Контакт

Македонија

СДС повторно шири паника, лани за пожарите, годинава за загаденоста на водата, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Објавено пред

СДС се жив доказ дека се способни да го пробијат моралното дно, да користат случаи кои ги загрижуваат граѓаните, само за свој личен интерес, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

Во тој контекст, како што додаваат, се и нивните обиди од изминатите дена, со ширење лаги да креираат хистерија која предизвикува страв и несигурност кај граѓаните.

Според партијата на власт, очигледно е, како што истакнуваат, дека треба да се внимава на информациите кои ги пласира СДС.

„Лани ширеа хистерија околу пожарите, а оваа година се обидуваат да создадат паника за загаденоста на водата, пласирајќи стар извештај за водата во Велес како да е актуелен.

СДС повторно се служи со манипулации и дезинформации за да ќари политички поени на сметка на стравот кај граѓаните.

Извештајот што го пласираат е стар година и пол, од февруари 2025 година, и се однесува на село Сливник во општина Велес, населено место кое не е поврзано со градскиот водовод. Наместо факти, СДС свесно шири застарени информации за да предизвика вознемиреност кај јавноста.

Толку се очајни, што не се двоумат да ја злоупотребуваат темата за здравјето на граѓаните за дневнополитички цели“.

Намерното ширење паника и дезинформации, како што оценуваат, е крајно неодговорно однесување и не смее да стане средство за собирање политички поени.

Граѓаните, според владејачката партија, препознаваат дека ваквите обиди се резултат на очајот на СДС поради нивниот пад на довербата и рејтинг

Најново

Македонија2 минути

ВМРО-ДПМНЕ: Доста е со лажната загриженост на СДС, бројките и фактите ги рушат лагите на СДС економијата се мери со резултати, не со партиски пароли

Фактите се најдобар одговор на политичките конструкции на Филипче и СДС. Граѓаните ги видоа резултатите од ”економските експерти” од СДС...

Црна хроника8 минути

Две скопјанки завршиле на Ургентен со изгореници здобиени за време на семејна прослава

Две жени од Скопје, на возраст од 35 и 24 години, се здобиле со тешки телесни повреди од изгореници за...

Свет48 минути

(Видео) Невиден бран мигранти кон Шпанија: крајбрежната стража спасила 1.488 луѓе од 14 чамци

Речиси 1.500 мигранти пристигнале во саботата на шпанските Канарски Острови, што е најголем број во еден ден од 2020 година,...

Регион59 минути

Вучиќ за милијардите запленети во Унгарија: „Немојте да лажете, тоа се четири-пет милиони евра или така нешто“

Поранешниот српски претседател Александар Вучиќ се обиде да ја намали тежината на случајот со милијардите запленети во Унгарија, посочувајќи дека...

Македонија1 час

СДСМ: Еден ден трета економија, друг ден банкрот – ММФ ги разби бајките на Мицкоски

Еден ден Мицкоски раскажува бајки и зборува за трета економија во Европа, а друг ден за банкрот ако има избори,...

Свет1 час

(Видео) Голем пресврт во истрагата за милијардите во Унгарија: некој од осомничените можеби ги открил тајните скривалишта

Унгарските истражители можеби дошле до милијардите пронајдени на повеќе локации благодарение на договор со еден од осомничените или сведочење на...

Свет1 час

Франција воведе забрана за продажба на пиротехника по насилните инциденти во училиштата

Франција привремено ја забрани продажбата на одредени пиротехнички средства по серијата инциденти во кои беа повредени наставници, директори и припадници...

Македонија2 часа

(Видео) Манасиевски: Филипче и СДС да кажат дали Мацура бил криминалец со сомнителен капитал кога со ДУИ овозможиле влез на Алта банка во Македонија

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски, на денешната прес-конференција рече дека фирма на сватот на лидерот на ДУИ, Али Ахмети, според...

Македонија2 часа

(Видео) Одлуката од 2023 не значи зделка со Алта банка – конфискуваните акции ѝ беа продадени во јануари 2026, кажа Серафимовска-Борозан

СДСМ тврди дека одлуката од јуни 2023 година за продажба на конфискувани акции во Стопанска банка Битола не била поврзана...