Контакт

Македонија

Рокас : Се надевам на консензус за Изборниот законик до утре, се работи за 4,2 милиони евра што би биле искористени за граѓаните

Објавено пред

Евроамбасадорот во земјава, Михалис Рокас,  се надева дека до утре политичките партии ќе се успеат да се договорат за измените на Изборниот законик неопходни за исполнување на реформската агенда. Тој денес, на промоцијата на новите возила, донација за Државниот инспекторат за транспорт не ја исклучи можноста за консензус во последен момент.

„Јас навистина се надевам на консензус, бидејќи има време уште денеска и утре, значи утре е последниот ден за постигнување на консензус. Јас навистина се надевам дека тој консензус помеѓу политичките партии ќе се постигне, имајќи предвид има информации дека политичките партии, всушност нивните координатори, се сретнуваат на дневна основа. Така што, навистина се надевам дека и овој чекор од реформската агенда, тоа се измените на Изборниот законик, ќе можат да се постигнат, затоа што се работи за 4,2 милиони евра коишто би биле искористени во бенефит или во корист на граѓаните на оваа земја. Јас навистина се надевам дека консензусот ќе може да се постигне“, рече евроамбасадорот Рокас.

И денес Рокас кажа дека процесот на проширување на Европската Унија всушност е инвестиција во безбедноста, во сигурноста, во просперитетот, како и конкурентноста на Европската Унија. Смета дека земјава, доколку ги почне преговорите за пристапување, многу брзо ќе може да ги стигне останатите четири земји вклучени во процесот иако тие многу брзо наредуваат.

Политичките партии денес, исто како и претходните денови, разменија низа ставови низ кои покажаа дека не се блиску до консензус за Изборниот законик со постојани меѓусебни обвинувања за блокади и планиран изборен грабеж со измените.

Најново

Спорт57 минути

(Видео) Гаштаров избори пенал, Црвена звезда го победи Партизан

Црвена звезда го победи Партизан со 2:1, во јубилејното 180-то вечно дерби. Дури и најбрзиот гол во историјата не им...

Свет1 час

Победата на АфД ја тресе Германија: Мерц пред тежок политички тест

Убедлива победа за Алтернатива за Германија (АфД) и тежок пораз за Христијанско-демократската унија (ЦДУ) – изборите во Саксонија-Анхалт би можеле...

Свет1 час

(Видео) „Боинг 767“ излета од пистата во Мајами и заврши на пат

Товарен авион „боинг 767“ излета од пистата при слетување на Меѓународниот аеродром во Мајами и заврши на пат надвор од...

Спорт1 час

Турските одбојкарки ја одбранија европската титула

Турската женска одбојкарска репрезентација, на домашен терен, ја одбранија континеталната титула. Избраниците на селекторот Даниеле Сантарели го победија големиот ривал...

Свет1 час

Зеленски: Можни се нови преговори со Русија, за териториите мора да разговараат лидерите

Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, изјави дека е можно продолжување на преговорите меѓу Украина и Русија, но дека клучните прашања, вклучително...

Забава2 часа

Проверете ги пораките и сметките: Три знаци може да ги израдуваат пари до 15 септември

Според астролошките предвидувања, три хороскопски знаци би можеле да имаат особено поволен финансиски период до 15 септември. Биковите, Стрелците и...

Забава2 часа

Бјанка Ценсори откри што мисли за голотијата и дали Канје ѝ кажува што да носи

Австралиската уметница Бјанка Ценсори за првпат отворено проговори за својот имиџ, односот кон голотијата и модните комбинации со кои веќе...

Македонија2 часа

Активен пожарот кај Стенковец, избувнаа уште два кај Кондово и Ѓорче Петров

Пожарот кај Стенковец сè уште е активен, а скопските пожарникари се на терен и го гаснат, информира вечерва директорот на...

Македонија3 часа

Ставен под контрола пожарот што се закануваше кон Милетино

Пожарот кај Милетино, во Општина Брвеница, е ставен под контрола, откако во неговото гаснење беа ангажирани два „ер трактори“ и...