Контакт

Региони

Започнува големиот Етно фестивал во Берово

Објавено пред

Во Берово забрзано се работи на последните подготовки околу шестото издание на еден од препознатливите елементи на општината, Етно плоштад Фестивалот.

Фестивалот ќе започне во четврток (27-ми август) со свеченото отварање во 12 часот на сцената поставена на плоштадот во Берово каде сите посетители ќе имаат можност да проследат една исклучително богата програма со настап на голем број на препознатливи музички имиња со кои ќе бидат задоволени различните музички вкусови, а сепак ќе се запази и препознатливиот идентитет на Етно фестивалот.

Главен настан на фестивалот е балканската ѕвезда Здравко Чолиќ кој, а тука се и настапите на Есма Реџепова, DZIJAN EMIN & THE SSO, Линзи Полак од Австралија, Африкан Битс од Франција, Слаткаристика, Тамара Тодевска, Ламбе Алабаковски, Eye Cue, Уска Кан, Монистра.

За време на фестивалот, Етно плоштадот во Берово ќе понуди здрава храна, ракотворби, еколошки производи, традиционални занаети и сувенири.

Организаторите уверуваат дека Етно плоштад фестивалот и Берово е следната културна дестинација во Македонија во наредните 3 дена од 27-ми ми до 29-ти август./крај/мф/бб

Извор: Макфакс

Македонија

Почна вакцинацијата, кастрацијата и чипирањето на бездомните кучиња во Гостивар

Објавено пред

Денеска почна вакцинацијата, кастрацијата и чипирањето на бездомните кучиња фатени на подрачјето на општина Гостивар, со што Гостивар стана прва општина во Западна Македонија која презема вакви чекори за решавање на овој круцијален проблем, проект што ќе се заокружи со отворање шелтер-центар кај поранешната касарна на периферијата на градот Гостивар.

„Денес му направивме третман на првото куче кое е фатено денес на подрачјето на општина Гостивар од страна на екипата на ЈП ‘Комуналец’, при што се вакцинираше, кастрираше и му беше поставен микро-чип за идентификација. Во иднина ќе се потрудиме сите бездомни кучиња од подрачјето на општина Гостивар да ги донесеме тука за интервенција, а наскоро, веднаш по добивање дозвола за работа од страна на надлежното министерство, ќе го ставиме во функција и шелтер-центарот што се наоѓа кај поранешната касарна во Гостивар, којшто е целосно подготвен за работа“, изјави градоначалникот на општина Гостивар, Арбен Таравари.

Претседателот на Ветеринарната комора на Македонија, Томислав Николовски, нагласи, исто така, дека општина Гостивар е прва општина во Западна Македонија која зема за обврска системски да го реши проблемот со бездомните кучиња.

Прикажи повеќе...

Македонија

Заев го откажа учеството на Форумот во Белград поради уставните измени

Објавено пред

Премиерот Зоран Заев, иако беше најавен како говорник на последниот панел од Белградскиот безбедносен форум, заедно со српската премиерка, Ана Брнабиќ, сепак, нема да присуствува. Организаторите на настанот за „Макфакс“ потврдија дека премиерот во последен момент го откажал учевството на сесијата в петок.

Од Владата за „Макфакс“ велат дека причината за откажаното учество на Форумот е актуелната политичка состојба во државата.

„Во агендата на ПВРМ беше предвидено негово учество на финалниот панел на безбедносниот самит во Белград, но премиерот Заев го откажа учеството поради актуелната политичка состојба во земјата, односно важноста на постапката за почнување на уставните промени во Собранието на РМ“, велат од Владата.

Самитот во Белград се одржува осма година по ред. Годинава почна на 17 октомври и ќе трае 3 дена. Утре е предвидено да говорат српскиот претседател, Александар Вучиќ, и австрискиот претседател, а в петок српската премиерка, Брнабиќ.

Прикажи повеќе...

Македонија

Промовиран Советот за волонтерство на општина Битола

Објавено пред

Младински културен центар – Битола и Општина Битола го промовираа Советот за волонтерство на општина Битола, формиран во рамките на проектот „Инспирирај, вклучи се, волонтирај!“ поддржан од Проектот на УСАИД за граѓанско учество, а спроведуван од Младински културен центар – Битола.

Градоначалничката Наташа Петровска го поздрави формирањето на ваквиот совет и залагањето за што поширока опфатност на волонтеризмот во денешното живеење.

„Се вклучуваме со конкретни активности коишто се однесуваат на волонтеризмот, нешто што го започнавме неодамна со потпишувањето на меморандумот за соработка помеѓу МКЦ и Општина Битола, а е во функција и насока на јакнењето на културата за волонтеризам помеѓу младите луѓе и на тој начин вклучување во општествената заедница и подготовка за уште поголем придонес во подоцнежната фаза од нивните животи. Ова е добар проект којшто покажува дека не само младите туку и граѓанството треба повеќе активно да се вклучува во својата општествена заедница и заедно со локалната самоуправа да прави чекори и активности што се во функција на подобрување на условите во општината“, рече градоначалничката на општина Битола, Наташа Петровска.

На настанот беше промовиран Советот за волонтерство, а свои обраќања имаа Марија Мерковска – координатор на проектот „Инспирирај, вклучи се, волонтирај!“, Виолета Налевска – советник за економски развој во Општина Битола и Виктор Илиев, претседател на Советот за волонтерство. Во рамките на овој настан се одржа локалната дискусија на тема „Влијанието на волонтирањето врз заедницата“, чиј фасилитатор беше Сашо Додовски.

