Контакт

Македонија

СДСМ потврди дека Богоев е уапсен: „Политички прогон за дефокусирање на јавноста“

Објавено пред

СДСМ со соопштение потврди дека е уапсен поранешниот градоначалник на Општина Карпош и поранешен директор на Царинската управа, Стефан Богоев. Од опозицијата велат дека премиерот, Христијан Мицкоски, со денови го најавувал неговото апсење и обвинија дека станува збор за политички прогон за дефокусирање на јавноста.

„На денот кога претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта пристигна во Македонија, кој го потврди она што го говори СДСМ и порача дека без внесување на малцинствата во Уставот нема поместување од мртва точка, токму тогаш се отвора предмет за Стефан Богоев. Дали има некој што верува во ова партизирано судство и обвинителство после нарачките на Мицкоски преку собраниската говорница, на телевизија и на крај директно преку телефон? Дали има некој што може да каже дека ова е вистински или сепак станува збор за монтиран случај во денот кога Мицкоски добива критики, кога сите негови лаги пред граѓаните се на виделина?“, прашуваат од СДСМ.

Од партијата велат дека станува збор за политички прогон и обид за дефокусирање од критиките што доаѓаат од Европската Унија, откако уште еднаш се потврдило дека Македонија стои во место поради криминалот и корупцијата на власта и поради неспроведувањето на реформите.

„Тоа најдобро го знае самиот Мицкоски, кој денес се однесува како организатор на секој процес во државата. Мицкоски со неговите „чувства“ веќе со денови јавно го најавуваше ова апсење. Додека режира спектакли за јавноста, остануваат неодговорени многу сериозни прашања. Со месеци нема одговор што се случи со петте тони дрога што ја поминаа границата и завршија кај сестринската партија СНС. Нема одговорност за низа скандали кои ги објави Антикорупцискиот тим на СДСМ. Нема ништо за 161 тендер за семејна фирма на Томовски, за 93 тендери за Мастеф, за 51 тендер за „Пирамид Билдинг“, за 74 тендери за „Ленди Груп“, за 9 милиони евра за фирма со двајца вработени, за 1,2 милиони евра тендер преку Пошта за фирма блиска до ЗНАМ. Нема борбата против криминалот и корупцијата, нема реформи, нема напредок кон ЕУ“, велат од СДСМ.

Наместо институции што работат независно, додаваат од партијата, гледаме јавни најави на истраги и апсења од страна на премиерот Мицкоски, што, според СДСМ, ги потврдува сериозните сомнежи за целосно политичко влијание врз правосудниот систем.

„Оваа техника – прво најава, потоа апсење, па водење кампања против опозицијата – Вучиќ ја практикува со години. Мицкоски и тука работи по принципот copy-paste. Кога знаеме дека ВМРО изгуби околу 150.000 гласа и дека поради лагите на Мицкоски неговиот рејтинг сериозно опаѓа, граѓаните можат само да помислат дека и ова е уште една од познатите ПР-кампањи на ВМРО и организираната криминална група. Наместо резултати, гледаме спектакли. Наместо реформи, гледаме политички театар. Наместо одговори за реалните проблеми на граѓаните, гледаме обиди за дефокусирање на јавноста. Мицкоски постојано создава театар за јавноста. Театар има секој ден. Резултати нема. Затоа на Македонија ѝ се потребни независно судство, независно обвинителство и соработка со Европското јавно обвинителство“, велат од СДСМ.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Владиниот центар за одговор на сајбер инциденти MKD-GOV-CSIRT стана полноправна членка на FIRST

Објавено пред

Владиниот центар за одговор на сајбер инциденти MKD-GOV-CSIRT е примен како полноправна членка на FIRST – Forum of Incident Response and Security Teams, глобална меѓународна мрежа на тимови за одговор на компјутерски безбедносни инциденти, извести Министерството за дигитална трансформација.

Приемот на MKD-GOV-CSIRT како нов полноправен член е официјално прифатен од Бордот на директори на FIRST, со што се потврдува напредокот на Македонија во областа на сајбер безбедноста и нејзината посветеност кон градење посилен, професионален и европски систем за сајбер отпорност.

Овој успех е резултат на домашни човечки и инфраструктурни капацитети на Министерството за дигитална трансформација и Секторот за сајбер безбедност, со стручна и техничка поддршка од партнерите од Соединетите Американски Држави и Европската Унија.

Членството во FIRST овозможува поголема меѓународна доверба, побрза размена на информации, пристап до експертиза и подобра координација при превенција, откривање и справување со сајбер закани и инциденти.

Со ова, Македонија реализира уште еден важен чекор од Реформската агенда, со рок до 30 јуни 2026 година, и создава услови за отклучување нови средства од Планот за раст, соопштува Министерството за дигитална трансформација.

Прикажи повеќе...

Македонија

Министерот Мисајловски на отворањето на „EUROSATORY 2026“ во Париз

Објавено пред

Министерот за одбрана Владо Мисајловски, денеска е во Париз, Република Франција, каде ќе присуствува на отворањето на меѓународниот саем за одбрана и безбедност „EUROSATORY 2026“, на кој учествуваат повеќе од 400 излагачи на воена опрема.

