливје (сува трева);
– Општина Кривогаштани, 3 пожари, кај с.Локвени (сува трева), помеѓу Кривогаштани и Врбјни (сува трева) и помеѓу с.Кривогаштани и с.Светомитрани (сува трева);
– Општина Гевгелија, кај с.Ѓавато (сува трева); – Општина Велес, с.Иванковци (сува трева);
– Општина Чашка, с.Стари Град (сува трева и трње);
– Општина Штип, помеѓу конфекција Албатрос и Штипска млекара (сува трева и грмушки);
– Општина Куманово, 2 пожара, с.Карабичани (сува трева) и с.Романовце (стрниште);
– Општина Старо Нагоричане, 2 пожара,: с.Кокино (сува трева и борови гранки); с.Никуљане (стрниште);
– Општина Крива Паланка, с.Луке (букова шума и сува трева) и во – Општина Кратово: с.Татомир (каде што горела сува трева).
Македонија
ЦУК: Во последното деноноќие имало 10 пожари на отворено
Во текот на вчерашниот ден, според извештаите во Секторот за операции и координација во Центарот за управување со кризи (ЦУК), во државата во последното деноноќие имало регистрирано вкупно 10 пожара на отворено, до утрово како активен се уште се води само еден.
– Активен се води се уште пожарот што изби од 13:00 часот помеѓу селата Римница и Бибај, во месноста „Рибничка Планина“ во Општина Маврово – Ростуше, со којшто се зафатени високи пасишта, смреки, папрат, поедини стебла од бука, ела и шума.Заради напристпаноста за возилапожарникарите од ТППЕ Гостивар не интервенирале. Во можност биле само од Националниот парк „Маврово“ да интервенираат со 5 вработени. Пожарот е локализиран, но се уште има чад во внатрешноста. Лицата кои интервенирале се повлекле од терен во после 18:40 часот. Во утринските часови повторно екипите од националниот парк е планирано да извидат и да интервенираат на истиот тешкопристапен терен – информираат од ЦУК.
Изгаснати биле девет пожари на отворено, во:
– Општина Новаци, два пожара, во период од 14:00 до 14:40 часот, со едно ПП возило и три пожарникари интервенирале на запалена ниска вегетација во атарот на селата Лознани и Тополчани и од 15:15 до 18:55 часот, со едно ПП возило и три пожарникари интервенирале на запалена слама во с.Далбеговци;
– Општина Могила, во период од 22:30 до 00:10 часот, со едно ПП возило и два пожарникара интервенирале на запалена ниска вегетација и стрниште во с.Ношпал;
– Општина Прилеп, два пожара, од 14:35 до 15:15 часот, со четири пожарникари и две ПП возила интервенрале на запалена ниска вегетација на патот кон с.Селце и во период од 15:15 до 16:15 часот, со едно ПП возило и три пожарникари интервенирале на запалена ниска вегетација во атарот на с.Ерековци;
– Општина Тетово, два пожара, 16:47 до 17:15 часот, со три пожарникари и едно ПП возило интервенирале на запалена ниска вегетација во нас.Малеадри и од 13:22 до 14:22 часот, со едно ПП возило и два пожарникара интервенирале на запалена ниска вегетација покарај ул. „Илинденска“;
– Општина Велес, во период од 19:30 до 21:20 часот, со едно ПП возило и три пожарникари интервенирале на запалена ниска вегетација и стрниште на површина од два хектара во атарот на с.Мустафино;
– Општина Дојран, пожарникарите од ТППЕ Гевгелија дека во период од 12:20 до 14:00 часот, со едно ПП возило и три пожарниакри заедно со Доброволно ПП друштво „Дојран“ со едно ПП возило и три пожарникари интервенирале на запалена ниска вегетација на површина од половина хектар во с.Фурка и во
– Општина Гази Баба, пожарникарите од БППЗ на Град Скопје во период 19:15 до 21:00 часот, со едно ПП возило и три пожарникари интервенирале на запалени отпадоци на површина од половина хектар во с.Страчинци.