Региони
Следи топла и влажна пролет и потопло лето
Топла и влажна пролет и малку потопло лето од просекот очекуваат метеоролозите од Управата за хидрометеоролошки работи, за претстојната сезона 2016 година.
На почетокот на април се очекува повеќе сонце и потопло време со помалку облаци и ветер, а трендот на постепено зголемување на температурите на воздухот ќе продолжи и во текот на целиот месец, но и понатаму ќе има периоди со променливи временски услови, вообичаени за април, велат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).Во периодот од 4 до 10 април, времето веројатно ќе биде потопло од просечното за овој период. Снежната покривка во западните планински области во Македонија и температурните контрасти не ја исклучуваат можноста за повремени локални влијанија на времето со појава на облаци, ветер и врнежи.Затоплувањето во почетокот на април во комбинација со топењето на снегот и евентуалните врнежи можат да предизвикаат и локални излевања на реките во западна Македонија, велат од УХМР.Анализите на експертите по метеорологија покажуваат дека од крајот на април кон мај ќе продолжи трендот на пораст на дневните температури, т.е. сонце во комбинација со можна попладневна атмосферска нестабилност и влажни процеси во атмосферата, посебно во текот на мај.Во првата половина на летото се предвидува поголемо влијание на суптропскиот појас на висок притисок и циклуси со поинтензивна топлина во јужна Италија и во јужниот дел на Балканот.Деталната анализата на податоците од климатките модели, упатува на сосема мали разлики во однос на отстапувањата на температурите и врнежите за претстојната сезона пролетлето во однос на просечните, објаснуваат од УХМР.Според сезонските прогнози на Европскиот центар, отстапувањата на просечните температури во приземниот слој на атмосферата и на планините, во претстојната сезона пролетлето би биле повисоки за околу 0.51.0 °C. Во првиот тримесечен период априлмајјуни нема отстапување во однос на врнежите, додека во јулиавгустсептември се очекува околу 50 милиметри помала, вкупна сума на врнежи во однос на просечните за вој период.Според експертите од УХМР, во мај ситуацијата е малку поинаква, каде се предвидува сосема мало негативно отстапување на температурите. Во наредните месеци од јуни до септември истите би се движеле во рамките на климатскиот просек. Во однос на врнежите, не се предвидуваат отстапувања, додека во текот на мај можен е благ пораст на аномалијата на врнежите од климатскиот просек, информираат од УХМР.Јуни се очекува да биде посув, со дефицит на врнежи и отстапувања во границите од 0.2 0.6 милиметри. Сличен тренд како во јуни се предвидува и во јули додека додека август и септември би биле во границите на просечниот, велат експертите по метеорологија.Во однос на режимот на температурите се очекува позитивно отстапување во интервалот од 12 °C во април и мај, додека овој центар предвидува и повисоки температури во однос на климатскиот просек за 23 °C во текот на летото јуни и јули. Август ќе биде топол, но со поблаго позитивно отстапување на температурите, додека септември во рамките на просекот. Во поглед на аномалијата на врнежите изразена во проценти овде има поголема варијабилност, така што во пролетните месеци посебно во источните области на земјата постојат изгледи за позитивна аномалија на врнежите изразена во проценти од 0 25 %. Слична ситуација се очекува и во месеците јуни и јули, но веќе во наредните месеци август и септември се предвидува негативно процентуално отстапување на месечната сума на врнежи во однос на климатскиот просек, информираат од УХМР./крајмф/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Опасен отпад детектиран во близина на скопското село Орман
При редовна обиколка од страна на Државниот инспекторат за животна средина на територијата на Општина Ѓорче Петров, на 10 октомври лоцирано е одлагање на згура од преработка на акумулаторски батерии на во близина на селото Орман. Станува збор за опасен отпад во количина од околу 500 до 600 тони.
„Според затекнатата состојба на теренот, а според Листата на видови на отпад (Сл.Весник на РМ бр.100/2005) се работи за отпад со шифра 10 04 – Отпад од пирометалургија на олово,10 04 01*- троски од примарно и секундарно производство, која според класификацијата спаѓа во класата на опасен отпад“, информираат од Државниот инспекторат.
Сопствениците на катастарската парцела на која се наоѓа отпадот со решение од Државниот инспекторат се задолжени да извршат неговата дислокација во рок од 30 дена од издавање на решението.
Граѓаните на социјалните мрежи бараат одговорност и одговор од каде доаѓа отпадот и кој е виновникот за неговото одложување токму на оваа локација која е во непосредна близина на реката Лепенец и населените места Волково и Орман.
Македонија
ЦУК: Активни два пожари, вчера регистрирани 26 пожари
Активни се два пожари од вкупно 26 на отворен простор што се регистрирани вчера во државава, информира утрово Центрот за управување со кризи (ЦУК).
