Региони
Водата во Штип не е за пиење
Општина Штип во саботата ги извести граѓаните дека водата за пиење во овој момент не е за употреба и истата треба да се користи само како техничка вода.
Општина Штип во саботата ги извести граѓаните дека водата за пиење во овој момент не е за употреба и истата треба да се користи само како техничка вода.
Причина за тоа се обилните врнежи кои предизвикаа заматување на водата во бунарите и како мерка на безбедност уште еднаш апелираме истата да се користи само како техничка вода.
Општина Штип ја следи состојбата со водостојот на реките во штипскиот и лакавичкиот регион, по излевањето на Лакавичка и Балталиска река, како и со поединото излевање на Брегалница, а посебно со истекувањето на вода од браната Мантово.
Поројните дождови и излевањето на реките предизвикаа големи штети пред се во Лакавичкиот регион, а во прекин е комуникацијата се неколку села. Во прекин е патнот сообраќај до селата Љуботен, Балталија, Пухче, Степанци и Суво Грло а екипи и механизација од приватни изведувачи веќе ги расчистува штетите и работат на воспоставување на патниот сообраќај. Без струја се селата Лакавица и Лесковица и во контакт со ЕВН веќе се преземаат мерки жителите од овие места да добијат електрична енергија . Без вода е селото Лакавица и ЈП „Исар“ веќе испраќа цистерни со вода за времено снабдување на жителите, се до повторно воспоставување на водоснабдувањето.
Исто и во Штип ќе има кружење на неколку цистерни за вода за снабдување на оние кои проблеми во водоснабдувањето. Информации за ова ќе има на веб страницата на ЈП „Исар“.
По повлекувањето на водата од коритото на Отиња, утврдена е минимална штета на речното корито. Камениот ѕид кој беше граден покажа издржливост, а оштетување има само во третиот дел, веднаш до мостот кај црквата Свети Никола. Приватна механизација веќе работи на носење на нов тампон и земја, и враќање на овој дел од патеката и коритото во претходна состојба. Синоќа беше евидентирано и затнување на главниот колектор кај црквата „Свети Никола“ и со итна интервенција на ЈП „Исар“ за само 1,5 час поблемот беше решен.
Екипи на Општина Штип се веќе на терен и упатуваме повик до сите засегнати кои имаат да пријават штети да дојдат или во општината или да останат на своите места, каде ќе бидат посетени од наши екипи за проценка на штети кои ќе извршат архивирање на се што е уништено и оштетено.
Со несебичен ангажман на вработените во „Кочанско поле“, луѓето од браната „Калиманци“, ТППЕ, „ЈП „Исар“, ЈП „Стипион“, МВР и АРМ спречено е излевање на реката Брегалница кај штипско Ново Село и со тоа предизвикување на поплави во домовите на семејствата покрај патот, како што беше случај во февруари 2013. Со поставување на вреќи песок, заштитени се домовите а во контакти со надлежните служби контролирано е нивото на река Брегалница за да се спречи излевање и предизвикување на штети на имотите на жителите од Ново Село.
Општина Штип искажува голема благодарност до овие субјекти, а пред се до МВР и припадниците на АРМ за несебичниот ангажман до раните утрински часови.
Општина Штип е во постојана комуникација со претставници на држвните институции , вклучително и врвот на македонската Влада за поддршка во денешното стабилизирање на состојбите предизвикано од поплавите, се наведува во соопштението. /крај/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Опасен отпад детектиран во близина на скопското село Орман
При редовна обиколка од страна на Државниот инспекторат за животна средина на територијата на Општина Ѓорче Петров, на 10 октомври лоцирано е одлагање на згура од преработка на акумулаторски батерии на во близина на селото Орман. Станува збор за опасен отпад во количина од околу 500 до 600 тони.
„Според затекнатата состојба на теренот, а според Листата на видови на отпад (Сл.Весник на РМ бр.100/2005) се работи за отпад со шифра 10 04 – Отпад од пирометалургија на олово,10 04 01*- троски од примарно и секундарно производство, која според класификацијата спаѓа во класата на опасен отпад“, информираат од Државниот инспекторат.
Сопствениците на катастарската парцела на која се наоѓа отпадот со решение од Државниот инспекторат се задолжени да извршат неговата дислокација во рок од 30 дена од издавање на решението.
Граѓаните на социјалните мрежи бараат одговорност и одговор од каде доаѓа отпадот и кој е виновникот за неговото одложување токму на оваа локација која е во непосредна близина на реката Лепенец и населените места Волково и Орман.
Македонија
ЦУК: Активни два пожари, вчера регистрирани 26 пожари
Активни се два пожари од вкупно 26 на отворен простор што се регистрирани вчера во државава, информира утрово Центрот за управување со кризи (ЦУК).
-Активни се пожарите во Општина Македонски Брод, село Белица под Солунска Глава, каде што гори ретка борова шума, сува трева и грмушки и во Општина Чашка кај село Крива Круша, каде што гори сува трева и папрат, се наведува во соопштението.
