Контакт

Македонија

СДС, Левица и ДУИ не сакаат Македонија да има целосен реформски успех, затоа здружено ја користат секоја можност да блокираат, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Објавено пред

СДС, Левица и ДУИ не сакаат Македонија да напредува со реформите и да бележи успеси, затоа ја користат секоја можност за да блокираат. Тоа се виде по нивниот однос кон измените на Изборниот законик, кога прво учествуваа во изготвувањето, нивните забелешки беа прифатени и инкорпорирани во законското решение, за на крај неговото носење да го блокираат, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Токму блокирањето и неносењето на Изборниот законик, според оваа партија, целосно ја разобличи вистинската политика на здружената опозициска коалиција СДС, Левица и ДУИ која не може да поднесе уште еден реформски успех на државата.

„Иако сите нивни предлози и барања, кои можеме да кажеме дека беа се само не суштински, беа целосно прифатени и дури добија понуда од бланко бел лист хартија за да ги запишат нивните желби, СДС, ДУИ и Левица го одбија и избраа да блокираат.

Со тоа целосно се разоткрија и испратија јасна порака дека за нив не е важно дали државата целосно ќе ги исполни реформските обврски, туку дали ќе можат политички да профитираат од, од нив, предизвиканиот застој и блокада“.

Наспроти намерите и целите на СДС, Левица и ДУИ, Македонија, додаваат од владејачката партија, ќе продолжи да победува и реформите ќе продолжат да се спроведуваат, без разлика на нивните блокади и опструкции.

Граѓаните, како што оценуваат, веќе ја препознаа разликата меѓу оние што работат за државата и оние што работат против секој нејзин успех, меѓу оние на кој приоритет им е интересот на граѓаните, наспроти оние кои единствено се грижат за личниот и партискиот интерес.

„Ова најдобро се гледа по тоа кој ја има довербата да ја води државата и по рејтинзите и анализите на јавното мислење, каде граѓаните најмногу му веруваат на политиките предводени од ВМРО-ДПМНЕ“.

Најново

Регион37 минути

Директорот на „Рајанер“: Ќе го оспориме тврдењето дека патникот од Србија бил делумно надвор од прозорецот

„Рајанер“ ќе ги „оспори“ тврдењата дека дел од телото на патник за време на лет завршило надвор од авионот откако...

Забава50 минути

(Видео) Бред Пит се појави на проекција, неговиот стајлинг веднаш привлече внимание

Бред Пит (62) се појави во вторникот во Лос Анџелес на проекцијата на својот нов филм „Heart of the Beast“....

Свет1 час

Тимот на Меланија реагира на гласините за наводната афера на Трамп со асистентката

Кабинетот на првата дама, Меланија Трамп, реагира на медиумските шпекулации за односот на американскиот претседател Доналд Трамп со неговата асистентка...

Свет2 часа

Трамп објасни зошто САД не смеат да дозволат Иран да дојде до нуклеарнo оружје

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека САД немаше да го бомбардира Иран доколку Техеран веќе поседуваше нуклеарно оружје, туку тој...

Свет2 часа

Кремљ: Киев ја отвори Пандорината кутија

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, денеска изјави дека Украина, како што тврди, продолжува со „провокации“ со цел подлабоко да ги...

Македонија2 часа

Шасивари – Соријано Ортиз: Продлабочување на соработката со Шпанија во реформите на правосудството

Министерот за правда Јетон Шасивари денеска се сретна со амбасадорот на Кралството Шпанија, Н.Е. Рафаел Соријано Ортиз. Министерот Шасивари го...

Свет2 часа

(Видео) Странски товарен брод се запали во Кина: загинаа најмалку 20 лица; се огласи и претседателот

Тешка несреќа се случи утринава во кинеското пристаниште Кингдао, каде што најмалку 20 лица загинаа во пожар на странски товарен...

Забава3 часа

Шерон Стоун откри зошто живее во целибат: „Веќе не барам некого само за секс“

Шерон Стоун отворено зборуваше за својот љубовен живот, признавајќи дека подолго време практикува целибат бидејќи повеќе не се задоволува со...

Спорт3 часа

Душан Тадиќ повторно ќе игра за Србија

Селекторот на фудбалската репрезентација на Србија, Вељко Пауновиќ го убедлил Душан Тадиќ да се врати во националниот тим, тврди Спорт...