Контакт

Региони

Проширени и санирани повеќе планински патишта на Стогово

Објавено пред

Предадени се во употреба 23 километри планински патишта, што се санирани и проширени  на планината Стогово кај Дебар.

dobivaj vesti na viber

 

 

На свеченоста на која присуствуваше директорот на ЈП „Пасишта“ Лулзим Фејзулаху, претставникот на општина Дебар Или Мирзо и повеќе  сточари од  општина Дебар, беше нагласено дека патот кој стартува кај селото Гари во Мала Река поминува низ десетина летни пасишта и бачила и завршува кај  бачилата Османица.

 

Директорот  Фејзулаху нагласи дека со оваа активност се создаде можност сите сточари од дебарско жупскиот регион да  можат почесто со свој превоз да дојдат до бачилата.

 

Активноста која е реализирана со сопствени средства на Јавното претпријатие и субвенциите  што ги дава Министерството за земјоделие на Македонија гарантираат развој на сточарството и  зголемување на бројот на стадата  во овој регион.

 

Секретарот на општина Дебар Или Мирзо го поздрави проектот на ЈП „Пасишта“ и нагласи дека сега дебарските сточари, но и оние од целиот регион,  ќе можат многу подобро да си ги реализираат своите сточарски активности и покрај стадата да го зголемат и производството на  традиционалното  бело сирење.  

 

Деновиве  во Регионот на Долна Река во општина Маврово и Ростуше кон Жировничка планина исто така беше предаден во употреба планински пат кој беше саниран и проширен во должина од 10 км ./крај/мн

Македонија

Опасен отпад детектиран во близина на скопското село Орман

Објавено пред

При редовна обиколка од страна на Државниот инспекторат за животна средина на територијата на Општина Ѓорче Петров, на 10 октомври лоцирано е одлагање на згура од преработка на акумулаторски батерии на во близина на селото Орман. Станува збор за опасен отпад во количина од околу 500 до 600 тони.

dobivaj vesti na viber

„Според затекнатата состојба на теренот, а според Листата на видови на отпад (Сл.Весник на РМ бр.100/2005) се работи за отпад со шифра 10 04 – Отпад од пирометалургија на олово,10 04 01*- троски од примарно и секундарно производство, која според класификацијата спаѓа во класата на опасен отпад“, информираат од Државниот инспекторат.

Сопствениците на катастарската парцела на која се наоѓа отпадот со решение од Државниот инспекторат се задолжени да извршат неговата дислокација во рок од 30 дена од издавање на решението.

Граѓаните на социјалните мрежи бараат одговорност и одговор од каде доаѓа отпадот и кој е виновникот за неговото одложување токму на оваа локација која е во непосредна близина на реката Лепенец и населените места Волково и Орман.

 

Прикажи повеќе...

Македонија

ЦУК: Активни два пожари, вчера регистрирани 26 пожари

Објавено пред

Активни се два пожари од вкупно 26 на отворен простор што се регистрирани вчера во државава, информира утрово Центрот за управување со кризи (ЦУК).

dobivaj vesti na viber

-Активни се пожарите во Општина Македонски Брод, село Белица под Солунска Глава, каде што гори ретка борова шума, сува трева и грмушки и во Општина Чашка кај село Крива Круша, каде што гори сува трева и папрат, се наведува во соопштението.

Изгаснатите 24 пожари од вкупно 26 во последното деноноќие биле во:

– Општина Гази Баба, кај клучка кај Арачиново (каде што горела трска);

– Општина Аеродром. покрј ул.„Ѓорѓи Капчев“ (отпадоци);

– Општина Бутел, кај населбара „Кучевишка Бара“ (сува трева);

– Општина Илинден, кај с.Бунарџик (сува трева);

– Општина Новаци, кај с.Бач (сува трева);

– Општина Прилеп, 5 пожари, кај Индустриско училиште (сува трева), с.Селце (сува трева), с.Големо Коњари (сува трева), с.Новоселани (сува трева) и кај Прилепско Езеро (сува трева, грмушки и шума); – Општина Долнени, помеѓу селата Рилево и Сливје (сува трева);

– Општина Кривогаштани, 3 пожари, кај с.Локвени (сува трева), помеѓу Кривогаштани и Врбјни (сува трева) и помеѓу с.Кривогаштани и с.Светомитрани (сува трева);

– Општина Гевгелија, кај с.Ѓавато (сува трева); – Општина Велес, с.Иванковци (сува трева);

– Општина Чашка, с.Стари Град (сува трева и трње);

– Општина Штип, помеѓу конфекција Албатрос и Штипска млекара (сува трева и грмушки);

– Општина Куманово, 2 пожара, с.Карабичани (сува трева) и с.Романовце (стрниште);

– Општина Старо Нагоричане, 2 пожара,: с.Кокино (сува трева и борови гранки); с.Никуљане (стрниште);

– Општина Крива Паланка, с.Луке (букова шума и сува трева) и во – Општина Кратово: с.Татомир (каде што горела сува трева).

