Контакт

Македонија

СДСМ тврди дека Лукровски сакал да поднесе оставка, но Мицкоски не му дозволил

Објавено пред

Сотир Лукровски соопшти дека повторно е градоначалник на Општина Карпош. По речиси два месеци отсуство, се врати на функцијата. Според сите информации што излегоа во јавноста, Лукровски сакаше да поднесе оставка. Сакаше да си замине, но Мицкоски не дозволи, тврдат од СДСМ.

„Но, организираната криминална група ВМРО и нејзиниот шеф Христијан Мицкоски не му дозволија. Партијата вложи огромни напори и пари за да го освои Карпош, па сега не може да си дозволи да го изгуби преку предвремени локални избори. Затоа Лукровски „заврши со боледувањето“ и се врати да ја врши функцијата. Не затоа што сака, туку затоа што му е наложено“, велат од СДСМ.

Според партијата, ова е уште еден доказ за тоа како функционира системот на Мицкоски.

„Луѓето се ставаат на функции не за да работат, туку за да ги штитат партиските интереси. А кога некој ќе се обиде да си замине, бидејќи не може или не сака да ја врши функцијата, му се закануваат и го принудуваат да остане. Лукровски прифати да остане и да одговара за Мицкоски и ВМРО-ОКГ. Да седи на функција која не ја сака, затоа што знае дека секој нов потпис може да значи само плус година во „Идризово“. Ова е партиска диктатура во која луѓето се третираат како потрошна роба. А граѓаните на Карпош сега имаат градоначалник кој не сака да биде таму, и општина која функционира во вакуум. Колку уште градоначалници и министри се во иста ситуација, на функција против своја волја, само затоа што Мицкоски и неговата група не сакаат да изгубат контрола?“, прашува СДСМ

Најново

Регион1 час

Пожарот на Халкидики ставен под контрола, изгореа неколку куќи

Пожарот што денеска зафати дел од Халкидики е под контрола. Оштетени се куќи и инсфратруктура и за среќа нема жртви....

Македонија2 часа

Ферати: 25 години по Охридскиот договор, наша задача е мирот да го претвориме во доверба, а довербата во подобра иднина

На централниот настан по повод 25-годишнината од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, министерот за односи меѓу заедниците, Агон Ферати, истакна...

Забава2 часа

Три едноставни тестови откриваат дали доматот е навистина квалитетен

Купувате домати, но не сте сигурни кој е најдобар? Можете да го проверите квалитетот со три едноставни тестови: погледнете ја...

Македонија3 часа

(Видео) Одблизу кај пожарот во Лозани: „Огнот стигна до куќите, опасноста продолжува“

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, објави видео од големиот пожар кај селото Лозани, битолско. Кажа дека...

Регион3 часа

Хотелиерите на Халкидики и Солун ќе ги сместат погодените од големиот пожар во Сивири

Хотелиерите на Халкидики и Солун имаат слободни соби за погодените од големиот пожар што избувна во Сивири на првиот крак...

Топ3 часа

МВР: 13 лица повикани во полиција за споделување информации за водата во Скопје, ниту еден од нив не кажал веродостоен извор

Секторот за компјутерски криминал повика 13 лица поради ширење на лажни информации за водата во Скопје, информира Министерството за внатрешни...

Свет4 часа

Унгарија итно гради брана на Дунав за ладење на нуклеарна централа

Унгарија ќе изгради брана на Дунав, чие ниво на вода нагло се намали поради сушата, за да се одржи ладењето...

Регион4 часа

(Видео) „Изгубивме сè“ – маж и жена од Сивири го изгубија домот во шумскиот пожар

Со солзи во очите, пар од Сивири, Халкидики, изјави за ЕРТ дека нивниот дом бил целосно уништен од шумскиот пожар...

Регион5 часа

(Видео) Туристите од Халкидики се евакуираат со бродови

Повеќе од 347 лица веќе се безбедно транспортирани од Халкидики до марината Сани, додека уште приближно 92 лица се качија...