Региони
Се доуредува инфраструктурата во индустриската зона Прилеп 1 и се развива регионалната соработка
Градежните работи за доуредување на инфраструктурата во индустриската зона Прилеп 1, се во тек и во моментот се работи на асвалтирање на улицата во Р2 зона во должина од 380 метри.
Оваа инвестиција чини седум милиони и шестотини илјади денари средства обезбедени од гранд од Светска банка кои Општина Прилеп ги доби за успешно реализиран проект за влез на градот Прилеп.
Во склоп на овој инфраструктурен зафат ќе бидат обезбедени и доосветлувањето и изградба на тротоари. Градоначалникот Ристески посочи дека во индустриската зона Прилеп 1 експресно биле продадени сите 21 парцела, а моментално се градат седум објекти.
Истовремено во пенеделникот, во организација на Регионалната комора со седиште во Прилеп, повеќечлена прилепска делегација предводена од страна на потпретседателот на Регионалната комора Сашко Самарџиоски и градоначалникот Марјан Ристески, беше во инфромираа за работна посета на збратимениот град Ваљево од Република Србија.Во делегацијата покрај градоначалникот и потпретседателот на Регионалната комора кој е и генерален директор на „Прилепска Пиварница“, учествуваа и раководните лица на повеќе компании и институции од Прилеп како што се: месната индустрија „Марфил“, прехрамбената индустрија „Витаминка“, трговската фирма на алкохолни и безалкохолни пијалоци „Ники Комерц“, „Стопанска Банка Скопје“, „Водостопанство Прилеп“, „Кривогаштанипромет“ и „Општа болница“ од Прилеп.
Целта на работната посета беше, на покана од Регионалната стопанска комора од Ваљево и општината Ваљево да се продолжи досегашната соработка и по можност истата да се прошири во повеќе области како и посета на регионалниот саем „СПРЕГ 2016“ во Ваљево. За време на дводневниот престој на делегацијата во Регионалната стопанска комора Ваљево имаше средба со раководството на комората, при што беше извршена презентација за колубарскиот регион.
Потоа делегацијата беше примена од страна на градоначалникот на Општина Ваљево, Славко Терзиќ и неговите соработници кои изразија големо задоволство за наивната посета, при што обострано се разменија информации за економската и културната соработка на двете општини со заедничка желба истата да продолжи онатаму.
Во продолжение на престојот беше посетена „Ваљевската пивара“ која е во државна сопственост и една од поуспешните пивари во Србија,при што се разменија доста информации меѓу директорот на Прилепската пивара и раководството на Ваљевската пивара.
Од страна на градоначалникот на Општина Прилеп, Марјан Ристески беше поканета ваљевската пивара да учествива на фестивалот за пиво„Пиво фест 2016“ во Прилеп кој ќе се одржи во терминот од 14-ти до ѝт-ти јули годианва.
Исто така, беше посетен и регионалниот саем „СПРЕГ 2016“ на кој излагаа повеќе од 200 компании од Србија,Босна и Херцеговина и Република Српска. На саемот претежно учество имаа земено компании од прехрамбената, преработувачка индустрија, електроиндустријата и информатичка технологија, при што нашите компании остварија контакти за меѓусебна соработка.
Остварена е посета на фабриката за вода „Вујиќ вода“ како и научно-истражувачкиот центар „Петница“ кој остави најдобар впечаток, бидеќи се работи за научно-истражувачки центар од европско значење каде учествуваат предавачи и учесници од цела Европа меѓу кои и голем број од Македонија. Центарот располага со врвни лаборатории од повеќе научни дисциплини како што се физиката, хемијата, биологијата, астрономијата и др. и библиотека која располага со богат фонд на книги, учебници и разни публикации од светски автори од областа на науката.
За време на работната посета во Ваљево, приелпската делегација остварила средба со раководството на Регионалната комора од Бања Лука кои изразија голема желба во јуни годианва година да ги посетиме при што предложија да се потпише Меморандум за заедничка соработка меѓу коморите како и побратимување на градовите Бања Лука и Прилеп./крај/мф/мт
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Опасен отпад детектиран во близина на скопското село Орман
При редовна обиколка од страна на Државниот инспекторат за животна средина на територијата на Општина Ѓорче Петров, на 10 октомври лоцирано е одлагање на згура од преработка на акумулаторски батерии на во близина на селото Орман. Станува збор за опасен отпад во количина од околу 500 до 600 тони.
„Според затекнатата состојба на теренот, а според Листата на видови на отпад (Сл.Весник на РМ бр.100/2005) се работи за отпад со шифра 10 04 – Отпад од пирометалургија на олово,10 04 01*- троски од примарно и секундарно производство, која според класификацијата спаѓа во класата на опасен отпад“, информираат од Државниот инспекторат.
Сопствениците на катастарската парцела на која се наоѓа отпадот со решение од Државниот инспекторат се задолжени да извршат неговата дислокација во рок од 30 дена од издавање на решението.
Граѓаните на социјалните мрежи бараат одговорност и одговор од каде доаѓа отпадот и кој е виновникот за неговото одложување токму на оваа локација која е во непосредна близина на реката Лепенец и населените места Волково и Орман.
