Региони
Велес доби нов кружен тек и нова паркова површина
Празничната програма по повод 9-ти Ноември – Денот на Општина Велес започна во петокот на самиот влез во Велес, од најстариот пат познат меѓу велешани како Штипско џаде. На оваа регионална сообраќајница којашто е директна и најфрекфентна врска со северна и со источна Македонија, во употреба беше пуштен новиот кружен тек за регулирање на сообраќајот со значително проширување на просторот и зголемување на безбедноста.
На настанот на кој присуствуваа пратениците во Собранието на Република Македонија, Илија Димовски и Ѓорѓи Коџабашиев, заменик-министер за здравство Јовица Андовски, претседателот на Советот на Велес, Александар Колев и општински советницит, раководители на инстутиции од градот и останати граѓани, говореше и во во употреба го пушти новиот кружен тек градоначалникот на Велес. Славчо Чадиев.
Во своето обраќање градоначалникот Чадиев истакна дека чувствува големо задоволство што токму денес се реализира еден од неговиоте приоритети и ветувања за современо регулирање на влезот во Велес од север и исток на Македонија.
„Со големо задоволство и гордост стојам на ова место каде пред само четири месеци отпочнаа работите на трокрака раскрсница регулирана само со вертикална сигнализација. Оваа патна инфраструктура одамна ги беше надминала стандардите за кои е градена пред повеќе од половина век. Како што гледате сега имаме кружна раскрсница што ги прифаќа возилата од сите три насоки, урбано уреден простор и променета слика на овој најрекфентен влез во градот што го користат и теретни и лесни возила, но и автобускиот превоз на патници”, истакна градоначалникот Чадиев.
Овој инфраструктурен проект чини околу седум милиони денари, средства обезбедени од буџетот на Општина Велес. Многу е значајно што оваа кружна раскрсница е всушност продолжение или почеток на патниот правец Велес – Штип до Кадрифаково, познат како експресен пат со ознака А3. Оваа инвестиција на Владата на Република Македонија и инвестицијата на Општина Велес на кружниот тек заедно ги исполнуваат условите на модерна и безбедна сообраќајница.
Во пресрет на Денот на Општината во Велес денес беше промовиран и уште еден нов проект наменет за граѓаните – парк кој функционално и естетски ќе ги задоволи потребите на велешани.
Новиот парк се наоѓа во дворното место на некогашниот офицерски дом, на левата страна од централната сообраќајна артерија, најфрервентната улица „Благој Ѓорев“. Овој дел на градот кој дефинитивно по изградбата на црквата Св. Кирил и Методиј и театарот е центарот на Велес е центарот на сите случувања, но и место што и географски се наоѓа во средината на градот.
„„Советот на Општина Велес во април годинава ја заврши постапката за уредување на јавната површина која заедно со објектот поранешен Офицерски дом од Владата на Република Македонија ни беше дадена во сопственост. Оваа паркова површина зафаќа 2.354 квадратни метри. Пред нас денес е уреден простор за одмор на граѓаните што заедно со театарската зграда, Младинскиот парк и Соборниот храм Св. Кирил и Методиј е една целина што го формира центрајното подрачје на Велес – центарот на сите културни збиднувања. Со изградбата на новата улица овој простор станува достапен од страната на Градскиот парк”, додаде велешкиот градоначалник Чадиев.
Покрај современата урбана опрема, фонтаната за вода за пиење, хортикултурното уредување и овозможената лесна комуникација со околните објекти, овој парк ќе биде место за презентирање на општината. Оградниот ѕид се планира да биде простор каде на посебни паноа ќе се прикаже архитектонското богатство на Велес, а по проект на Локалната библиотека и Народниот музеј ќе се постави голем екран на кој ќе се инсталира видео презентација на општина./крај/мф/мм
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Опасен отпад детектиран во близина на скопското село Орман
При редовна обиколка од страна на Државниот инспекторат за животна средина на територијата на Општина Ѓорче Петров, на 10 октомври лоцирано е одлагање на згура од преработка на акумулаторски батерии на во близина на селото Орман. Станува збор за опасен отпад во количина од околу 500 до 600 тони.
„Според затекнатата состојба на теренот, а според Листата на видови на отпад (Сл.Весник на РМ бр.100/2005) се работи за отпад со шифра 10 04 – Отпад од пирометалургија на олово,10 04 01*- троски од примарно и секундарно производство, која според класификацијата спаѓа во класата на опасен отпад“, информираат од Државниот инспекторат.
Сопствениците на катастарската парцела на која се наоѓа отпадот со решение од Државниот инспекторат се задолжени да извршат неговата дислокација во рок од 30 дена од издавање на решението.
Граѓаните на социјалните мрежи бараат одговорност и одговор од каде доаѓа отпадот и кој е виновникот за неговото одложување токму на оваа локација која е во непосредна близина на реката Лепенец и населените места Волково и Орман.
Македонија
ЦУК: Активни два пожари, вчера регистрирани 26 пожари
Активни се два пожари од вкупно 26 на отворен простор што се регистрирани вчера во државава, информира утрово Центрот за управување со кризи (ЦУК).
