Контакт

Македонија

СДСМ со закон предлага намалување на патарините за 50 oтсто

Објавено пред

Пратеникот од СДСМ, Митко Трајчулески, на денешната собраниска седница на кој на дневен ред е Предлогот на Законот за изменување и дополнување на Законот за јавните патишта, поднесен од пратеничката група на СДСМ и коалцијата, посочи дека со овој предлог се предлага намалување на цените на патарините за околу 50 проценти.

Трајчулески потенцираше дека цените на патарините се дополнителен удар врз граѓаните и компаниите во оваа криза, бидејќи патарините играат сериозна улога во креирање на финалните цени кои граѓаните ги плаќаат за нашите производи во рамки на маркетите, и кои компаниите ги плаќаат при набавка на репроматеријали.

Во продолжение е интегралното обраќање на Трајчулески:

„Денеска на собраниска седница е Предлог на Закон за изменување и дополнување на Законот за јавни патишта. Со овој предлог на закон, предлагаме патарините во нашата држава да бидат уредувани, односно цената на патарините да биде уредувана со закон, а не како досега со одлука на влада и преку предлогот кој го доставуваме пред вас пред пратениците во скратена постапка предлагаме намалување на цените на патарините за околу 50%.

Зошто овој предлог го даваме токму сега? Затоа што прво патарината како трошок не претставува мал и маргинален трошок. Таа е дел од мобилноста на нашите граѓани. Таа е дел од снабдувањето, од логистиката и од сите оние синџири на снабдување и како таква игра сериозна улога во креирање на финалните цени кои граѓаните ги плаќаат за нашите производи во рамки на маркетите, во рамки на аптеките, и кои компаниите ги плаќаат при набавка на репроматеријали.

Имајќи предвид дека нашата држава е увозно зависна по однос на најважните и најосновните наши потреби, тука зборуваме увозно зависна во делот на храната, на лековите, на репроматеријалите, транспортот како таков игра сериозна улога во креирање односно создавање на финалната цена на производите. Оттука намалувањето и ограничувањето на транспортните трошоци директно ќе се рефлектира на намалување на цените во маркетите, на намалување на цените на лековите, но исто така и на репроматеријалите кои треба да стигнат до нашите фабрики кои потоа треба да ги преработат во финален производ.

Оттука самиот начин на на регулирање односно на намалување на цените на патарините, заедно со пакетот на закони кој го предлагаме денеска во однос на намалување на акцизата, на данокот на додадена вредност како пакет претставува сериозна поддршка за целокупниот транспорт во државата, меѓутоа на тој начин сериозна поддршка за нашите граѓани и заштита на животниот стандард. Затоа што, на крајот на денот цената на патарините не ја плаќа превозникот, односно транспортерот, цената ја плаќаат граѓаните кога ќе одат на каса и ќе платат за а намирниците, за продуктите кои ги купиле, кога ќе одат во аптека и ги платат лековите, а исто така нашите компании кога ќе ги набавуваат сопствените репроматеријали.

Јас очекувам дека ние како избрани од граѓаните, како најповикани, најодговорни да работиме во нивен интерес, да работиме на заштита на нивниот стандард, да работиме во насока на луѓето што помалку да го осетат притисокот од овие глобални предизвици со кои се соочуваме ние, како и целиот свет, и очекувам дека сите заедно денес ќе дадеме поддршка на ова законско решение. На крајот на денот, ако за многу работи не можеме да се договориме, ако за многу работи не можеме да да се обединиме и да дадеме поддршка, можеби денес е моментот по однос на сите овие законски решенија да дадеме поддршка и на тој начин да покажеме дека знаеме која ни е одговорноста и дека знаеме да водиме грижа за нашите граѓани, за нашите компании, за нашата економија“.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Израелската амбасадорка ја поздрави реакцијата на властите по обидот за палење на синагогата

Објавено пред

Израелската амбасадорка во земјава, Вивијан Аисен, ја поздрави реакцијата на македонските власти по обидот за опожарување на објект на Еврејската заедница и синагогата во Скопје.

„Ви благодарам, министре. Брзите и решителни акции на македонските власти за истрага и повикување на одговорност на одговорните за овој гнасен антисемитски чин се од суштинско значење за спречување на потенцијални идни инциденти“, напиша Аисен на „Икс“.

Претходно, министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски го осуди обидот за палење, оценувајќи го како „апсолутно неприфатлив“.

„Нема место за вакви дела во Македонија“, порача Муцунски, додавајќи дека е во тек истрага и дека сторителите ќе сносат одговорност.

Од Министерство за внатрешни работи информираа дека на улицата „Апостол Гусларот“ биле пронајдени канистер за гориво и траги од горење во двор од верски објект, по што полицијата презема мерки за расчистување на случајот.

