Контакт

Македонија

Секоја деветта птица-преселница во светот е во ризик од исчезнување: заштитата на преселните патишта во фокусот на научната заедница на Глобалниот самит во Најроби

Објавено пред

Дури 45 % од преселните видови птици се во опаѓање, секој деветти вид е загрозен од исчезнување, а меѓу најзагрозените се морските и крајбрежните птици кои зависат од морските живеалишта, шумите и крајбрежните влажни подрачја, стои во најновото издание на извештајот „Состојбата со птиците во светот“, коешто беше претставено на скорешниот Глобален самит за преселните патишта (7-11 септември, Најроби, Кенија).

Извештајот се објавува на секои четири години, а ова е првото издание посветено на преселните птици и преселните патишта од кои тие зависат. Во него, јасно се наведува дека опаѓањето го предизвикува човекот со своите активности: користење инвазивни видови, интензивирање на земјоделството, неодржлив лов и климатски промени. Од друга страна, се посочува и дека кога земјоделските, риболовните и практиките на користење на земјиштето се адресираат долж целиот миграторен пат, наместо само на одделни локалитети, тогаш популациите на птици реагираат позитивно.

„Преселните птици се чувари на состојбата на природата, а нивното опаѓање укажува на зголемениот притисок врз природните системи од кои зависиме. Но, науката исто така јасно покажува дека заштитата функционира: координираните активности можат да спречат исчезнувања и да го помогнат обновувањето на популациите. Решенија постојат: она што сега е потребно е да се применат на долж целиот миграторен пат“, вели д-р Стјуарт Бучарт, главен научник во „Брдлајф Интернешенал“ и главен уредник на Извештајот.

За време на Самитот, бројни лидери, научници и организации за заштита на природата ја потпишаа Најробиската декларација за преселните патишта. Уважувајќи ја реалноста дека преселните птици ги преминуваат границите и континентите и дека нивниот опстанок зависи од активностите на бројни чинители долж целиот преселен пат, а не од изолирани национални напори, оваа Декларација истовремено ги обврзува владините тела, научната фела, граѓанскиот сектор и финансиските институции да ги засилат напорите и соработката за заштита на преселните птици и нивните живеалишта независно од државните граници.

„Извештајот е недвосмислен: ги губиме преселните птици со алармантна брзина. Но, денешната Најробиска декларација претставува пресвртница“, вели Мартин Харпер, главен извршен директор на големата меѓународна мрежа „Брдлајф Интернешенал“, која беше и коорганизатор на настанот. „Брдлајф Интернешенал“ е единственото глобално партнерство посветено на заштитата на птиците и на целиот жив свет на нашата планета со дури 125 партнери во 120 земји. Меѓу нив, поради своите долгогодишни напори за заштита на птиците и живеалиштата во земјава, од 2018 година се вбројува и Македонското еколошко друштво (МЕД).

„Да се биде дел од Глобалната средба на партнерите на ‘Брдлајф‘ за мене беше навистина нешто посебно. Споделувањето на искуства, учењето едни од други и чувството дека она што го правиме локално придонесува кон глобалните напори за заштита на птиците и нивните живеалишта ми даваат огромна гордост и надеж. На Глобалниот самит за преселните патишта уште еднаш се потсетивме дека птиците преселници не познаваат граници – тие ги поврзуваат луѓето, земјите и континентите, а само заедно можеме да ги зачуваме нивните преселни патишта. Нашата наука и знаење мора да бидат поддржани со силни заедници, одговорен бизнис и политичка волја – и токму во оваа извонредна мрежа ги гледам силата и надежта дека можеме да направиме вистинска промена“, изјави извршната директорка на МЕД м-р Робертина Брајаноска, која на Самитот беше изгласана за членка на Советот на „Брдлајф“ за Европа и Централна Азија.

На Самитот присуствуваа и високи претставници на Светската Банка и на регионални развојни банки, што претставува сигнал за досега невидена институционална посветеност. Три мултилатерални развојни банки ја интегрираат заштитата на преселните патишта во своите рамки на финансирање, со што вкупните обврски преземени од 2021 година надминуваат 6 милијарди долари. Заедно, овие чекори претставуваат значаен исчекор кон координиран глобален одговор за зачувување на преселните патишта, со што неминовно ќе им се обезбеди поддршка и на милионите луѓе кои зависат од овие екосистеми.

Најново

Спорт57 минути

(Видео) Медведев: Ужасно се чувствувам, сакам лично да му се извинам на човекот

Данил Медведев се огласи по неговата дисквалификација во полуфиналето во Пекинг против Новак Ѓоковиќ и истакна дека е многу повеќе...

Спорт1 час

Валтери Ботас од Малезија до Сингапур патува со велосипед

Трките во Малезија и Сингапур се сметаат за меѓу физички напорните во календарот на Формула 1, но тоа не е...

Регион1 час

Солзавец пред Собранието во Приштина, демонстрантите не им дозволуваа на пратениците да излезат

Косовската полиција вечерва употреби солзавец за да ги растера демонстрантите кои го блокираа Собранието во Приштина и не им дозволуваа...

Спорт1 час

Топ 10 најплатени тренери во светот: Карло Анчелоти ја предводи листата

Карло Анчелоти, предводникот на Бразил е најплатениот селектор во светот на фудбалот. Како што објавија светските медиуми и специјализираните портали,...

Свет1 час

(Видео) Се урна воен авион со 32 лица во Нигерија

Воен авион со 32 лица денеска се урна во јужниот дел на Нигерија, а засега нема информации за евентуални жртви,...

Свет1 час

Иранскиот претседател: Нема смисла да преговараме со САД додека ни се закануваат

Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан денеска изјави дека преговорите со Соединетите Американски Држави немаат смисла, за време на средбата со ерменскиот...

Забава2 часа

Сем Алтман предупредува: Не ѝ припишувајте религиска моќ на вештачката интелигенција

Извршниот директор на OpenAI, Сем Алтман, јавно предупреди дека луѓето не треба да ѝ припишуваат религиска моќ на вештачката интелигенција...

Регион3 часа

(Видео) Австриски јутјубери влегле на воен аеродром во Србија и се качувале по авиони

Двајца австриски јутјубери објавија видео за кое тврдат дека го прикажува нивното неовластено влегување во воениот аеродром „Полковник-пилот Миленко Павловиќ“...

Забава3 часа

Сезоната на Вагата им носи среќа на четири хороскопски знаци

Сезоната на Вагата трае до 23 октомври и носи поинаква енергија по практичниот и понапорен период на Девица. Фокусот се...