Македонија
Семејството Нешкоски со кривични за Урко, Јанкулоска, Мијалков и Груевски
Семејството Нешкоски, во петок, поднесоа четири кривични пријави, против Дејан Митровски – Урко, поранешната министерка за внатрешни Гордана Јанкулоска, поранешниот шеф на УБК, Сашо Мијалков и премиерот Никола Груевски.
Како што појаснија. Кривичната пријава поднесена против Дејан Митровски-Урко, кој, како што велат, спротивно на член 154 од Законот за МВР со усна наредба го прераспоредил Игор Спасов, кој тогаш како вработен во МВР и распореден во единицата за специјални задачи, на работна позиција обезбедување на простор на партиска прослава на ВМРО-ДПМНЕ по победата на парламентарните избори во 2011 година.
„При вршењето на службените задачи, Игор Спасов го уби Мартин Нешкоски на 6 јуни 2011 година. Второобвинетата Гордана Јанкулоска не изготвила писмена наредба согласно член 154 од Законот за МВР и заедно со третообвинетиот Сашо Мијалков и четвртообвинетиот Никола Груевски свесно и намерно прикривале информации за истрагата за судската постапка за убиството на Мартин Нешкоски, кои би помогнале за утврдување на фактичката состојба“, рече Игор Петрески, чичко на убиениот Мартин Нешкоски.
Најави дека во сабота, во 18 часот, ќе се одржи протест, пред владата на крстосницата на булеварите „Св. Климент Охридски“ и „Илинден“.
„Митингот ќе биде под мотото „Убиство кое не смее да остане во тајност“, затоа што тоа не е само убиство, туку убиство кое до крај треба да ја задоволи правдата. Ги покануваме сите граѓани за да и пратиме порака на владата стоп за полициската бруталност и за непочитување на Уставот и законите“, рече Петрески.
Тој додаде дека нема верба во обвинителството, но законот бил таков и најави дека ќе се борат и тука ќе ги бараат правата, а дека цела земја ќе дознае за случајот „Нешкоски“.
По објавување на наводно прислушувани разговори на високи владини функционери од страна на опозицијата во врска со случајот „Нешкоски“, пред владата имаше протест на 5 мај, кога дел од демонстрантите се судрија со полицијата.
Претходно, непосредно по убиството на Нешкоски, секој ден се организраа протести против полициска бруталност.
Полицаецот Игор Спасов, кој е директен извршител на убиството, осуден е на 14 години затвор и во моментот ја издржува казната./крај/мф/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Јакимовски призна пораз, ѝ честиташе водство на Сиљановска и ѝ поска среќа во вториот круг
Лидерот на ГРОМ и претседателски кандидат, Стевчо Јакимовски, вечерва призна пораз и ѝ честиташе водство на Гордана Сиљановска-Давкова. Со оглед на поразот, рече дека не е задоволен од изборниот резултат.
„Јас ја одржувам оваа прес-конференција со цел да го признам поразот на овие претседателски избори, а воедно да ѝ честитам на водството на госпоѓата Гордана Сиљановска-Давкова и да ѝ посакам среќа во вториот изборен круг. Дали резултатите се задоволувачки-според мене нормално дека не се задоволувачки. Далеку се од очекувањата. Како и да е битно беше дека граѓаните на Република Македонија имаа избор. Избираа меѓу седум свои кандидати. Дали биле во право за тоа што го избрале, ќе видиме после пет години. Се надевам дека сите ќе бидеме живи и здрави и после пет години ќе констатираме дали изборот бил добар или не“, рече Јакимовски.
За да признае пораз тој не дочека Државната изборна комисија да ги преброи гласовите од сите избирачки места. Се прогласи за поразен со 60 отсто обработени гласови и освоени 4997 гласа.
Според досега обработените гласови во водство е Гордана Сиљановска-Давкова со 197741 глас, повеќе од двојн помалку гласови има актуелниот претседател Стево Пендаровски за кого гласале 97592 граѓани, зад него е Бујар Османи со 81.748 гласови, Арбен Таравари со 9591 гласа, Максим Димитриевски со т42296 гласа и Билјана Ванковска-Цветковска со освоени 23..472 гласа
Македонија
Таравари: Земјотресот почна, се надевам дека на 8 мај ќе дојде промената ДУИ да биде опозиција
Масовниот одѕив на гласачите на овие претседателски избори за Арбен Таравари, претседателски кандидат на коалицијата ВЛЕН, е показател дека промените се почнати. На првата прес-конференција по затворањето на избирачките места тој рече дека очекува победа на 8 мај.
„Земјотресот по се изгледа дека денеска почна со масовното учество на граѓаните во изборите, а се надевам дека на 8 мај ВЛЕН ќе победи и ќе дојде долго очекуваната промена ДУИ да биде во опозиција“, рече Таравари.
Тој јавно се заблагодари на граѓаните за масовниот одѕив и изрази надеж дека набљудувачите нема да дозволат злоупотреби на гласовите.
„Сега веќе се знае дека на овие избори имаше многу помасовно излегување на гласање отколку претходните избори што зборува дека промените ни се приближуваат и ни доаѓаат. Ние како ВЛЕН сме пресреќни дека добивме гласови генерално од Албанците. Сега веќе промените се внатре во кутиите кои веќе се отвораат. Се надевам дека нашите набљудувачи ќе ги контролираат и нема да дозволат да има злоупотреби и ќе се гарантира секој глас кој што е даден на демократски начин дека ќе излезе на површина“, рече Таравари.
Македонија
Кузеска: Констатирани се мали прекршувања на изборниот процес, ги очекуваме резултатите и уверени сме дека граѓаните ќе ја поддржат европската иднина
Богданка Кузеска од Изборниот штаб на СДСМ, по затворањето на избирачките места изјави дека изборниот ден бил демократски, а гласањето се одвивало во фер и демократска атмосфера.
„Граѓаните својата волја ја изразија слободно и достоинствено како што доликува на една демократска земја – членка на НАТО со започнати преговори со ЕУ. Констатирани се само неколку многу мали прекршувања на изборниот процес. Сакаме да изразиме благодарност до сите граѓани кои денеска гласаа. Самото гласање е суштински чин кој произлегува од моќта на граѓаните да одлучуваат за својата иднина и иднината на државата. Ги очекуваме изборните резултати и уверени сме дека граѓаните и денеска и на 8 мај ќе ја поддржат европската иднина за Македонија. Иднина во која Македонија е дел од европското семејство и членка на ЕУ“, порача Кузеска.
Повтори дека ги очекуваат изборните резултати и наскоро ќе излезат со точни податоци.