Еврејска заедница во Македонија го осуди инцидентот, оценувајќи го како напад врз темелните вредности на општеството и предупреди на зголемен говор на омраза и нетолеранција.

Од заедницата апелираа за целосно расветлување на случајот и обединета осуда од институциите, верските лидери и граѓаните.

 

Прикажи повеќе...

Македонија

Унгарија не смее да биде прибежиште за криминалци, рече Маѓар и го спомена и Груевски кој таму доби азил

Објавено пред

Новоизбраниот премиер на Унгарија, Петер Маѓар, ја критикуваше одлуката на владата на Виктор Орбан да им одобри азил на полските политичари Збигњев Жиобро и Марцин Романовски, кои се товарат за злоупотреба на службената должност.

Тој порача дека Унгарија не смее да биде прибежиште за лица обвинети или осудени за криминал, при што го спомена и поранешниот македонски премиер Никола Груевски.

„И тоа не важи само за нив, туку и за г. Никола Груевски, поранешниот премиер на Северна Македонија“, изјави Маѓар.

Прикажи повеќе...

Македонија

Променливо време со врнежи до четврток, најобилни на исток

Објавено пред

Утре времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, додека попладне и во текот на ноќта во јужните и западните делови се очекуваат локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен, а наместа долж Повардарието и засилен ветер од југоисточен правец, со брзина над 60 километри на час.

Минималната температура ќе се движи од 4 до 10 степени, а максималната ќе достигне меѓу 17 и 22 степени.

Во Скопје, претпладне ќе биде сончево, а попладне променливо облачно. Ќе дува умерен до засилен југоисточен ветер. Температурата ќе се движи од минимални 8 до максимални 21 степен.

Во наредните денови, до четврток, времето ќе биде променливо облачно со услови за локални врнежи од дожд. Пообилни врнежи се очекуваат во четврток во источните делови, каде ќе има и услови за ретки грмежи.

Во петок ќе преовладува облачно време, додека во сабота ќе биде сончево со мала до умерена облачност и слаб до умерен ветер од северен правец. Во недела претпладне ќе биде сончево, а попладне повторно ќе има услови за дожд, особено во западните делови.

Прикажи повеќе...

Најново

Спорт3 часа

(Видео) Фиорентина бега од опасната зона

Фиорентина славеше победа над Лацио (1:0) во последниот натпревар од 32-то коло на Серија А и освоија исклучително важни бодови...

Спорт4 часа

(Видео) Голем триумф на Лидс во борбата за опстанок, победија на „Олд Трафорд“

Фудбалерите на Лидс го победија Манчестер Јунајтед со 2:1 на „Олд Трафорд“, во последниот натпревар од 32-то коло од Премиер...

Регион5 часа

Македонски државјани изнудиле 40.000 евра од пензионерка во Хрватска со измама дека ќерка и’ е во болница: eдна приведена, по двајца се трага

Загрепската полиција уапсила 25-годишна државјанка на Македонија, дел од група од тројца измамници кои, претставувајќи се како лекари, измамиле 87-годишна...

Спорт5 часа

Јамал посакува пресврт на „Метрополитано“

Фудбалерот на Барселона, Ламин Јамал, пред реваншот со Атлетико Мадрид во четвртфиналето од Лигата на шампионите, изјави дека верува, дека...

Црна хроника6 часа

Напад во Затвор Штип: осуденик физички нападнал друг затвореник

Во Казнено-поправната установа Затвор Штип бил пријавен инцидент во кој еден осуденик физички нападнал друг. Според пријавата во СВР Штип...

Македонија6 часа

Израелската амбасадорка ја поздрави реакцијата на властите по обидот за палење на синагогата

Израелската амбасадорка во земјава, Вивијан Аисен, ја поздрави реакцијата на македонските власти по обидот за опожарување на објект на Еврејската...

Спорт6 часа

(Видео) Жан Тод призна: Шумахер два пати не играше чесно и тоа скапо го плати

Жан Тод, потврди дека Михаел Шумахер два пати во кариерата, неспортски се обиде да освои шампионска титула. Легендарниот Тод, го...

Спорт6 часа

Капитенот ја заврши сезоната

Фудбалерот на Тотенхем, Кути Ромеро, ќе мора да паузира помеѓу шест и осум недели, објави Фабрицио Романо. Ромеро претрпе повреда...

Свет6 часа

(Видео) Ова беше чесен пораз, продолжуваме да му служиме на народот, рече Орбан ден по изборите

Премиерот на Унгарија, Виктор Орбан, повторно се огласи по изборниот пораз, обраќајќи им се на гласачите на неговата партија Фидес-КДНП....