Македонија
Секој трет во Македонија е подготвен да се бори ако земјата е во војна
Висок процент од 38 отсто од граѓаните на Македонија се подготвени да се борат за својата земја доколку во неа има војна, покажало истражувањето спроведено од Брима Галуп.
Глобалното истражување спроведено во 64 земји од страна на ВИН/Галуп Интернешенел покажува дека 61 отсто од испитаниците би се бореле за својата земја доколку е во војна наспроти 27 отсто кои одговориле дека не би учествувале во одбрана на својата земја, односно тројца од пет би се бореле за заштита на својата земја.Ситуацијата, пак, во Македонија покажува дека постои значајна разлика во размислувањата споредено со размилувањата на граѓаните од западна Европа, и тоа 38 отсто од граѓаните на Р Македонија се подготвени да се борат доколу земјата е во војна, наспроти 25 отсто од граѓаните на западна Европа кои би се бореле во случај нивната земја да е во војна.Разгледувајќи ги земјите од Источна Европа во споредба со земјите од Западна Европа воочлива е значителна разлика во однос на ставовите на граѓаните и тоа двапати повеќе испитаници од Источна Европа (54 отсто) се спремни да се борат за својата земја во однос на граѓаните од Западна Европа (25 отсто). Сепак, најголемата разлика е воочлива кај земјите од MENA (земјите од Среден исток и северна Африка) регионот кои во 83 отсто ја покажуваат спремноста за борба за сопствената татковина. Истражувањето покажува дека има разлики во спремноста на граѓаните за одбрана на својата земја во нашиот регион: Бугарија е на најниско (25 отсто), па Македонија (38 отсто), Србија (46 отсто), Грција (54 отсто), Босна и Херцеговина (55 отсто) и како најспремни за одбрана на својата земја се граѓаните на Косово (58 отсто). Интересен податок на глобално ниво е дека 52 отсто од жените испитаници во ова истражување се подготвени да се вклучат во одбрана на својата земја во случај на војна во споредба со 67 отсто мажи. Во Македонија ваква подготвеност покажуваат 33 отсто од жените во однос на 43 отсто од мажите. Вкупно 62.398 лица биле интервјуирани на глобално ниво. Во Македонија, БРИМА спроведе теренска анкета, лице в лице, во домот на испитаникот, на национално репрезентативен примерок со 1.204 испитаници на возраст 15+ години, во период од 01 – 24 Ноември 2014, со маргина на грешка од +/- 3% со ниво на доверба од 95 отсто./крај/мф/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Видео) Стојаноска од Јегуновце: Оваа криминална власт вчера го доби жолтиот картон, а црвениот и следува на 8 мај
Од победничко Јегуновце, најпрво се заблагодарувам и им честитам на сите граѓани на Република Македонија, особено на тие од изборната единица шест, затоа што вчера ја направија Македонија горда, кажа Дафина Стојаноска, носител на ВМРО-ДПМНЕ во изборната единица 6.
„Вчерашниот датум, 24 април, оваа криминална власт го доби жолтиот картон, а црвениот и следува на 8 мај.
Денес продолжуваме со стисок на рака повеќе и барање на глас повеќе, заедно да се обединиме против криминалот“, порача таа.
Ова политичко зло, како што рече, „да го испратиме во пензија и Македонија повторно да ја направиме ваша и повторно горда“.
Македонија
Милица Џаровска се прости од својот татко: Не ти кажав, ама ти знаеше дека ми беше идол
Велибор Џаровски – Џаро, познатиот менаџер, почина денес на 75-годишна возраст, по кратко боледување, додека веста за неговото заминување ја објави неговата ќерка Милица.
– Чао Благојче мој, знам дека и горе ќе се снајдеш и ќе најдеш некоја сигурица за играње. Не ти кажав, ама ти знаеше дека ми беше идол“.
Тој зад себе ги остави сопругата Виолета, внуците Лара и Лука, но и единствената ќерка Милица, позната естрадна новинарка. Таа минатата година ја издаде книгата „Живот на коцка” која му ја посвети токму него.
Џаро соработуваше со најголемите југословенски естрадни ѕвезди, како Здравко Чолиќ, Мишо Ковач, Маја Оџаклиевска, Оливер Драгоевиќ, „Бјело дугме“, Тереза Кесовија, Лепа Брена.
Беше познат и како крал на местенките во фудбалот.
Македонија
Тошковски во посета на ЕВР Центар и Бит-пазар: во фокусот недостигот на човечки ресурси, возила и материјално-технички средства
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денес оствари работни посети на Полициската станица Центар и Полициската станица Бит Пазар кои функционираат во рамките на Единицата за внатрешни работи Центар и Бит Пазар каде одржа состаноци со раководството.
Оваа Единица се соочува со најголем обем на работа на ниво на целата држава имајќи ја предвид структурата на теренот кој го покриваат кадешто се наоѓаат голем број на државни институции, културни објекти и дипломатско-конзуларни претставништва поради што на дневна основа има многу голема фрекфенција на луѓе.
Во однос на вчерашниот изборен ден министерот Тошковски беше информиран дека не се забележани поголеми нарушувања, освен констатирано едно кривично дело каде член на изборната комисија се обидел да гласа за друг. Исто така, беше потенцирано дека за вториот круг потребно е да се зголеми бројот на полициски службеници со цел овозможување на непречено спроведување на изборите.
„ЕВР Центар и Бит Пазар се соочува со сериозен недостаток на човечки ресурси, како во делот на униформираната полиција така и во делот на инспекторите. ОД аспект на условите за работа во двете полициски станици и опременоста со материјално-технички средства и возила состојбата е алармантна. И покрај овие проблеми, сепак беше потенцирано дека бележат солидни резултати во расчистувањето на кривични дела.“, издвои министерот Тошковски.
Заеднички беше констатирано дека во иднина треба да се размислува за дислокација на Полициската станица Центар во посоодветен објект со подобри просторни услови, со што ќе се овозможи подобро и поефикасно постапување на полициските службеници.