Контакт

Македонија

СДСМ: Левица има јавен договор со Мицкоски

Објавено пред

„Левица повторно ја игра улогата на сателитска партија на ВМРО-ОКГ. Наместо да биде дел од опозицијата, таа продолжува да ја штити власта на Христијан Мицкоски со напади врз СДСМ и со спречување на секој обид за опозициско обединување“, велат од СДСМ.

„Левица не е опозиција. Тоа е партија за ништо.

-Партија против НАТО во земја членка на НАТО.

-Партија против ЕУ во земја кандидат за членство во Европската унија.

-Проруска партија во земја чиј стратешки партнер е Соединетите Американски Држави.

Во земја каде што 77 отсто од граѓаните се за ЕУ интеграција, а 72 отсто се за НАТО, Левица отворено се позиционира против волјата на мнозинството граѓани.

Тоа е нејзината единствена улога, да создава поделби во опозицијата и да му помага на Мицкоски да остане на власт.

Се знаат сите кои од Левица одеа на средби со Мицкоски. Се знае и кои пратеници останаа во собраниската сала заедно со ВМРО-ОКГ во моментот кога опозицијата ја напушти седницата по напредите на Мицкоски.

Тоа не е опозициско однесување. Тоа е јавна и јасна соработка со власта.

Левица нема таен договор со Мицкоски. Договорот е јавен и јасен.

Левица е создадена и финансирана за да ја разбие опозицијата, да ја напаѓа СДСМ и да му обезбеди на Мицкоски дополнителен глас во Собранието кога му е потребен.

Кога ВМРО-ОКГ нема одговори за реформите и за европскиот пат, Левица излегува со лажни обвинувања за да го одбрани режимот.
Левица не е опозиција. Таа е продолжена рака на Мицкоски.

Граѓаните веќе ја препознаа оваа улога. Сателитските партии како Левица постојат само додека трае потребата од нив. Кога ќе заврши таа потреба, ќе исчезнат исто како што исчезна и ЗНАМ“, соопшти СДСМ.

Најново

Свет5 минути

(Фото/видео) Еден од најголемите украински стадиони погоден во руски напад

Во денешниот руски напад врз Одеса, стадионот на „Чорноморец“, еден од најголемите во Украина и дом на истоимениот фудбалски клуб,...

Македонија35 минути

Утре сончево и многу топло време, попладне локален дожд и грмежи

Времето утре ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а...

Соопштенија38 минути

„Кожувчанка“: Само во последните 5 години, вложивме повеќе од 1.500.000 евра преку донации и спонзорства во Македонија

Општествената одговорност за нас не е обврска. Таа е дел од вредностите на Компанијата, велат од „Кожувчанка“. „Само во последните...

Култура1 час

Три македонски филмови се снимаат летово, четвртиот почнува на крајот на август

Македонската кинематографија ова лето бележи интензивен продукциски период, во моментов се снимаат три македонски долгометражни играни филмови, а кон крајот...

Македонија2 часа

Македонец во Кушадаси сериозно ги повредил вратните пршлени, со владиниот авион ќе биде пренесен во Скопје

Млад турист од Македонија се здобил со тешки повреди на вратните пршлени за време на престој во Кушадаси, Турција. Тој...

Забава2 часа

Нутриционисти ги откриваат најдобрите ужинки за деца

Кога децата ќе огладнат помеѓу оброците, родителите често посегнуваат по колачиња или чипс. Сепак, нутриционистите советуваат дека ужинката треба да...

Култура2 часа

„Лабораториум“ го почнува проектот „Лифт“ со бесплатни музички работилници за теремин

Културниот и едукативен центар ЛАБОРАТОРИУМ го започнува новиот проект „ЛИФТ“, културна иницијатива насочена кон развој и поддршка на младата публика...

Свет3 часа

Шпанија ѝ даде рок на Италија до недела да ги укине граничните контроли

Шпанија ѝ даде рок на Италија до недела да ги укине граничните контроли воведени за патниците од Шпанија, кои Мадрид...

Македонија3 часа

Седум нови случаи на Западен Нил во Скопје за една недела, тројца пациенти во критична состојба

Во текот на оваа недела во земјата се регистрирани седум нови случаи на инфекција со вирусот Западен Нил. Сите случаи...