Прикажи повеќе...

Македонија

ЦУК: Во последното деноноќие имало 10 пожари на отворено

Објавено пред

Во текот на вчерашниот ден, според извештаите во Секторот за операции и координација во Центарот за управување со кризи (ЦУК), во државата во последното деноноќие имало регистрирано вкупно 10 пожара на отворено, до утрово како активен се уште се води само еден.

dobivaj vesti na viber

– Активен се води се уште пожарот што изби од 13:00 часот помеѓу селата Римница и Бибај, во месноста „Рибничка Планина“ во Општина Маврово – Ростуше, со којшто се зафатени високи пасишта, смреки, папрат, поедини стебла од бука, ела и шума.Заради напристпаноста за возилапожарникарите од ТППЕ Гостивар не интервенирале. Во можност биле само од Националниот парк „Маврово“ да интервенираат со 5 вработени. Пожарот е локализиран, но се уште има чад во внатрешноста. Лицата кои интервенирале се повлекле од терен во после 18:40 часот. Во утринските часови повторно екипите од националниот парк е планирано да извидат и да интервенираат на истиот тешкопристапен терен – информираат од ЦУК.

Изгаснати биле девет пожари на отворено, во:

– Општина Новаци, два пожара, во период од 14:00 до 14:40 часот, со едно ПП возило и три пожарникари интервенирале на запалена ниска вегетација во атарот на селата Лознани и Тополчани и од 15:15 до 18:55 часот, со едно ПП возило и три пожарникари интервенирале на запалена слама во с.Далбеговци;

– Општина Могила, во период од 22:30 до 00:10 часот, со едно ПП возило и два пожарникара интервенирале на запалена ниска вегетација и стрниште во с.Ношпал;

– Општина Прилеп, два пожара, од 14:35 до 15:15 часот, со четири пожарникари и две ПП возила интервенрале на запалена ниска вегетација на патот кон с.Селце и во период од 15:15 до 16:15 часот, со едно ПП возило и три пожарникари интервенирале на запалена ниска вегетација во атарот на с.Ерековци;

– Општина Тетово, два пожара, 16:47 до 17:15 часот, со три пожарникари и едно ПП возило интервенирале на запалена ниска вегетација во нас.Малеадри и од 13:22 до 14:22 часот, со едно ПП возило и два пожарникара интервенирале на запалена ниска вегетација покарај ул. „Илинденска“;

– Општина Велес, во период од 19:30 до 21:20 часот, со едно ПП возило и три пожарникари интервенирале на запалена ниска вегетација и стрниште на површина од два хектара во атарот на с.Мустафино;

– Општина Дојран, пожарникарите од ТППЕ Гевгелија дека во период од 12:20 до 14:00 часот, со едно ПП возило и три пожарниакри заедно со Доброволно ПП друштво „Дојран“ со едно ПП возило и три пожарникари интервенирале на запалена ниска вегетација на површина од половина хектар во с.Фурка и во

– Општина Гази Баба, пожарникарите од БППЗ на Град Скопје во период 19:15 до 21:00 часот, со едно ПП возило и три пожарникари интервенирале на запалени отпадоци на површина од половина хектар во с.Страчинци.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија3 часа

Министерството за здравство за приватните специјализанти: Решение ќе има после изборите

„Министерството за здравство секогаш се залага за подобрување на условите за работа на здравствените работници и соработници, кои меѓу нив...

Македонија6 часа

Ќе го оставиме срцето на терен за интересот на Македонија, рече Мицкоски и најави позитивна кампања

Ние водиме позитивна кампања, кампања на проекти, кампања на надеж, кампања која ќе ја врати довербата во институциите по шест...

Македонија6 часа

(Видео) „Нема откажување од иднината“ – СДСМ и коалицијата „За европска иднина“ го означија почетокот на кампањата за парламентарните избори

Со настан во Музејот на современа уметност, Социјалдемократскиот сојуз на Македонија и Kоалицијата за европска иднина, го означија почетокот на...