-Активни се пожарите во Општина Македонски Брод, село Белица под Солунска Глава, каде што гори ретка борова шума, сува трева и грмушки и во Општина Чашка кај село Крива Круша, каде што гори сува трева и папрат, се наведува во соопштението.
Изгаснатите 24 пожари од вкупно 26 во последното деноноќие биле во:
– Општина Гази Баба, кај клучка кај Арачиново (каде што горела трска);
– Општина Аеродром. покрј ул.„Ѓорѓи Капчев“ (отпадоци);
– Општина Бутел, кај населбара „Кучевишка Бара“ (сува трева);
– Општина Илинден, кај с.Бунарџик (сува трева);
– Општина Новаци, кај с.Бач (сува трева);
– Општина Прилеп, 5 пожари, кај Индустриско училиште (сува трева), с.Селце (сува трева), с.Големо Коњари (сува трева), с.Новоселани (сува трева) и кај Прилепско Езеро (сува трева, грмушки и шума); – Општина Долнени, помеѓу селата Рилево и Сливје (сува трева);
– Општина Кривогаштани, 3 пожари, кај с.Локвени (сува трева), помеѓу Кривогаштани и Врбјни (сува трева) и помеѓу с.Кривогаштани и с.Светомитрани (сува трева);
– Општина Гевгелија, кај с.Ѓавато (сува трева); – Општина Велес, с.Иванковци (сува трева);
– Општина Чашка, с.Стари Град (сува трева и трње);
– Општина Штип, помеѓу конфекција Албатрос и Штипска млекара (сува трева и грмушки);
– Општина Куманово, 2 пожара, с.Карабичани (сува трева) и с.Романовце (стрниште);
– Општина Старо Нагоричане, 2 пожара,: с.Кокино (сува трева и борови гранки); с.Никуљане (стрниште);
– Општина Крива Паланка, с.Луке (букова шума и сува трева) и во – Општина Кратово: с.Татомир (каде што горела сува трева).
Македонија
ЦУК: Во последното деноноќие имало 10 пожари на отворено
Во текот на вчерашниот ден, според извештаите во Секторот за операции и координација во Центарот за управување со кризи (ЦУК), во државата во последното деноноќие имало регистрирано вкупно 10 пожара на отворено, до утрово како активен се уште се води само еден.
– Активен се води се уште пожарот што изби од 13:00 часот помеѓу селата Римница и Бибај, во месноста „Рибничка Планина“ во Општина Маврово – Ростуше, со којшто се зафатени високи пасишта, смреки, папрат, поедини стебла од бука, ела и шума.Заради напристпаноста за возилапожарникарите од ТППЕ Гостивар не интервенирале. Во можност биле само од Националниот парк „Маврово“ да интервенираат со 5 вработени. Пожарот е локализиран, но се уште има чад во внатрешноста. Лицата кои интервенирале се повлекле од терен во после 18:40 часот. Во утринските часови повторно екипите од националниот парк е планирано да извидат и да интервенираат на истиот тешкопристапен терен – информираат од ЦУК.
Изгаснати биле девет пожари на отворено, во:
– Општина Новаци, два пожара, во период од 14:00 до 14:40 часот, со едно ПП возило и три пожарникари интервенирале на запалена ниска вегетација во атарот на селата Лознани и Тополчани и од 15:15 до 18:55 часот, со едно ПП возило и три пожарникари интервенирале на запалена слама во с.Далбеговци;
– Општина Могила, во период од 22:30 до 00:10 часот, со едно ПП возило и два пожарникара интервенирале на запалена ниска вегетација и стрниште во с.Ношпал;
– Општина Прилеп, два пожара, од 14:35 до 15:15 часот, со четири пожарникари и две ПП возила интервенрале на запалена ниска вегетација на патот кон с.Селце и во период од 15:15 до 16:15 часот, со едно ПП возило и три пожарникари интервенирале на запалена ниска вегетација во атарот на с.Ерековци;
– Општина Тетово, два пожара, 16:47 до 17:15 часот, со три пожарникари и едно ПП возило интервенирале на запалена ниска вегетација во нас.Малеадри и од 13:22 до 14:22 часот, со едно ПП возило и два пожарникара интервенирале на запалена ниска вегетација покарај ул. „Илинденска“;
– Општина Велес, во период од 19:30 до 21:20 часот, со едно ПП возило и три пожарникари интервенирале на запалена ниска вегетација и стрниште на површина од два хектара во атарот на с.Мустафино;
– Општина Дојран, пожарникарите од ТППЕ Гевгелија дека во период од 12:20 до 14:00 часот, со едно ПП возило и три пожарниакри заедно со Доброволно ПП друштво „Дојран“ со едно ПП возило и три пожарникари интервенирале на запалена ниска вегетација на површина од половина хектар во с.Фурка и во
– Општина Гази Баба, пожарникарите од БППЗ на Град Скопје во период 19:15 до 21:00 часот, со едно ПП возило и три пожарникари интервенирале на запалени отпадоци на површина од половина хектар во с.Страчинци.