Контакт

Македонија

СДСМ: Ако имало седум третмани против комарци во Скопје, тогаш или мерките биле доцна или жариштата биле промашени

Објавено пред

Орце Ѓорѓиевски нема одговор за епидемијата, па ја напаѓа СДСМ. Не ја прогласивме ние епидемијата во скопските општини. Не ги однесовме граѓаните ние на Инфективна. Тоа се случи во градот што тој го води, велат од СДСМ.

„Заклучно со 18 август има 38 заболени и четири починати. Триесет и седум случаи се од Скопскиот регион. Починатите се мажи од 62 до 83 години од Скопје. Ако прскањето од 7 мај било толку успешно, зошто токму Скопје е епицентар? Календарот не е доказ за резултат. Календарот е алиби. Ѓорѓиевски вели дека јавното здравје не се штити со прес-конференции. Точно. Не се штити ни со список датуми додека комарците си го завршуваат своето. Ако имало седум третмани против ларви и прскање од воздух и од земја, а епидемијата е во главниот град, тогаш или мерките биле доцна, или биле слаби, или жариштата биле промашени а можеби и премолчени. Изберете. Сите три се ваша одговорност“, реагираат од СДСМ на соопштението на градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски.

Од СДСМ велат дека политизирање е да се отвораат базени за камери, потоа да се празнат поради комарци; да се читаат датуми, а да не се каже зошто стоечката вода и нетретираните точки останале; да се напаѓа СДСМ за да не се одговара пред семејствата.

„СДСМ нема да молчи за јавното здравје. Бараме одговор, не сензација. Кој ја мери ефикасноста на прскањето? Кои локации останаа жаришта? Зошто граѓаните доцна добија јасни инструкции? Зошто хронично болните и старите лица беа оставени на противречни пораки? Ѓорѓиевски нека одговори зошто во градот кој го води вирусот најде простор, кога е сè како што тврди?“, бара СДСМ.

Најново

Свет43 минути

СЗО чека одговор од Русија за смртта на лаборантката, сомнежите за белодробна чума остануваат непотврдени

Светската здравствена организација (СЗО) сè уште чека официјални информации од руските власти за дијагнозата на лаборантката од Сибир, чија смрт...

Македонија46 минути

ВМРО-ДПМНЕ: Идеалите на борците од 11 Октомври да бидат водилка за денешните генерации

ВМРО-ДПМНЕ упати честитка по повод 11 Октомври – Денот на народното востание, оддавајќи им почит на борците од Народноослободителната борба...

Македонија51 минута

СДСМ: Македонија не е каса за провизии, иднината е во Европа, правда и слобода

Антифашизмот не е само споменик, туку обврска за слобода, правда и достоинствен живот, порача опозициската СДСМ по повод 11 Октомври...

Македонија54 минути

Сиљановска-Давкова по повод 11 Октомври: Имаме обврска да градиме демократска, правна и просперитетна држава

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова по повод 11 Октомври – Денот на народното востание, порача дека жртвата на востаниците и партизаните е...

Македонија58 минути

Од утре под лупа на „Безбеден град“ и возачите во Охрид, Струга, Кичево и Дебар

Системот за сообраќаен надзор „Безбеден град“ од утре, 12 октомври, ќе почне да функционира и во Охрид, Струга, Кичево и...

Македонија1 час

ЛДП: За владините функции има пари, а за судии и обвинители нема

Правосудниот систем во Македонија се соочува со сериозни проблеми поради недоволното финансирање, недостигот од кадар и политичките влијанија, реагираат од...

Македонија2 часа

Попова Шапка и Берово со најниска утринска температура од 8 степени

Попова Шапка и Берово утрово беа најстудените места во земјава, со измерени минимални температури од 8 степени Целзиусови. Температура од...

Свет2 часа

По 50 години прв случај на беснило кај ракун во Лос Анџелес

Здравствените власти на округот Лос Анџелес денеска ги предупредија жителите да избегнуваат контакт со диви животни, откако во Вестлејк Вилиџ...

Македонија3 часа

Македонија го чествува 11 Октомври – Денот на народното востание

Денеска е 11 Октомври, 85 години од Народното востание на македонскиот народ. Во 1941 година се случува неповторлив и клучен...