Контакт

Македонија

СДСМ: Извештајот на Вајц јасно покажува дека нема напредок во клучните реформи

Објавено пред

Извештајот на известувачот за Македонија во Европскиот парламент, Томас Вајц, јасно покажува дека нема напредок во клучните реформи – владеењето на правото, судството и борбата против корупцијата, велат од СДСМ.

„Ова е уште една потврда на она што СДСМ го зборува месеци наназад. Наместо реформи, владата на Мицкоски продолжува со политичка контрола врз институциите, јавно мешање во работата на обвинителството и создавање на атмосфера на страв и притисок. Извештајот исто така јасно порачува дека јазикот, културата и македонскиот национален идентитет не смеат да бидат доведувани во прашање во процесот на европска интеграција“, велат од партијата.

Дополнително, додаваат од СДСМ, извештајот нагласува дека билатералните прашања треба да се решаваат преку добрососедски односи и отворен дијалог, а не преку провокации и националистичка реторика која ги влошува односите со соседите.

„Ова е директен одговор на сите обиди преку етнонационалистичка реторика и лажни дилеми да се блокира европскиот пат на Македонија. Владата на Мицкоски и понатаму се обидува да ја претстави уставната измена како „уцена“ и закана по идентитетот, иако токму тоа е основниот услов за продолжување на преговорите со ЕУ и нема никаква закана за македонскиот идентитет. Наместо да работи на исполнување на европските стандарди, таа продолжува со изолација и пропаганда. СДСМ уште одамна порачува: доста е со изговорите. Без уставни измени и без вистински реформи во правосудството, нема напредок кон Европа. Граѓаните не заслужуваат лаги и манипулации – заслужуваат јасен пат кон подобра иднина. Реформи сега. Европа сега“, велат од СДСМ.

Најново

Регион25 минути

Директорот на „Рајанер“: Ќе го оспориме тврдењето дека патникот од Србија бил делумно надвор од прозорецот

„Рајанер“ ќе ги „оспори“ тврдењата дека дел од телото на патник за време на лет завршило надвор од авионот откако...

Забава38 минути

(Видео) Бред Пит се појави на проекција, неговиот стајлинг веднаш привлече внимание

Бред Пит (62) се појави во вторникот во Лос Анџелес на проекцијата на својот нов филм „Heart of the Beast“....

Свет1 час

Тимот на Меланија реагира на гласините за наводната афера на Трамп со асистентката

Кабинетот на првата дама, Меланија Трамп, реагира на медиумските шпекулации за односот на американскиот претседател Доналд Трамп со неговата асистентка...

Свет2 часа

Трамп објасни зошто САД не смеат да дозволат Иран да дојде до нуклеарнo оружје

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека САД немаше да го бомбардира Иран доколку Техеран веќе поседуваше нуклеарно оружје, туку тој...

Свет2 часа

Кремљ: Киев ја отвори Пандорината кутија

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, денеска изјави дека Украина, како што тврди, продолжува со „провокации“ со цел подлабоко да ги...

Македонија2 часа

Шасивари – Соријано Ортиз: Продлабочување на соработката со Шпанија во реформите на правосудството

Министерот за правда Јетон Шасивари денеска се сретна со амбасадорот на Кралството Шпанија, Н.Е. Рафаел Соријано Ортиз. Министерот Шасивари го...

Свет2 часа

(Видео) Странски товарен брод се запали во Кина: загинаа најмалку 20 лица; се огласи и претседателот

Тешка несреќа се случи утринава во кинеското пристаниште Кингдао, каде што најмалку 20 лица загинаа во пожар на странски товарен...

Забава2 часа

Шерон Стоун откри зошто живее во целибат: „Веќе не барам некого само за секс“

Шерон Стоун отворено зборуваше за својот љубовен живот, признавајќи дека подолго време практикува целибат бидејќи повеќе не се задоволува со...

Спорт2 часа

Душан Тадиќ повторно ќе игра за Србија

Селекторот на фудбалската репрезентација на Србија, Вељко Пауновиќ го убедлил Душан Тадиќ да се врати во националниот тим, тврди Спорт...