Контакт

Македонија

СДСМ: Изборот на Ацо Ристов во Регулаторна е партизација за бизнис интерес на ВМРО

Објавено пред

Пратеникот на СДСМ, Миле Талевски, обвини дека изборот на претседател на Регулаторната комисија за енергетика, Ацо Ристов, кој го предлага власта, претставува уште еден јасен пример на партизација на институциите и воведување на ВМРО-ДПМНЕ кадар во важни државни тела, што го загрозува интересот на граѓаните.

„Денеска повторно сме сведоци како една клучна институција во државата, наместо да биде независна и да работи за интересите на граѓаните и на државата, станува партиска испостава на ВМРО-ДПМНЕ. Добиваме уште еден општински комитет на оваа политичка партија, кој ќе биде дел од партиско-политичките бизнис калкулации“, рече Талевски.

Тој рече дека станува збор за избор на претседател на регулаторна комисија која го одлучува животот на граѓаните преку цените на струјата, горивата, водата и енергенсите.

„И наместо токму сега, кога и ние и целиот свет се соочува со енергетска неизвесност, наместо да бидеме лице во кое ќе имаат доверба сите граѓани на оваа држава, лице кое ќе ги штити нашите интереси, ВМРО-ДПМНЕ без трошка срам, без никаква совест и без никаква одговорност на чело на ова тело предлага најпартиски кадар“, обвини Талевски.

Тој истакна дека Регулаторната комисија за енергетика треба да биде целосно независна и тело кое нема никаква врска ниту со партии, ниту со политика, а нејзиниот претседател да биде стручно лице кое нема никакви допрени точки со политичка или партиска функција.

„Наместо тоа, владејачкото мнозинство го предлага Ацо Ристов, поранешен градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ во Радовиш, по вмровски кадар, не може ни да биде, и овие овде колеги не покажавте ниту трошка срам, ни трошка одговорност за она што и го правите на државата, и што им го правите на институциите“, рече Талевски.

Тој вели дека Ристов е и бизнисмен во енергетиката со директен интерес на пазарот.

„Тоа значи дека човек кој произведува струја треба да стане прв човек на институцијата што ги носи правилата и цените на истиот тој пазар. Замислете човек којшто произведува струја, којшто е заинтересиран за цената на пазарот, самиот тој ќе си ја регулира цената на струјата. Ова не е само конфликт на интереси, ова е сериозен ризик за независноста на регулаторот“, обвини Талевски.

Тој дополнително истакна: „Срамота и тажно е ова што и го правите на државата, што им го правите на нашите граѓани, и тоа во услови кога се соочуваме со нестабилен енергетски пазар, со неизвесност во овој сегмент, кога целиот свет е во исчекување како ќе се справуваме со предизвиците. Или Ацо Ристов толку многу одработил за ВМРО-ДПМНЕ, или пак мора да му се удоволи прилично многу за да ги исполнува нарачките што ќе ги добива откако ќе стапи на оваа функција, а сигурно по ова што го гледаме ќе ги има очигледно многу“.

Талевски исто така посочи на семејните врски во институциите, односно сопругата на Ацо Ристов, Данка Ристова, која веќе е избрана за член на Судскиот совет.

Талевски појасни дека јавноста заслужува јасен одговор за тоа дали Регулаторната комисија ќе работи за граѓаните или за бизнис интереси.

„Овој избор на најпартискиот кадар на регулаторно тело се случува во време кога граѓаните веќе плаќаат повисоки цени на горивата и високи сметки за енергија. Затоа тие имаат право да знаат дали институциите работат во нивни интерес или во интерес на политички и бизнис мрежи. Денес прашањето е едноставно: Дали регулаторна комисија ќе работи за граѓаните или за нечии бизнис интереси? Одговорот за жал е очигледен. Цената повторно ќе ја платат граѓаните“, рече Талевски.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Израелската амбасадорка ја поздрави реакцијата на властите по обидот за палење на синагогата

Објавено пред

Израелската амбасадорка во земјава, Вивијан Аисен, ја поздрави реакцијата на македонските власти по обидот за опожарување на објект на Еврејската заедница и синагогата во Скопје.

„Ви благодарам, министре. Брзите и решителни акции на македонските власти за истрага и повикување на одговорност на одговорните за овој гнасен антисемитски чин се од суштинско значење за спречување на потенцијални идни инциденти“, напиша Аисен на „Икс“.

Претходно, министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски го осуди обидот за палење, оценувајќи го како „апсолутно неприфатлив“.

„Нема место за вакви дела во Македонија“, порача Муцунски, додавајќи дека е во тек истрага и дека сторителите ќе сносат одговорност.

