Контакт

Македонија

СДСМ до Мицкоски: И што сега, незадоволен си што идентитетот е зачуван?

Објавено пред

СДСМ со нова остра реакција кон премиерот Христијан Мицкоски по посетата на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, на Скопје, прашувајќи го од што точно е незадоволен, откако од Брисел повторно беше испратена порака дека Македонија во Европската Унија ќе влезе со својот идентитет и јазик.

„И што сега, Мицкоски? Незадоволен си што идентитетот е зачуван?“, прашуваат од опозициската партија.

Од СДСМ потсетуваат дека Мицкоски средбата со Фон дер Лајен ја оцени како клучна, но потоа изјави дека не е задоволен од пораките во однос на уставните измени.

„Фон дер Лајен кажа јасно: на маса стои промената на Уставот. И нагласи: Европа ве чека со вашиот идентитет и со вашиот јазик. Тоа е истата реченица што Мицкоски ја продаваше како предавство“, велат од СДСМ.

Од партијата го обвинуваат премиерот дека пред доаѓањето на власт имал поинаква реторика во однос на Преспанскиот договор и прашањето за името, потсетувајќи на неговите тогашни пораки за негово укинување и враќање на старото име.

„Па Преспанскиот договор стана ремек-дело. Силјановска рече: македонскиот јазик, култура, идентитет се заштитени со договорот од Преспа. Сега тоа, во лице, го кажува и претседателката на Европската комисија. А тој е незадоволен“, наведуваат од СДСМ.

Според опозициската партија, незадоволството на Мицкоски не произлегува од прашањето за македонскиот идентитет, туку од тоа што условите за продолжување на евроинтегративниот процес остануваат на маса.

„Незадоволен е затоа што му ја одзедоа лагата. Не затоа што некој го чепка македонскиот идентитет“, велат од СДСМ.

Од партијата посочуваат дека за продолжување на европскиот пат остануваат уставните измени, реформите, како и прашањата поврзани со владеењето на правото и обвинителството.

„Затоа што чекорот остана ист: основи, реформи, обвинителство. Лаура Ковеши пред членство. Мицкоски тоа не го сака. Затоа „разговараме, не преговараме“. Затоа вината пак ја насочува кај претходните“, се наведува во реакцијата.

СДСМ го обвинува Мицкоски дека пред изборите ветувал подобри услови за продолжување на преговорите со Европската Унија, но дека, според нив, такви гаранции и нова рамка нема.

„Две и пол години ветуваше подобри услови. Никаде ги нема. Нема гаранции. Нема нова рамка“, велат од партијата.

Од СДСМ додаваат дека пораките што Фон дер Лајен ги испрати од Скопје се исти со оние на кои партијата укажувала пред изборите.

Во реакцијата СДСМ упатува и остри квалификации кон премиерот, обвинувајќи го дека токму тој го загрозува националниот интерес преку блокирањето на европскиот пат.

„Единствениот што го загрозува националниот интерес е токму тој – арамијата Мицкоски. Затоа што национален интерес на Македонија е членство во ЕУ“, велат од партијата.

Од СДСМ го обвинуваат премиерот и дека личниот политички интерес го става пред европската интеграција на државата.

На крајот од реакцијата, опозициската партија прашува дали следниот чекор на Мицкоски ќе бидат предвремени избори.

„И што ќе прави сега Мицкоски? Избори? За да избега од следниот чекор? Некој од Спутниците да му фрли ракавица? Да го предизвика, па повторно нови ветувања? Нови лаги?“, прашуваат од СДСМ.

Реакцијата завршува со порака дека, според СДСМ, по посетата на Фон дер Лајен повеќе нема простор за тврдењата дека продолжувањето на европскиот пат го загрозува македонскиот идентитет.

„Вистината дојде. Правдата наскоро. Власта повторно ќе биде во рацете на граѓаните. Арамија е незадоволен од вистината. Народот е незадоволен од бандата. Правдата мора да биде задоволена“, порачуваат од СДСМ.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Најново

Македонија7 минути

Шасивари на Меѓународниот самит за правда во Истанбул 

Министерот за правда, Јетон Шасивари, учествува на Меѓународниот самит за правда „Истанбул 2026“, кој се одржува на 8 и 9...

Македонија12 минути

(Видео) Петрушевски: Со скандалот на Славјанка вреден 37 милиони евра, Филипче јасно потврди дека нивното владеење со државата било полно со криминал и корупција

Пратеникот и заменик-генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, денеска изјави дека лидерот на СДСМ, Венко Филипче, со своите изјави за...

Македонија16 минути

До крајот на неделава пристигнува првата испорака од вкупно 3.300 нови контејнери; Ѓорѓиевски се пофали: Испишуваме ново поглавје во јавната хигиена

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски истакна дека специјализираните возила за ЈП „Комунална хигиена“ веќе се предадени на градот и...

Македонија26 минути

Муцунски за Коридорот 8 во Софија: Поврзаноста е стратешки инструмент за безбедност, отпорност и економски развој

Денеска во Софија, на покана на министерката за надворешни работи на Република Бугарија, Велислава Петрова-Чамова, министерот за надворешни работи и...

Македонија39 минути

Исмаил: СДС не предлага 600 евра минимална плата, туку субвенционирање на газдите со народни пари

Пратеникот и потпретседателот на Левица, Реџеп Исмаил – Хактан, реагира на обидите на СДС да ја претстават Левица како против...

Македонија50 минути

Општина Ародром: Нов асфалт на улицата „Гаврил Константиновиќ“ во Лисиче

Градоначалникот на Општина Аеродром Дејан Митески денеска изврши увид во градежните активности на улицата „Гаврил Константиновиќ“ во населбата Лисиче, каде...

Европа51 минута

(Видео) Убиена лекарката на британското кралско семејство

Докторката Хана Кејн, која наводно лекувала членови на британското кралско семејство, е пронајдена мртва во нејзиниот дом во Дерсингем, во...

Свет57 минути

(Видео) Две лица загинаа при уривањето на зградата, потрагата продолжува: трагични вести од Истанбул

Бројот на жртви во уривањето на седумкатница во истанбулскиот кварт Малтепе се искачи на две, додека спасувачките екипи продолжуваат да...

Забава1 час

Огромна сума пари до 20 октомври пристигнува за три хороскопски знаци

Првата половина на октомври може да донесе нешто што одредени хороскопски знаци со нетрпение го очекуваат – опиплива финансиска промена....