Прикажи повеќе...

Најново

Европа2 часа

(Видео) Протести во Лондон против брегзит, граѓаните бараат нов референдум

Во центарот на Лондон, денеска беше одржан протестен марш на кој имаше повеќе од сто илјади луѓе, кои се против...

Македонија2 часа

Стејт департмент: Ова е историска шанса за Македонија и регионот

Стејт департментот ја поздрави одлуката на Собранието, со која Македонија треба да ги започне уставните измени и имплементација на Спогодбата...

Македонија3 часа

Кривична пријава за говор на омраза и загрозување на сигурноста на пратеници во Собранието

Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при Министерството за внатрешни работи до Основно јавно обвинителство Скопје поднесе известување за...

Регион3 часа

Турција: Нема да дозволиме затајување на резултатите од истрагата за Кашоги

Владејачката турска Партија на правдата и развојот (АКП) соопшти дека Анкара „никогаш не ќе дозволи затајување на резултатите од истрагата”...

Македонија4 часа

„Катимерини“: Наскоро нов конфликт во грчката Влада поради Македонија

Само три дена по оставката на министерот за надворешни работи Никос Коѕијас и предупредувањето на премиерот, Алексис Ципрас дека нема...

Македонија5 часа

(Видео) Ципрас: Гласањето во Собранието отвора пат за договор меѓу Грција и Македонија

Грчкиот премиер Алексис Ципрас изјави дека усвојувањето на предлогот за уставни измени од страна на македонскиот Парламент отвора пат за...

Македонија10 часа

Коѕијас: Среќен сум за одлуката на Скопје, тврдењата за тајни фондови се одвратни

Грчкиот министер за надворешни работи, Никос Коѕијас, кој пред неколку дена поднесе оставка од функцијата изјави дека е среќен поради...

Македонија10 часа

Нимиц со порака до политичките лидери: Работете заедно за финализирање на договорот

Метју Нимиц, македонско-грчкиот посредник во спорот за името ја поздрави одлуката на парламентот да продолжи со промена на Уставот кон...

Македонија11 час

Тачи: Македонија направи голем чекор кон зајакнување на мирот во регионот

Македонија е чекор поблиску до ЕУ и НАТО, откако беа обезбедени потребните гласови за измена на Уставот, отворајќи го патот...

Македонија11 час

ВМРО-ДПМНЕ: Достоинството на Македонија беше ставено на тезга како пиперки и домати

Тоа што се случи вчера вечер во Собранието беше срам каков што светот не видел, оценува ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение. Опозицијата...

Македонија12 часа

Димитров на „Фејсбук“: Далеку сме од тоа каде сакаме да бидеме, ама го знаеме патот

Далеку сме од тоа каде сакаме да бидеме. Ама го знаеме патот, напиша министерот за надворешни работи, Никола Димитров на...

Македонија21 час

Столтенберг на „Твитер“: Лидерите да ги завршат процедурите за Македонија да влезе во НАТО

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, преку социјалната мрежа „Твитер“ го поздрави изгласувањето на одлуката за пристапување кон уставните измени...

Македонија21 час

(Видео) Мицкоски ги исклучи од партијата пратениците од ВМРО-ДПМНЕ што гласаа за уставните измени

ВМРО-ДПМНЕ ги исклучи пратениците од своите редови што вечерва гласаа за уставните измени – Елизабета Канческа-Милевска, Емилија Александрова, Нола Исмајловска,...

Македонија21 час

Левицата: Ништо не е готово, борбата продолжува!

По изгласувањето на уставните измени во Собранието, се огласи и Левицата. Од таму реагираат дека сите пратеници го изгубиле легитимитетот...

Македонија21 час

Ципрас до Заев: Честитки пријателе, Зоран Заев!

Грчкиот премиер, Алексис Ципрас, го поздрави гласањето во македонскиот парламент и му честита на премиерот Зоран Заев за гласањето со...

Македонија22 часа

(Видео) Заев: Денес напишавме историја што ќе ја раскажуваат идните генерации

Денес е историски ден, заедно напишавме историја, рече премиерот Зоран Заев на прес-конференцијата што ја одржа откако Собранието ја изгласа одлуката...

Македонија23 часа

Четворица обвинети пратеници од ВМРО-ДПМНЕ гласаа за уставните измени

Собранието со 80 гласа „за“ ја донесе одлуката за пристапување кон уставните измени. „За“ гласаа и обвинети пратеници од ВМРО-ДПМНЕ,...

Македонија1 ден

(Видео) Јанушев: На пратеници им се нудеа милион евра да гласаат, тие одбија

ВМРО-ДПМНЕ избра борба против неодоговорната власт, рече вечерва генералниот секретар на опозициската партија, Игор Јанушев, на прес-конференција. Тој нагласи дека...

Македонија1 ден

Милошоски бара веднаш да гласаат: Волјата на народот е посилна од притисокот врз неколку пратеници

Пратениците од редовите на ВМРО-ДПМНЕ пред почетокот на продолжението на седницата за уставните измени на прес-конференција побараа од претседателот на...

Македонија1 ден

Груевски за 8 дена ќе добие покана да се јави во затвор

Пресудата за двегодишната затворска казна на експремиерот Никола Груевски од Апелација пристигна во кривичниот суд од каде ќе биде распределен...

Досие