Контакт

Македонија

„Сега Муцунски се занимава со полиција откако Тошковски беше задолжен за хиперхлорирање“, велат од СДСМ

Објавено пред

„Граѓаните се соочуваат со здравствени последици од труење со вода, со небезбедна вода во над 50 населени места, со загадени реки а сега и со епидемија од западно нилска треска. Што прави премиерот и министрите во Владата? Прмеиерот Мицкоски е на екскурзија. Министерот за полиција Панче Тошковски, беше задолжен за хиперхлокирање на водата во Гостивар и чистење на цевките. Сега Тимчо Муцунски – министер за надворешни работи се занимава со полиција“, велат од СДСМ.

„Тој кажува колку луѓе биле повикани на разговор во полиција за шпекулациите и лажните информации за водата во Скопје. Па каде е Тошковски? Работи ли нешто? Да не е и тој на екскурзија? Во ВМРО – ОКГ сите се занимаваат со туѓа работа само не со својата.

Како луѓето да имаат доверба? Гледаат дека ништо не функционира, затоа здравјето на луѓето е под ризик. Доцнат со реакциите, кријат информации од народот, потоа ескалира состојбата. Неспособната Влада на Мицкоски ниту основните функции не ги извршува, не може да го заштити здравјето на луѓето. Тотален институционален распад а сметката ја плаќаат граѓаните“, се наведува во соопштението на СДСМ.

Најново

Спорт16 минути

(Видео) Ливерпул демонстрираше сила кај ЛАСК, Феенорд го победи Комо

Феенорд и Ливерпул со победи го отворија вториот ден од второто коло во Лигата на шампионите. Феенорд на домашен терен...

Свет20 минути

Си-ен-ен: Новата портпаролка на Трамп лажно се претставува како адвокат, тоа е казниво

Работата на портпаролот е да ги обликува вестите, а не да стане вест. Новата портпаролка на Белата куќа, Кејти Закарија,...

Македонија28 минути

Митева: Во Клиничката болница Штип е воспоставен мултидисциплинарен кабинет за дојка

Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ, по повод Розовиот октомври – месец посветен на подигнување на свеста за борбата против ракот...

Спорт28 минути

Винисиус ќе го пропушти Ел Класико

Винисиус Жуниор нема да игра во Ел Класико против Барселона. Дисциплинската комисија на Шпанската фудбалска федерација (RFEF) го казни со...

Македонија32 минути

Апасиев се сретна со родителите на загинатите деца од Кочани

Претседателот на Постојаната анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот, пратеникот Димитар Апасиев, денеска во својот кабинет...

Свет1 час

Зеленски за САД: Губиме силен партнер, но не по наша вина

Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, изјави дека се чувствува предаден од потезите на американскиот претседател Доналд Трамп во однос на Русија....

Свет2 часа

Мерц: Ниту едно евро за помошта за Украина не се зема од нашите граѓани

Германскиот канцелар Фридрих Мерц денеска во Бундестагот изјави дека помошта за Украина не оди на сметка на германските граѓани и...

Свет2 часа

Ватикан објави информации за здравствената состојба на Папата

Папата Лав XIV закрепнува според очекувањата по операцијата, тој веќе почна да се движи низ болничката соба и да се...

Култура2 часа

Киро Донев номиниран за најголемата книжевна награда во светот за литература за деца „Астрид Линдгрен“

Киро Донев е првиот македонски писател номиниран за некоја од двете најголеми книжевни награди во светот за литература за деца...