За време на одржување на меѓународниот саем министерот Мисајловски ќе присуствува и на приемот за министрите за одбрана чиј домаќин е министерката за одбрана на француските вооружени сили, Катерине Ваутрин и ќе оствари средба со Хелен Конвеј-Мурет – потпретседателка на Комитетот за надворешни работи, одбрана и вооружени сили на францускиот Сенат.

Оваа посета е одлична можност за запознавање со најновите техничко-технолошки достигнувања на полето на одбраната, кои ќе бидат од особено значење имајќи ги предвид следните чекори за модернизација на опремата за македонската Армија, соопштува Министерството за одбрана.

Прикажи повеќе...

Македонија

„Намалени субвенции, ниски откупни цени – Мицкоски ги излажа земјоделците“, велат од СДСМ

Објавено пред

„Мицкоски ги излажаа земјоделците. Во опозиција им ветуваше повеќе пари, поголема поддршка, сигурен откуп…ништо од тоа. После 2 години власт земјоделството е на колена: субвенциите се намалени за 40 милиони евра и постојано каснат, откупот на земјоделски производи е намален за 46 проценти, трошоците за производство се зголемени, буквално нема сегмент во земјоделието каде нема сериозен проблем“, велат од СДСМ.

„Најдобар доказ за тоа е состојбата во сточарството и кризата со откупот на млекото.

Откупната цена на млекото е драстично намалена за над 30% и понижувачка за сточарите. Денес литар млеко се откупува за едвај дваесетина денари, цена која не ги покрива ниту основните производствени трошоци.

Веќе две млекарници во делчевскиот регион најавија прекин на откупот, што значи дека многу сточари остануваат без пласман и без егзистенција и кризата ќе се продлабочи. Дополнително, доцнат субвенциите за добиток и премиите за млеко.

Во исто време, цените на млекото и млечните производи во маркетите растат. Значи дека некој профитира на грбот на македонските сточари.

Земјоделците ја хранат Македонија, можат да го хранат и целиот регион ако Владата на Мицкоски се грижеше за нив.

Земјоделците претрпеа силен удар и од растот на цените на горивата, бидејќи Владата не презеде никакви мерки за да ги заштити од зголемените трошоци за производство.

Сега, откако го спаси Трипуновски Мицкоски треба да излезе и да им каже на земјоделцитте зошто нема мерки за млекото, оризот, доматот и пиперката? Зошто доцнат субвенциите?

Затоа што, како што рековме нема пари во буџетот за земјоделците заради криминални тендери. Сега снемува пари и за тендери штом му се брза со избори“, соопшти СДСМ.

Прикажи повеќе...

Најново

Забава5 минути

Сакале или не, ќе доживеат големи промени: Три хороскопски знаци ќе бидат миленици на летото

Владеењето на Ракот започнува на 21 јуни и носи период во кој некои долгоочекувани работи конечно почнуваат да се спојуваат....

Спорт28 минути

(Видео) Јапонците повторно го воодушевија светот, го исчистија целиот стадион

Додека на Светското првенство се водат битки за освојување на еден или три бода, навивачите на Јапонија уште еднаш покажаа...

Црна хроника36 минути

Акциски контроли во сообраќајот во Куманово и Тетово: изречени се 114 санкции, уапсени се седум лица, одземени шест мотоцикли и едно патничко возило

На 13.06.2026 во периодот од 17:00 до 23:00 часот, Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата при Секторот за...

Црна хроника39 минути

Акциска контрола во сообраќајот во Скопје, изречени 219 санкции, одземен еден мопед

Вчера во периодот од 16:00 до 24:00 часот на подрачјето на Скопје, Одделението за безбедност на патниот сообраќај и Единицата...

Економија40 минути

Оваа недела ќе се одржи 58. сесија на Клубот на истражувачите на Народната банка

На 18 јуни 2026 година (четврток), со почеток во 14 часот, ќе се одржи 58. сесија на Клубот на истражувачите...

Македонија44 минути

Владиниот центар за одговор на сајбер инциденти MKD-GOV-CSIRT стана полноправна членка на FIRST

Владиниот центар за одговор на сајбер инциденти MKD-GOV-CSIRT е примен како полноправна членка на FIRST – Forum of Incident Response...

Македонија46 минути

Министерот Мисајловски на отворањето на „EUROSATORY 2026“ во Париз

Министерот за одбрана Владо Мисајловски, денеска е во Париз, Република Франција, каде ќе присуствува на отворањето на меѓународниот саем за...

Македонија48 минути

„Намалени субвенции, ниски откупни цени – Мицкоски ги излажа земјоделците“, велат од СДСМ

„Мицкоски ги излажаа земјоделците. Во опозиција им ветуваше повеќе пари, поголема поддршка, сигурен откуп…ништо од тоа. После 2 години власт...

Спорт49 минути

Каролина го освои Стенли Купот

Каролина Хјурикенс се шампиони на НХЛ. Тимот од Северна Каролина стигна до Стенли Купот со победа во серијата против Лас...