Од Министерство за внатрешни работи информираа дека на улицата „Апостол Гусларот“ биле пронајдени канистер за гориво и траги од горење во двор од верски објект, по што полицијата презема мерки за расчистување на случајот.

Еврејска заедница во Македонија го осуди инцидентот, оценувајќи го како напад врз темелните вредности на општеството и предупреди на зголемен говор на омраза и нетолеранција.

Од заедницата апелираа за целосно расветлување на случајот и обединета осуда од институциите, верските лидери и граѓаните.

 

Прикажи повеќе...

Македонија

Унгарија не смее да биде прибежиште за криминалци, рече Маѓар и го спомена и Груевски кој таму доби азил

Објавено пред

Новоизбраниот премиер на Унгарија, Петер Маѓар, ја критикуваше одлуката на владата на Виктор Орбан да им одобри азил на полските политичари Збигњев Жиобро и Марцин Романовски, кои се товарат за злоупотреба на службената должност.

Тој порача дека Унгарија не смее да биде прибежиште за лица обвинети или осудени за криминал, при што го спомена и поранешниот македонски премиер Никола Груевски.

„И тоа не важи само за нив, туку и за г. Никола Груевски, поранешниот премиер на Северна Македонија“, изјави Маѓар.

Прикажи повеќе...

Македонија

Променливо време со врнежи до четврток, најобилни на исток

Објавено пред

Утре времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, додека попладне и во текот на ноќта во јужните и западните делови се очекуваат локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен, а наместа долж Повардарието и засилен ветер од југоисточен правец, со брзина над 60 километри на час.

Минималната температура ќе се движи од 4 до 10 степени, а максималната ќе достигне меѓу 17 и 22 степени.

Во Скопје, претпладне ќе биде сончево, а попладне променливо облачно. Ќе дува умерен до засилен југоисточен ветер. Температурата ќе се движи од минимални 8 до максимални 21 степен.

Во наредните денови, до четврток, времето ќе биде променливо облачно со услови за локални врнежи од дожд. Пообилни врнежи се очекуваат во четврток во источните делови, каде ќе има и услови за ретки грмежи.

Во петок ќе преовладува облачно време, додека во сабота ќе биде сончево со мала до умерена облачност и слаб до умерен ветер од северен правец. Во недела претпладне ќе биде сончево, а попладне повторно ќе има услови за дожд, особено во западните делови.

Прикажи повеќе...

Најново

Спорт3 часа

(Видео) Фиорентина бега од опасната зона

Фиорентина славеше победа над Лацио (1:0) во последниот натпревар од 32-то коло на Серија А и освоија исклучително важни бодови...

Спорт3 часа

(Видео) Голем триумф на Лидс во борбата за опстанок, победија на „Олд Трафорд“

Фудбалерите на Лидс го победија Манчестер Јунајтед со 2:1 на „Олд Трафорд“, во последниот натпревар од 32-то коло од Премиер...

Регион5 часа

Македонски државјани изнудиле 40.000 евра од пензионерка во Хрватска со измама дека ќерка и’ е во болница: eдна приведена, по двајца се трага

Загрепската полиција уапсила 25-годишна државјанка на Македонија, дел од група од тројца измамници кои, претставувајќи се како лекари, измамиле 87-годишна...

Спорт5 часа

Јамал посакува пресврт на „Метрополитано“

Фудбалерот на Барселона, Ламин Јамал, пред реваншот со Атлетико Мадрид во четвртфиналето од Лигата на шампионите, изјави дека верува, дека...

Црна хроника5 часа

Напад во Затвор Штип: осуденик физички нападнал друг затвореник

Во Казнено-поправната установа Затвор Штип бил пријавен инцидент во кој еден осуденик физички нападнал друг. Според пријавата во СВР Штип...

Македонија5 часа

Израелската амбасадорка ја поздрави реакцијата на властите по обидот за палење на синагогата

Израелската амбасадорка во земјава, Вивијан Аисен, ја поздрави реакцијата на македонските власти по обидот за опожарување на објект на Еврејската...

Спорт5 часа

(Видео) Жан Тод призна: Шумахер два пати не играше чесно и тоа скапо го плати

Жан Тод, потврди дека Михаел Шумахер два пати во кариерата, неспортски се обиде да освои шампионска титула. Легендарниот Тод, го...

Спорт6 часа

Капитенот ја заврши сезоната

Фудбалерот на Тотенхем, Кути Ромеро, ќе мора да паузира помеѓу шест и осум недели, објави Фабрицио Романо. Ромеро претрпе повреда...

Свет6 часа

(Видео) Ова беше чесен пораз, продолжуваме да му служиме на народот, рече Орбан ден по изборите

Премиерот на Унгарија, Виктор Орбан, повторно се огласи по изборниот пораз, обраќајќи им се на гласачите на неговата партија Фидес-КДНП....