Македонија7 часа

Наместо покачена 12 отсто, вработените во културата не добија никаква плата, од утре излегуваат на протести

Доколку до крајот на денот не им биде исплатена платата за март на 3.000 вработени во културата, од утре тие...

Македонија7 часа

Сексизам, дискриминација, навреди и говор на омраза од Пендаровски и лица вклучени во неговата кампања: Силјановска-Давкова со нова претставка

Гордана Силјановска-Давкова денеска поднесе нова претставка до Државната изборна комисија, Комисијата за заштита од дискриминација, ОБСЕ – Организација за безбедност...

Македонија7 часа

ДУИ симулира седница на која Бугарите влегоа во Уставот, Села е претседател на Собранието, а Османи на државата

„Европскиот фронт“ предводен од Демократската Унија за интеграција симулираше конститутивна седница на Собранието, со тоа, сликовито прикажувајќи што би се...

Македонија10 часа

Пендаровски: Ја вративме слободата, изградивме еднакво општество, имаме силна поддршка од најмоќните демократски држави

Кандидатот за претседател, Стево Пендаровски вчерашниот ден од изборната кампања го заокружи со граѓански митинг во Гостивар. Пред присутните Пендаровски...

Свет11 часа

ЕУ воведе нови санкции за Иран

Лидерите на Европската унија вчера одлучија да ги зголемат санкциите против Техеран додека светските сили се обидуваат да спречат поширок...

Свет12 часа

Украина предупредува на трета светска војна пред клучната одлука во Америка

Украинскиот премиер изјави за Би-Би-Си дека ќе има трета светска војна доколку Украина ја загуби војната со Русија, апелирајќи до...

Македонија21 час

Мицкоски: Пендаровски не ги критикува ДУИ и Ахмети, што значи дека е нивен привезок и втор кандидат за претседател

Народот знае дека гласот за Стево е глас за ДУИ, Али Ахмети и Артан Груби. Гласот за Стево е глас...

Топ1 ден

Обид за убиство во прилепскиот затвор: со нож избоден осуденик

Полицијата поднесе кривична пријава против С.Р.(28) и Д.К.(39), двајцата од Прилеп, поради убиство во обид. Од МВР информираа дека инцидентот...

Македонија1 ден

Арсовска: Министерката за култура успеа самата себеси да се побие и не одговори на ниедно прашање

Министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска успеа самата да се побие и не одговори на ниту едно прашање коешто беше поставено,...

Топ1 ден

Кривична против Курто Дудуш: за директори на градинка именувал лица што не биле вработени таму

СВР Скопје – Единица за економски и компјутерски криминал поднесе кривична пријава против 49-годишниот К. Д., градоначалник на скопска општина...

Македонија1 ден

„Два месеца нема плата за вработените, а пред избори се примаат работници“ – „Национални шуми“ на протест

Триесет подружници се собраа пред Јавното претпријатие „Национални шуми“ со цел да го изразат незадоволството оти втор месец немаат добиено...

Македонија1 ден

Со Арсовска ќе се видиме на суд да објасни како јас сум знаела, а не сум пријавила пожар во Универзалната сала, најави министерката за култура

За министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска, вчерашните обвинувања од градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, се лаги, скандалозни тврдења и обид...

Македонија1 ден

Грејната сезона продолжува поради временските услови

АД ЕСМ ги информира потрошувачите приклучени на системот за централно греење со кој управуваат компаниите формирани од АД ЕСМ, како...

Македонија1 ден

Училиштата не може да објаснат како е направен изборот на фирмите за чии услуги плаќаат родителите: набавките за униформи за учениците, за фотографирање и за ужина се нетранспарентни

Центарот за граѓански комуникации го објави истражувањето „Отсуство на процедури, транспарентност и отчетност кај набавките што се финансираат со пари...

Регион1 ден

По високите температури, Србија во снег: мештаните шокирани

Силниот дожд во утринските часови на територијата на западна Србија прерасна во лапавица и снег, а на Златибор веќе е...

Свет1 ден

ОН се обидуваат да го спречат гладот ​​во Газа: „Постојано некои нови проблеми“

Обединетите нации(ОН) се уште се борат да се обидат да го спречат гладот ​​во Појасот Газа. Иако има одредено подобрување...

Македонија1 ден

Мицкоски: 13-ти ден од кампањата, а Пендаровски не кажа ни збор за криминалите на ДУИ, за „Соравија“, за грабежот – тоа значи дека го прифаќа

Најголемата трагедија е што овие години полека, но сигурно системот е срушен. Системот кој е создаден да служи на народот,...