Контакт

Македонија

СДСМ: Скандалот со обезбедувачот на Мицкоски е нова причина за оставка од Тошковски

Објавено пред

СДСМ денеска побара оставка од министерот за внатрешни работи Панче Тошковски по случајот со припадник на обезбедувањето на премиерот Христијан Мицкоски, кој заврши во притвор под сомнение за семејно насилство.

На прес-конференција, членката на Извршниот одбор на СДСМ, Наташа Поповиќ, изјави дека станува збор за уште еден скандалозен случај кој, според неа, ја покажува состојбата во безбедносниот систем.

„Обезбедувањето на Мицкоски е под директна надлежност на министерот Панче Тошковски. Ако полицајците на Тошковски се тепачи и учесници во семејно насилство, нема систем што може да се воспостави за превенција ниту пак заштита на жртвите“, рече Поповиќ.

Таа оцени дека насилството во државата станало секојдневие и наведе повеќе случаи на семејно, врсничко и друго насилство, тврдејќи дека институциите не реагираат соодветно.

Од СДСМ порачаа дека одговорноста е директно кај Тошковски и повторно побараа негова оставка.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

„Вреди“ за протестите: Зошто Ахмети се крие зад студентите, го потпалува огнот позади, додека ги турка другите напред

Објавено пред

Вистината мора да се каже јасно и гласно: студентите протестираа против неправда која потекнува токму од времето на владеењето на ДУИ. Сите Албанци знаат дека правосудниот испит никогаш не се одржувал на албански јазик.
Протестот е демократско право и никој тоа не го оспорува. Но, ние реагираме против оние кои се обидуваат да го манипулираат истиот за политички цели, велат од „Вреди“.

„Денес на протестот, без ни малку срам, се појавија и двајцата главни виновници што правосудниот испит не се одржува на албански јазик: Муса Џафери и Блерим Беџети.
Токму тие што денес се обидуваат да ја разгорат оваа тема, ја користеа власта за лично богатење во периодот кога проблемот требаше да биде решен.
Почитувани студенти, ние отворено разговаравме со вас. Го прифативме вашето барање и ви ветивме дека проблемот ќе биде решен.
Вие побаравте правосудниот испит да биде на албански јазик, а ние работиме сите професионални испити да бидат достапни и на албански јазик.
Во таа насока, денес во Владата се одржа средба меѓу премиерот Христијан Мицкоски и претседателите на „Вреди“. Затоа со целосна сигурност ви порачуваме: многу скоро испитите ќе бидат и на АЛБАНСКИ ЈАЗИК.
Албанците не се наивни. Тие многу јасно гледаат дека зад оваа врева не стои грижата за студентите, туку борбата за изгубената власт.
Затоа, вистинското прашање е: Зошто Али Ахмети се крие зад студентите? Зошто не им кажува на Албанците дека ова прашање не го реши кога целата власт беше во негови раце“, прашуваат од оваа партија.

Како што додаваат, уште еднаш, Али Ахмети покажа дека „го фрла каменот, а ја крие раката“.

„Го потпалува огнот од позади, додека ги турка другите напред, а потоа се обидува политички да профитира“.

Ова прашање, според „Вреди“ не смее да се претвори во судир меѓу институциите и студентите.

„Студентите се наши деца.
Затоа ги повикуваме студентите да не подлегнуваат на политички манипулации и да имаат доверба дека ова прашање веќе е преземено од „Вреди“ и дека неговото решение е многу блиску.

Прикажи повеќе...

Македонија

ЗНАМ се распаѓа, Левица ја презема нивната улога, велат од СДСМ

Објавено пред

ЗНАМ се распаѓа. Последната улога што ја има е да ја напаѓа СДСМ со учество во Латасовата кампања за обвинувања на СДСМ, истакнуваат од СДСМ.

„Не помина со ЗНАМ, па сега е активиран уште еден „спијач“ на ВМРО и проект на Христијан Мицкоски – Левица.

Партија креирана токму за вакви потреби.

Анти-ЕУ партија во земја во која 77% од граѓаните се за ЕУ.

Анти-НАТО партија во земја која е горда членка на НАТО и во која 72% од граѓаните се за НАТО.

Руска партија во земја во која САД се стратешки партнер“.

Од СДСМ прашуваат за што служи оваа партија.