-Активни се пожарите во Општина Македонски Брод, село Белица под Солунска Глава, каде што гори ретка борова шума, сува трева и грмушки и во Општина Чашка кај село Крива Круша, каде што гори сува трева и папрат, се наведува во соопштението.
Изгаснатите 24 пожари од вкупно 26 во последното деноноќие биле во:
– Општина Гази Баба, кај клучка кај Арачиново (каде што горела трска);
– Општина Аеродром. покрј ул.„Ѓорѓи Капчев“ (отпадоци);
– Општина Бутел, кај населбара „Кучевишка Бара“ (сува трева);
– Општина Илинден, кај с.Бунарџик (сува трева);
– Општина Новаци, кај с.Бач (сува трева);
– Општина Прилеп, 5 пожари, кај Индустриско училиште (сува трева), с.Селце (сува трева), с.Големо Коњари (сува трева), с.Новоселани (сува трева) и кај Прилепско Езеро (сува трева, грмушки и шума); – Општина Долнени, помеѓу селата Рилево и Сливје (сува трева);
– Општина Кривогаштани, 3 пожари, кај с.Локвени (сува трева), помеѓу Кривогаштани и Врбјни (сува трева) и помеѓу с.Кривогаштани и с.Светомитрани (сува трева);
– Општина Гевгелија, кај с.Ѓавато (сува трева); – Општина Велес, с.Иванковци (сува трева);
– Општина Чашка, с.Стари Град (сува трева и трње);
– Општина Штип, помеѓу конфекција Албатрос и Штипска млекара (сува трева и грмушки);
– Општина Куманово, 2 пожара, с.Карабичани (сува трева) и с.Романовце (стрниште);
– Општина Старо Нагоричане, 2 пожара,: с.Кокино (сува трева и борови гранки); с.Никуљане (стрниште);
– Општина Крива Паланка, с.Луке (букова шума и сува трева) и во – Општина Кратово: с.Татомир (каде што горела сува трева).
Македонија
ЦУК: Во последното деноноќие имало 10 пожари на отворено
Во текот на вчерашниот ден, според извештаите во Секторот за операции и координација во Центарот за управување со кризи (ЦУК), во државата во последното деноноќие имало регистрирано вкупно 10 пожара на отворено, до утрово како активен се уште се води само еден.
– Активен се води се уште пожарот што изби од 13:00 часот помеѓу селата Римница и Бибај, во месноста „Рибничка Планина“ во Општина Маврово – Ростуше, со којшто се зафатени високи пасишта, смреки, папрат, поедини стебла од бука, ела и шума.Заради напристпаноста за возилапожарникарите од ТППЕ Гостивар не интервенирале. Во можност биле само од Националниот парк „Маврово“ да интервенираат со 5 вработени. Пожарот е локализиран, но се уште има чад во внатрешноста. Лицата кои интервенирале се повлекле од терен во после 18:40 часот. Во утринските часови повторно екипите од националниот парк е планирано да извидат и да интервенираат на истиот тешкопристапен терен – информираат од ЦУК.
Изгаснати биле девет пожари на отворено, во:
– Општина Новаци, два пожара, во период од 14:00 до 14:40 часот, со едно ПП возило и три пожарникари интервенирале на запалена ниска вегетација во атарот на селата Лознани и Тополчани и од 15:15 до 18:55 часот, со едно ПП возило и три пожарникари интервенирале на запалена слама во с.Далбеговци;
– Општина Могила, во период од 22:30 до 00:10 часот, со едно ПП возило и два пожарникара интервенирале на запалена ниска вегетација и стрниште во с.Ношпал;
– Општина Прилеп, два пожара, од 14:35 до 15:15 часот, со четири пожарникари и две ПП возила интервенрале на запалена ниска вегетација на патот кон с.Селце и во период од 15:15 до 16:15 часот, со едно ПП возило и три пожарникари интервенирале на запалена ниска вегетација во атарот на с.Ерековци;
– Општина Тетово, два пожара, 16:47 до 17:15 часот, со три пожарникари и едно ПП возило интервенирале на запалена ниска вегетација во нас.Малеадри и од 13:22 до 14:22 часот, со едно ПП возило и два пожарникара интервенирале на запалена ниска вегетација покарај ул. „Илинденска“;
– Општина Велес, во период од 19:30 до 21:20 часот, со едно ПП возило и три пожарникари интервенирале на запалена ниска вегетација и стрниште на површина од два хектара во атарот на с.Мустафино;
– Општина Дојран, пожарникарите од ТППЕ Гевгелија дека во период од 12:20 до 14:00 часот, со едно ПП возило и три пожарниакри заедно со Доброволно ПП друштво „Дојран“ со едно ПП возило и три пожарникари интервенирале на запалена ниска вегетација на површина од половина хектар во с.Фурка и во
– Општина Гази Баба, пожарникарите од БППЗ на Град Скопје во период 19:15 до 21:00 часот, со едно ПП возило и три пожарникари интервенирале на запалени отпадоци на површина од половина хектар во с.Страчинци.