Македонија
ЦУК: Активни два пожари, вчера регистрирани 26 пожари
Активни се два пожари од вкупно 26 на отворен простор што се регистрирани вчера во државава, информира утрово Центрот за управување со кризи (ЦУК).
-Активни се пожарите во Општина Македонски Брод, село Белица под Солунска Глава, каде што гори ретка борова шума, сува трева и грмушки и во Општина Чашка кај село Крива Круша, каде што гори сува трева и папрат, се наведува во соопштението.
Изгаснатите 24 пожари од вкупно 26 во последното деноноќие биле во:
– Општина Гази Баба, кај клучка кај Арачиново (каде што горела трска);
– Општина Аеродром. покрј ул.„Ѓорѓи Капчев“ (отпадоци);
– Општина Бутел, кај населбара „Кучевишка Бара“ (сува трева);
– Општина Илинден, кај с.Бунарџик (сува трева);
– Општина Новаци, кај с.Бач (сува трева);
– Општина Прилеп, 5 пожари, кај Индустриско училиште (сува трева), с.Селце (сува трева), с.Големо Коњари (сува трева), с.Новоселани (сува трева) и кај Прилепско Езеро (сува трева, грмушки и шума); – Општина Долнени, помеѓу селата Рилево и Сливје (сува трева);
– Општина Кривогаштани, 3 пожари, кај с.Локвени (сува трева), помеѓу Кривогаштани и Врбјни (сува трева) и помеѓу с.Кривогаштани и с.Светомитрани (сува трева);
– Општина Гевгелија, кај с.Ѓавато (сува трева); – Општина Велес, с.Иванковци (сува трева);
– Општина Чашка, с.Стари Град (сува трева и трње);
– Општина Штип, помеѓу конфекција Албатрос и Штипска млекара (сува трева и грмушки);
– Општина Куманово, 2 пожара, с.Карабичани (сува трева) и с.Романовце (стрниште);
– Општина Старо Нагоричане, 2 пожара,: с.Кокино (сува трева и борови гранки); с.Никуљане (стрниште);
– Општина Крива Паланка, с.Луке (букова шума и сува трева) и во – Општина Кратово: с.Татомир (каде што горела сува трева).
Македонија
ЦУК: Во последното деноноќие имало 10 пожари на отворено
Во текот на вчерашниот ден, според извештаите во Секторот за операции и координација во Центарот за управување со кризи (ЦУК), во државата во последното деноноќие имало регистрирано вкупно 10 пожара на отворено, до утрово како активен се уште се води само еден.
– Активен се води се уште пожарот што изби од 13:00 часот помеѓу селата Римница и Бибај, во месноста „Рибничка Планина“ во Општина Маврово – Ростуше, со којшто се зафатени високи пасишта, смреки, папрат, поедини стебла од бука, ела и шума.Заради напристпаноста за возилапожарникарите од ТППЕ Гостивар не интервенирале. Во можност биле само од Националниот парк „Маврово“ да интервенираат со 5 вработени. Пожарот е локализиран, но се уште има чад во внатрешноста. Лицата кои интервенирале се повлекле од терен во после 18:40 часот. Во утринските часови повторно екипите од националниот парк е планирано да извидат и да интервенираат на истиот тешкопристапен терен – информираат од ЦУК.
Изгаснати биле девет пожари на отворено, во:
– Општина Новаци, два пожара, во период од 14:00 до 14:40 часот, со едно ПП возило и три пожарникари интервенирале на запалена ниска вегетација во атарот на селата Лознани и Тополчани и од 15:15 до 18:55 часот, со едно ПП возило и три пожарникари интервенирале на запалена слама во с.Далбеговци;
– Општина Могила, во период од 22:30 до 00:10 часот, со едно ПП возило и два пожарникара интервенирале на запалена ниска вегетација и стрниште во с.Ношпал;
– Општина Прилеп, два пожара, од 14:35 до 15:15 часот, со четири пожарникари и две ПП возила интервенрале на запалена ниска вегетација на патот кон с.Селце и во период од 15:15 до 16:15 часот, со едно ПП возило и три пожарникари интервенирале на запалена ниска вегетација во атарот на с.Ерековци;
– Општина Тетово, два пожара, 16:47 до 17:15 часот, со три пожарникари и едно ПП возило интервенирале на запалена ниска вегетација во нас.Малеадри и од 13:22 до 14:22 часот, со едно ПП возило и два пожарникара интервенирале на запалена ниска вегетација покарај ул. „Илинденска“;
– Општина Велес, во период од 19:30 до 21:20 часот, со едно ПП возило и три пожарникари интервенирале на запалена ниска вегетација и стрниште на површина од два хектара во атарот на с.Мустафино;
– Општина Дојран, пожарникарите од ТППЕ Гевгелија дека во период од 12:20 до 14:00 часот, со едно ПП возило и три пожарниакри заедно со Доброволно ПП друштво „Дојран“ со едно ПП возило и три пожарникари интервенирале на запалена ниска вегетација на површина од половина хектар во с.Фурка и во
– Општина Гази Баба, пожарникарите од БППЗ на Град Скопје во период 19:15 до 21:00 часот, со едно ПП возило и три пожарникари интервенирале на запалени отпадоци на површина од половина хектар во с.Страчинци.