Изгаснатите 24 пожари од вкупно 26 во последното деноноќие биле во:
– Општина Гази Баба, кај клучка кај Арачиново (каде што горела трска);
– Општина Аеродром. покрј ул.„Ѓорѓи Капчев“ (отпадоци);
– Општина Бутел, кај населбара „Кучевишка Бара“ (сува трева);
– Општина Илинден, кај с.Бунарџик (сува трева);
– Општина Новаци, кај с.Бач (сува трева);
– Општина Прилеп, 5 пожари, кај Индустриско училиште (сува трева), с.Селце (сува трева), с.Големо Коњари (сува трева), с.Новоселани (сува трева) и кај Прилепско Езеро (сува трева, грмушки и шума); – Општина Долнени, помеѓу селата Рилево и Сливје (сува трева);
– Општина Кривогаштани, 3 пожари, кај с.Локвени (сува трева), помеѓу Кривогаштани и Врбјни (сува трева) и помеѓу с.Кривогаштани и с.Светомитрани (сува трева);
– Општина Гевгелија, кај с.Ѓавато (сува трева); – Општина Велес, с.Иванковци (сува трева);
– Општина Чашка, с.Стари Град (сува трева и трње);
– Општина Штип, помеѓу конфекција Албатрос и Штипска млекара (сува трева и грмушки);
– Општина Куманово, 2 пожара, с.Карабичани (сува трева) и с.Романовце (стрниште);
– Општина Старо Нагоричане, 2 пожара,: с.Кокино (сува трева и борови гранки); с.Никуљане (стрниште);
– Општина Крива Паланка, с.Луке (букова шума и сува трева) и во – Општина Кратово: с.Татомир (каде што горела сува трева).
Македонија
ЦУК: Во последното деноноќие имало 10 пожари на отворено
Во текот на вчерашниот ден, според извештаите во Секторот за операции и координација во Центарот за управување со кризи (ЦУК), во државата во последното деноноќие имало регистрирано вкупно 10 пожара на отворено, до утрово како активен се уште се води само еден.
– Активен се води се уште пожарот што изби од 13:00 часот помеѓу селата Римница и Бибај, во месноста „Рибничка Планина“ во Општина Маврово – Ростуше, со којшто се зафатени високи пасишта, смреки, папрат, поедини стебла од бука, ела и шума.Заради напристпаноста за возилапожарникарите од ТППЕ Гостивар не интервенирале. Во можност биле само од Националниот парк „Маврово“ да интервенираат со 5 вработени. Пожарот е локализиран, но се уште има чад во внатрешноста. Лицата кои интервенирале се повлекле од терен во после 18:40 часот. Во утринските часови повторно екипите од националниот парк е планирано да извидат и да интервенираат на истиот тешкопристапен терен – информираат од ЦУК.
Изгаснати биле девет пожари на отворено, во:
– Општина Новаци, два пожара, во период од 14:00 до 14:40 часот, со едно ПП возило и три пожарникари интервенирале на запалена ниска вегетација во атарот на селата Лознани и Тополчани и од 15:15 до 18:55 часот, со едно ПП возило и три пожарникари интервенирале на запалена слама во с.Далбеговци;
– Општина Могила, во период од 22:30 до 00:10 часот, со едно ПП возило и два пожарникара интервенирале на запалена ниска вегетација и стрниште во с.Ношпал;
– Општина Прилеп, два пожара, од 14:35 до 15:15 часот, со четири пожарникари и две ПП возила интервенрале на запалена ниска вегетација на патот кон с.Селце и во период од 15:15 до 16:15 часот, со едно ПП возило и три пожарникари интервенирале на запалена ниска вегетација во атарот на с.Ерековци;
– Општина Тетово, два пожара, 16:47 до 17:15 часот, со три пожарникари и едно ПП возило интервенирале на запалена ниска вегетација во нас.Малеадри и од 13:22 до 14:22 часот, со едно ПП возило и два пожарникара интервенирале на запалена ниска вегетација покарај ул. „Илинденска“;
– Општина Велес, во период од 19:30 до 21:20 часот, со едно ПП возило и три пожарникари интервенирале на запалена ниска вегетација и стрниште на површина од два хектара во атарот на с.Мустафино;
– Општина Дојран, пожарникарите од ТППЕ Гевгелија дека во период од 12:20 до 14:00 часот, со едно ПП возило и три пожарниакри заедно со Доброволно ПП друштво „Дојран“ со едно ПП возило и три пожарникари интервенирале на запалена ниска вегетација на површина од половина хектар во с.Фурка и во
– Општина Гази Баба, пожарникарите од БППЗ на Град Скопје во период 19:15 до 21:00 часот, со едно ПП возило и три пожарникари интервенирале на запалени отпадоци на површина од половина хектар во с.Страчинци.