Контакт

Македонија

СДС и Филипче не сакаат Македонија да успее, затоа повеќе од Бугарија бараат уставни измени, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Објавено пред

СДС и Венко Филипче не можат да ја скријат нервозата, па се претворија во бугарска испостава, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„СДС и Филипче не можат да го прифатат фактот што државата конечно има државничка Влада која ги штити државните интереси и забележува позитивни резултати, и на внатрешен и на меѓународен план.

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ покажува дека Македонија може да води европска политика без понижување, без тргување со идентитетот и без прифаќање диктати на штета на македонските национални интереси.

Тоа му предизвикува голема нервоза на Филипче, продолжената рака на Зоран Заев кој е познат по најголемите национални предавства, па сака да го надмине неговиот ментор, па секој ден бара уставни измени и со тоа и редефинирање на историјата.

Само во една недела Македонија доби признание за двегодишната посветена работа на Владата и силна потврда за правилната насока во која се движи државата.

Прво, претседателот на Европскиот Совет, Антонио Кошта, од Скопје испрати јасна порака дека државата има видлив напредок во исполнувањето на Реформската агенда, па потоа следеше изборот на Македонија за членка на Економскиот и социјалниот совет на Обединетите нации – ЕКОСОК, за периодот 2027-2029 година.

Ова се случува прв пат од независноста на Македонија и е сериозен дипломатски успех што претставува доверба, препознаен капацитет и меѓународна потврда за државата.

Паралелно со тоа, се усвои нацрт-извештајот на Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент, кој испраќа важна порака дека државата останува јасно препознаена како европска држава која е посветена на реформите, регионалната стабилност и партнерството со ЕУ и НАТО.

А, тука не смее да го заборавиме и завршувањето на пост-мониторингот процесот со Советот на Европа, со што се потврдува дека Македонија ги исполнува сите демократски капацитети.

Голема и јасна е разликата меѓу СДС на Заев и Филипче и ВМРО-ДПМНЕ. Македонија со ВМРО-ДПМНЕ на власт е држава која гради партнерства, добива доверба и испорачува резултати, за разлика од СДС и Филипче кои спроведуваат туѓа агенда.

Додека владата ја позиционира Македонија како достоинствена и почитувана европска држава, Филипче е спремен на се само некој да го донесе на власт, па затоа повеќе дури и од Бугарија, бара уставни измени.

Државата оди напред, достоинствено се претставува и се развива, само на СДС и Филипче, кои не сакаат државата да успее, тоа им смета“, соопшти утрово партијата.

Најново

Македонија4 минути

Мисајловски од Командата за обука и доктрини во Велес: 11 милиони денари се вложуваат за обнова на касарната

„Целосна реконструкција следи насекаде во касарните, но еве овде може да видиме на лице место дека има поголема динамика“ рече...

Соопштенија11 минути

СДСМ: Градоначалникот Орце да открие кој ја направил срамната графика и колку е платено

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, мора веднаш да ги објави податоците за фирмата која го изработила графичкиот дизајн на срамниот...

Македонија27 минути

3100 лица од Гостивар побарале помош за стомачни проблеми, има деца од една-две години и возрасни од 80 години, кажа Клековски

Бројката на лица кои побарале помош од здравствените работници поради стомачни проблеми, дијареа, а некои и треска, денес се искачи...

Спорт1 час

Златниот медал ѝ го даде на мајка си: Јадев го.на, одев по го.на, а сега ги допрев ѕвездите

Нико Вилијамс (24) пред две години беше незаменлив во шпанскиот поход кон европската титула. Левото крило на Атлетик Билбао, со...

Македонија2 часа

Ветува ли ДПМНЕ уривање на дивоградбите, вклучително и хотелот на Мијалков, за да бара уште шест години од УНЕСКО, прашуваат од Левица

Владата барала од УНЕСКО да ѝ даде рок од шест години за да постапи во однос на забелешките за заштита...

Спорт2 часа

Аргентинците го бојкотираа доделувањето на трофејот на Шпанците

Аргентина не покажа ништо и затоа и ја предаде светската круна на Шпанија. Без удар кон голот на Унаи Симон...

Економија2 часа

Николоски: 9 милиони евра инвестирaме во Вeлес во проекти за инфраструктура

Владата, преку Министерството за транспорт инвестира околу 9 милиони евра во инфраструктурниот развој на Велес, истакна заменик-претседателот на Владата и...

Свет2 часа

Песков: Обидот на ЕУ да преговара со Русија од позиција на сила е ќорсокак и најголема грешка

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека обидот на Европската Унија да преговара со Русија „од позиција на сила“ е...

Спорт2 часа

Телеграф: Фудбал – Криминалци 1:0

Шпанија стана светски шампион по втор пат откако ја победи Аргентина со 1:0, по продолженија во финалето на Светското првенство....