Контакт

Македонија

Рекордни 15.050 тркачи од 63 земји денеска на Скопскиот маратон

Објавено пред

Рекордни 15.050 натпреварувачи од 63 земји денеска ќе трчаат на 22. издание на Виз Ер Скопскиот маратон. На стартот во Скопје ќе има и елитни тркачи од повеќе земји, кои ќе се борат за најдобрите резултати, а покрај учесниците од Македонија, најбројни се натпреварувачите од Србија, Германија, Велика Британија и Турција.

Годинава ќе се одржат четири трки – маратон на 42,195 километри, полумаратон на 21 километар, трка на 5 километри и ЕУ фор Спорт штафетна трка.

Во главната трка се пријавени 800 тркачи, а меѓу македонските учесници најголем фаворит е минатогодишниот победник Дарио Ивановски. За полумаратонот се пријавени околу 3.000 тркачи.

Покрај натпреварувачкиот дел, и годинава се подготвени активности за учесниците и публиката, а посебно внимание е посветено на поддршката долж патеката. Во организацијата ќе бидат вклучени околу 500 волонтери, распоредени на различни позиции долж патеките.

Претседателот на Сојузот на спортови на Скопје, Зоран Стојановиќ, истакна дека маратонот со секое ново издание ја потврдува својата спортска традиција и значењето за Скопје.

„Виз Ер Скопскиот маратон е спортска традиција која со секое ново издание го обединува Скопје. Оваа година имаме рекорден број учесници и голем број тркачи од странство, што е потврда дека маратонот има свое место на меѓународната спортска мапа. Нашата цел е сите учесници да имаат одлични услови за трката и да понесат убаво искуство од Скопје“, истакна Стојановиќ.

Министерот за спорт Борко Ристовски посочи дека маратонот е една од најголемите и најреномираните спортски манифестации во земјава и дека ваквите настани имаат значење и за промовирањето на спортот кај младите.

„Маратонот е пример како спортот може да ги обедини граѓаните и да испрати позитивна порака до целото општество. Министерството за спорт продолжува да ги поддржува настаните кои го промовираат спортот и активното учество на граѓаните“, истакна Ристовски.

Поддршка за маратонот доаѓа и од Делегацијата на Европската Унија. Заменик-шефот на Мисијата на ЕУ во Македонија, Бен Нупнау, истакна дека спортот ги поврзува луѓето без оглед на нивното потекло и граници.

„Голема чест и задоволство е за нас што и оваа година ја поддржуваме оваа голема спортска манифестација. Спортот ги поврзува луѓето без оглед на нивното потекло и граници, а Виз Ер Скопскиот маратон е убав пример за тоа како еден настан може да ги поврзе Скопје, државата и европската спортска заедница“, рече Нупнау.

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, нагласи дека градот е подготвен да биде домаќин на големиот спортски настан и ги повика скопјани да излезат и да ги бодрат тркачите.

„Град Скопје ја дава својата целосна поддршка на маратонот, со сета расположливост на јавните претпријатија и службите кои се вклучени во организацијата, за настанот да помине безбедно и во најдобар ред. Ги повикувам скопјани да излезат, да ги бодрат тркачите и да бидат дел од енергијата која го прави маратонот посебен“, нагласи Ѓорѓиевски.

Спортскиот директор на Виз Ер Скопскиот маратон, Кире Синадиновски, оцени дека рекордниот број учесници е голем предизвик, но и дополнителна мотивација за организацискиот тим. Секретарката на маратонот, Гордана Николовска, ја истакна улогата на околу 500 волонтери кои ќе се грижат за непречено одвивање на трките долж патеките.

Меѓу останатите натпреварувачи, на трчањето и спортскиот дух му се приклучија и вработените од Имлек, кој со својата енергија и производи го надополнија овој настан.

Ја претставија со спортски жар водечка компанија за производство на млеко и млечни производи на Западен Балкан, која е со долгогодишна традиција и богато портфолио од над 200 производи.

Компанијата соработува со илјадници фармери во регионот, а меѓу нејзините познати брендови се Моја Кравица, Баланс+, Грекос, Јогуд, Импакт и други.

Во Македонија, под капата на Имлек работи и битолската млекарница Бимилк, со која компанијата е присутна и на македонскиот пазар.

Најново

Компании1 минута

Новите BMW X5 и BMW Серија 7 Седан премиерно претставени во Македонија

Две различни интерпретации на врвот на BMW понудата, обединети во ново поглавје на дизајн, технологија и луксуз Името е познато,...

Македонија17 минути

Бугарскиот производител: Во два од четирите случаи со БСЖ-вакцината во Хрватска е наведена доза 10 пати над пропишаната

Бугарскиот производител „Бул Био“ тврди дека податоците за четирите пријавени случаи на остеомиелит по БСЖ-вакцинација во Хрватска не докажуваат проблем...

Спорт18 минути

Артета во Арсенал барем до 2030 година

Актуелниот шампион на Премиер лигата, Арсенал, го продолжи договорот со тренерот Микел Артета. Арсенал секогаш сакал да има континуитет со...

Економија33 минути

„Халкбанк“ со донација од 30.000 евра ја реновираше читалната на Економскиот факултет во Скопје

Со цел создавање уште подобри услови за учење, истражување и стекнување знаење за студентите, денес на Економскиот факултет во Скопје...

Македонија39 минути

Ѓорѓиевски: Во тек е целосна реконструкција на паркот „Жена Борец“

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска изврши увид во градежните активности за целосна реконструкција на паркот „Жена Борец“. –...

Спорт43 минути

Турција му врачи отказ на Монтела

Винченцо Монтела повеќе не е селектор на Турција, му пресудија лошите резултати на Светското првенство и Лигата на нации. На...

Спорт50 минути

Згасна КК Монако

АС Монако Баскет објави дека повеќе не е во можност да ги исполнува своите финансиски обврски и затоа ќе ги...

Македонија1 час

(Видео) Јанчев: Со европско знаменце се турка закон што ја загрозува заштитата на животната средина

Пратеникот од Левица, Сашко Јанчев, на денешната собраниска седница посочи на три клучни проблеми во Предлог-законот за изменување и дополнување...

Култура1 час

Самостојна изложба на младата уметница Арбана Дехари од Тетово во Македонскиот КИЦ во Софија

Во Македонскиот културно-информативен центар во Софија, на 8 октомври (четврток), со почеток од 18:30 часот, ќе се одржи отворањето на...