Контакт

Сервисни информации

Претпладне со дожд на пониските и снег на повисоките места

Објавено пред

Претпладне во западните и северните делови од земјата се уште ќе има врнежи, кои на планините ќе бидат од снег и таму снежната покривка ќе се зголеми за нови 10 до 20 см. На пониските места врнежите ќе бидат повремено од дожд. Ќе дува слаб до умерен претежно западен ветер.

Утринските температури ќе се движат од -3 до 2 степена, додека дневната ќе биде во интервал од 0 до 9 степени.

Во Скопје и околината слично време со утринска температура околу -1 и дневна до 4 степени.

Во недела ќе има преодно стабилизирање, а од понеделник ќе започне период на претежно облачно време со повремени врнежи од снег со променлив интензитет. Од средината на неделата на пониските места особено на југоисток врнежите ќе бидат од дожд. /крај/ухрм



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Сервисни информации

Сончево со умерена облачност, попладне во некои делови нестабилно со пороен дожд и грмежи

Објавено пред

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер, во западните делови од западен правец. Попладне, особено во западните и крајните источни делови ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и услови за локална појава на невреме. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 13, а максималната ќе достигне од 20 до 28 степени.

Во Скопје, ќе биде сончево со мала до умерена облачност поголема попладне и со услови за краткотраен пороен дожд и ретки грмежи.

Ќе дува слаб северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 27 степени.

До четврток, претежно во попладневните часови ќе има појава на повремен пороен дожд и грмежи. Во овие денови локално процесите ќе бидат во форма на краткотрајно невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и изолирана појава на град. Постабилно време се очекува од петок, а за време на викендот и натпросечни температури.

Прикажи повеќе...

Сервисни информации

Сообраќајна несреќа на патот Василево-с.Градошорци, сообраќајот пренасочен

Објавено пред

Во 18.15ч. магистралниот пат Василево-с.Градошорци е затворен во двата правци и сообраќајот е пренасочен по стариот пат, поради случена сообраќајна незгода, информираат од АМСМ.

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Прикажи повеќе...

Сервисни информации

Претпладне сончево и топло, попладне со пороен дожд и грмежи наместа во форма на невреме

Објавено пред

Претпладне сончево и топло со променлива облачност која ќе се зголемува. Од пладневните часови, попладне и преку ноќта ќе биде нестабилно со локален пороен дожд и грмежи, наместа во форма на краткотрајно невреме. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 15, а максималната ќе достигне од 21 до 28 степени.

Во Скопје сончево и топло со мала до умерена облачност од попладне со услови за нестабилност, пороен дожд и грмежи. Повремени врнежи ќе има и преку ноќта. Минималната температура ќе се спушти до 11, а максималната ќе достигне до 28 степени.

Во деновите од викендот и во ноќта кон недела ќе преовладува променливо облачно време, наместа нестабилно со пороен дожд, грмежи и услови за локална појава на невреме.

Во понеделник краткотрајно условите за нестабилност ќе се намалат, а од вторник во попладневните часови повторно ќе има појава на нестабилност со променлив интензитет со пороен дожд и грмежи.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет8 минути

Tрамп најавува објава на интересни НЛО-документи

Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави дека неговата администрација пронашла низа многу интересни документи поврзани со НЛО, додавајќи дека првите...

Македонија13 минути

Сончево време со температура до 25 степени

Времето денес ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Во источните делови ќе има повремен локален дожд, а во југоисточните...

Спорт9 часа

Френк Лампард по 25 години го врати Ковентри во Премиер лигата

Ковентри се врати во Премиер лигата по 25 години чекање. Освоениот бод во драматичната завршница на гостувањето кај Блекбурн Роверс,...

Спорт10 часа

(Видео) Интер сигурно чекори кон шампионската титула

Фудбалерите на Интер го победија Каљари на домашен терен со 3:0, во 33-то коло од Серија А. Од самиот почеток,...

Спорт10 часа

Почина легендарниот Оскар Шмит

Тажна вест, доцна во петокот, пристигна од Бразил. Оскар Шмит, еден од најголемите стрелци во историјата на кошарката, почина на...

Спорт10 часа

Заврши регуларната сезона во Евролигата

Вечерва заврши регуларниот дел од сезоната во кошаркарската Евролига. Шест екипи директно изборија место во четвртфиналето, а четири ќе разигурваат...

Спорт10 часа

Вардар 1961 лесно се справи со Алкалоид, ќе го брани трофејот во Купот

Ракометаерите на Вардар 1961, в недела ќе се борат за 18-от пехар во Купот на Македонија. На Завршниот турнир во...

Свет11 часа

Трамп: Ќе го земеме збогатениот ураниум од Иран

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека САД ќе соработуваат со Иран за собирање на збогатениот ураниум и да го вратат...

Свет11 часа

Зеленски: Русија повторно се обидува да ја вовлече Белорусија во својата војна

Белорусија гради патишта што водат до украинската граница и поставува артилериски позиции во близина, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски откако...