„За ништо, единствената улога на Левица е да ја напаѓа СДСМ кога криминалната влада на ВМРО нема одговори за Реформската агенда.

Кога останаа уште само 13 дена до ветувањето на Мицкоски дека ќе ги исполни сите 10 точки од реформите.

Ето за тоа служи Левица и за ништо друго.

Граѓаните јасно гледаат: секој пат кога ВМРО заглави со реформите и со ЕУ-патот, се активира некој нов „спијач“ за дефокус и напади врз СДСМ.

Доста е со проектите и лажните партии“.

Граѓаните, додаваат од таму, сакаат реформи, правда и Европа.

„Реформи сега.

Малцинства во Уставот сега.

Европа сега“.

Прикажи повеќе...

Македонија

МВР со апел: Граѓаните навремено да ги подигнат готовите лични документи

Објавено пред

Управните служби при Министерството за внатрешни работи апелираат до граѓаните навремено да ги подигнат своите готови лични документи.

„Благодарение на реорганизацијата и зголемениот капацитет, управните служби моментално работат со максимална ажурност и ефикасност. Процесот е целосно оптимизиран и овозможува брзо и едноставно закажување на термините за фотографирање, минимално време за чекање пред шалтерите и експресно изготвување на документите во законски предвидениот рок (па дури и порано).
Пред нас е период кога традиционално се зголемува фреквенцијата во управните служби поради годишните одмори и пристигнувањето на нашите сограѓани од дијаспората.
Со навременото подигнување на вашите готови документи уште сега, директно придонесувате да се задржи овој брз и ефикасен ритам на работа и спречувате создавање на непотребни гужви и долги редици во пресрет на летниот период“.

Повикуваат граѓаните да ја проверат важноста на своите документи и доколку веќе се имаат фотографирано, да ги подигнат.

„Нашите служби ве очекуваат а навремената реакција е во интерес на сите нас“, апелираат од МВР.

Прикажи повеќе...

Најново

Спорт6 часа

Анчелоти го објави спискот, Нејмар ќе игра на СП

Селекторот на фудбалската репрезентација на Бразил, Карло Анчелоти го објави списокот од 26 играчи што ќе ги предводи на Светското...

Спорт6 часа

(Видео) Арсенал е на чекор до титулата во Премиер лигата

Фудбалерите на Арсенал го победија Барнли со 1:0, во 37-то коло од Премиер лигата. Домашниот тим се доближи до титулата...

Спорт6 часа

Дејли Мејл: Гвардиола во недела си оди од Манчестер Сити

Пеп Гвардиола ќе го напушти Манчестер Сити, ќе го напушти клубот, во недела, по последниот натпревар во Премиер лигата, тврди...

Свет8 часа

Американец почина од хантавирус: „Изворот на инфекцијата сè уште се истражува“

Возрасно лице од Колорадо почина откако беше потврдено дека има хантавирус, случај кој не е поврзан со ширењето на вирусот...

Свет8 часа

(Видео) Маж и жена се обиделе да прошверцуваат бебиња мајмуни скриени во долна облека

Колумбиските власти уапсија маж и жена на меѓународниот аеродром Рафаел Нуњез во Картагена, откако открија грозоморен обид за прошверцување на...

Свет8 часа

(Видео) Детали за пукањето во Турција: Ја убил поранешната сопруга, а потоа следел крвав напад

Најмалку пет лица беа убиени денес, а седум беа ранети, кога вооружен напаѓач отвори оган во близина на градот Мерсин...

Македонија9 часа

„Вреди“ за протестите: Зошто Ахмети се крие зад студентите, го потпалува огнот позади, додека ги турка другите напред

Вистината мора да се каже јасно и гласно: студентите протестираа против неправда која потекнува токму од времето на владеењето на...

Свет9 часа

Шефoт на естонската разузнавачка служба: Времето не е на страната на Путин

Русија се бори со растечкиот домашен притисок поради неуспесите на украинското бојно поле и економските тешкотии, изјави Каупо Росин, директор...

Свет9 часа

„Њујорк Тајмс“: САД и Израел подготвуваат нови воени операции против Иран веќе оваа недела

Соединетите Американски Држави и Израел подготвуваат можни нови воени операции против Иран уште оваа недела, пишува „Њујорк Тајмс“, повикувајќи се...