Контакт

Македонија

СДСМ: Владата склучила тендер од 100.000 евра за вода во Гостивар без јавен оглас, бизнис зделка на Мицкоски

Објавено пред

Додека граѓаните на Гостивар со недели пиеја загадена вода и илјадници луѓе се соочуваа со здравствени последици, Владата на Мицкоски преку Службата за општи и заеднички работи склучила договор за набавка на вода за пиење во вредност од 100.000 евра. Договорот, поради кризата, е склучен со директно договарање, без јавен оглас, велат од СДСМ.

Од партијата велат дека според достапните информации, договорот е склучен со „Кожувчанка“, компанија која е сопственост на градоначалникот на Општина Кавадарци

„Бизнис зделка од 100.000 евра без тендер. Според достапните информации, договорот е склучен со „Кожувчанка“, компанија која е сопственост на градоначалникот на Општина Кавадарци, а постапката ја спровел директорот на СОЗР, Ивица Томовски. Голема грижа на тендер патриотите Мицкоски и ВМРО-ОКГ, бизнис зделка од 100.000 евра без тендер. Така замислуваат и со криминалниот Закон за Скопје 2028, без тендери, само свои компании.  Поради тендер патриотите отруена е цела Македонија а одговорни нема. Ниту еден. Граѓаните се трујат и одат по болници, институциите молчат и доцнат со реакција. Ништо не функционира освен бизнис зделките на тендер патриотите. Дури и во овие моменти кога народот се труе, они тераат бизнис и профитрираат. Профитираат на грбот на народот и на здравјето на луѓето“, велат од СДСМ.

 

фото/илустрација

Најново

Свет14 минути

Трамп ќе го засили економскиот притисок врз Иран

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека засега е подготвен да го засили економскиот притисок врз Иран, наместо да нареди нова...

Свет38 минути

Ескалира дипломатскиот судир меѓу Шпанија и Италија поради граничните контроли и мигрантите

Односите меѓу Шпанија и Италија сериозно ескалираа откако двете членки на Европската Унија меѓусебно си воведоа гранични контроли, а последиците...

Регион1 час

Хрватска е поскапа од Грција, Италија, Турција и Шпанија

Холандски портал проанализира огромен број пакет-аранжмани за летување на Медитеранот. Бројките јасно ја покажаа исплатливоста на поместувањето на годишниот одмор...

Македонија2 часа

Мерџаноски: Стабилна е состојбата на момчето повредено во Турција, започната е физикална терапија

Стабилен е младиот пациент кој се здоби со сериозна повреда на рбетот во Кушадаси, изјави за медиумите директорот на Клиниката...

Црна хроника2 часа

Трагедија во Ресенско: мотоциклист излета од патот и загина

Четириесет и четиригодишен жител на селото Љубојно загина во тешка сообраќајна несреќа што се случила рано утринава во Ресенско, соопшти...

Забава2 часа

Истражување: Некои бои на облеката привлекуваат комарци повеќе од другите

Летните вечери често носат борба со комарците, а новото научно истражување од Универзитетот во Вашингтон, објавено во списанието „Нејчр Комјуникејшнс“,...

Црна хроника2 часа

Приведен 17-годишник во Скопје: нападнал полицаец кој му укажувал помош

Седумнаесетгодишник од скопско бил приведен откако физички нападнал полициски службеник кој се обидел да му помогне, соопшти Министерството за внатрешни...

Забава2 часа

Не поднесуваат лажна љубезност: хороскопски знаци кои не можат да скриат кога некој им оди на нерви

Некои луѓе лесно ги кријат емоциите, но кај други уште во првите неколку секунди се гледа што мислат за соговорникот....

Спорт3 часа

Влаховиќ е блиску до трансфер во Бешикташ

Српскиот фудбалски репрезентативец Душан Влаховиќ се наоѓа пред конечна одлука околу тоа каде да ја продолжи кариерата. Бешикташ во моментоцв...