Контакт

Сервисни информации

Сообраќајот на државните патишта се одвива по наместа влажни коловози

Објавено пред

 

dobivaj vesti na viber

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Во клисурите и засеците можна е почеста  појава на одрони, особено на патните правци: Кочани – Македонска Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Катланово – Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен – Буково.  

                         

РАБОТИ НА ПАТ:

 

Ве известуваме дека за потребите за изработка на проектната документација за комплетирање на клучка Хиподром ќе се започне со превземање активности, односно геодетско снимање и геотехнички истраги на магистралниот пат А2, делница Скопје – Велес и магистрален пат А4 делница Скопје – Куманово во патен појас клучка Хиподром, кој ќе се изведуваат во период од 25.04.2017 до 10.05.2017 во временски период од 07:00 – 17:00 часот.

Во текот на извршувањето на работите сообраќајот ќе се одвива во времен режим на сообраќај согласно поставената сообраќајна сигнализација.

 

На државниот пат А3(М5), делница Ресен – Битола во тек се завршните активности за рехабилитација на коловозот. Од вторник  – 25.04.2017 до сабота – 29.04.2017 магистралниот пат А3 Битола – Макази, на потегот од с.Ротино  до с.Кажани, поради изведување на завршни асвалтерски работи ќе биде целосно затворен за сообраќај. Сообраќајот ќе биде пренасочен по регионалниот пат за с.Кажани. За време на изведување на градежните работи, регулирањето на сообраќајот ќе се врши со соодветна вертикална сигнализација и сообраќајна опрема согласно Сообраќајниот проект за времен режим на сообраќај.

 

Илинден  А.Д. Струга известува дека ќе има времена измена на режим на сообраќај на магистралниот пат А2, делница Кичево – Охрид (Пресека – Песочани) од км.0+000(22+246) до км. 11+498. Режимот на сообраќај е предвиден со девијации, односно преминување од една на друга коловозна лента. Измената започна од 18.04.2017 во 16:00 часот, а ќе трае до изградба на автопатот А2, делница Кичево – Охрид (Пресека – Песочани) од км.0+000(22+246) до км. 11+498.

 

Oд 19.04.2017 се изведуваат градежни активности на дел од магистрален пат А2, делница: Тетово – Гостивар, осветлување кај клучка Камењане.

 

Градежно друштво „Гранит“ АД Скопје известува дека ги изведува градежните работи за градба на магистралниот пат А4, делница Свети Николе – Штип. Од 12.04.2017 има пренасочување на сообраќај на делница клучка кај село Кадрифаково од регионалниот пат Р526 на магистрален пат А3 и обратно до Клучка кај село Три Чешми, по новоизградената коловозна лента.

 

ДГ Бетон АД известува дека поради изведбата на градежни работи на магистрален пат А4,   Делница клучка Кадино-клучка Хиподром од км. 4+230 до км. 9+330 сообраќајот ќе се одвива согласно одобрениот проект за времен режим на сообраќај, почнувајќи од 03.04.2017 и во траење од 3 месеци. Се известуваат сите учесници на сообраќајот да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација за времен режим и да се придржуваат кон условите на патот.

 

 

-На 07.03.2017 година започнаа да се изведуваат градежни активности и електромонтажни работи на дел од магистрален пат А2, делница: Обиколница кон Тетово, осветлување клучка Сарај. Активностите се реализираат во период од 07.00 до 17.00 часот. Потребна е зголемена внимателност и придржување кон упатствата од новопоставената сообраќајна сигнализација.

 

– ДГ Бетон АД Скопје известува дека почнувајќи од 27.02.2017 година, поради градежни работи на магистрален пат А2, Делница Гостивар-Кичево, по раскрсница Маврово на патот кон Кичево, сообраќајот ќе се одвива по една сообраќајна лента (од км 98+100 до 98+900 односно околу 800м),  согласно одобрениот проект за времен режим на сообраќај.

Се известуваат сите учесници на сообраќајот да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација за времен режим и да се придржуваат кон условите на патот.

 

-Патниот правец Р2137 Неготино – Војшанци поради санација на мостот на река Вардар е затворен за сообраќај. Сообраќајот се пренасочува преку патниот правец Р2137 Војшанци – Бистренци – Корешница – Демир Капија и обратно.

 

– ГД  Гранит АД Скопје поради градежни активности на автопатот А1, коридор 10 од 114+673 км. до 126+272 км. од 22.11.2016 (вторник) е воспоставен времен режим на сообраќај на автопатот А1, коридор 10 од клучка Неготино до клучка Демир Капија. Сообраќајот се одвива во насока од Скопје кон Гевгелија и Атина по регионалниот пат Р1102.

 

-Од 03.12.2016 година извршена е измена на режимот на сообраќај на делница автопат Куманово-Скопје од 29+600 до 30+772 километар, населба Миладиновци. Затворена е за сообраќај лентата за застанување каде се одвиваат градежни работи, а сообраќајот се одвива по брзата и средната лента.

 

-Градежната компанија Трансмет ДОО Скопје изведува градежни работи на државен пат А-2 Обиколница Скопје, од клучка Сингелиќ до клучка Смилковци. Од 27.04.2016 е воведена промена на времена измена за режим на сообраќај согласно Одобрението од Министерство за транспорт и врски на Република Македонија на 26.04.2017 година.

 

Градежно Друштво “Гранит” АД Скопје РЕ Свети Николе – Штип изведува градежни работи за градба на државниот пат А4, делница Свети Николе – Штип од км 26+396,00 до км 47+107,00. Со почеток од 21.05.2015 целосно е затворена делницата од км 28+520 (Свети Николе) до км 38+500 (постојана клучка Кадрифаково) и ова затворање ќе трае до целосно завршување на активностите (период од 2 години). Целокупниот сообраќај се пренасочува преку регионалниот пат P 1204.

 

Ги предупредуваме возачите да пристапуваат внимателно и со намалена брзина кон местата на кои се изведуваат работи на пат и да се придржуваат кон упатствата од новопоставената сообраќајна сигнализација.

 

ПРЕКИН НА СООБРАЌАЈ: Сообраќајот на патниот правец  А3 Прилеп – Битола – Ресен преку Обиколница Битола е во прекин поради свлечиште кое е расчистено, но од превентивни причини сообраќајот сепак се пренасочува преку градот Битола. На самото место поставена е соодветна сообраќајна сигнализација.

 

ЗАТВОРЕН ПАТЕН ПРАВЕЦ: Регионалниот пат Р-2332 патен правец Ресен – Охрид (преку национален парк Галичица) од 15.11.2016 е затворен за сообраќај. Од охридската страна возилата со вкупна тежина до 3,5 тони можат да сообраќаат само до месноста “Kорита”.

 

 

ВНИМАТЕЛНО: Поради оштетување на мостот на автопатот А-1 Градско – Неготино кај Стоби на река Црна, десната лента се затвора за сообраќај, a сообраќајот ќе се одвива по левата коловозна лента. Поставена e соодветна сигнализација.

 

ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.

 

ГРАНИЧНИ ПРЕМИНИ: На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација се однесува за македонската страна на премините.крај/мф/кс

Сервисни информации

Сончево со умерена облачност, попладне во некои делови нестабилно со пороен дожд и грмежи

Објавено пред

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер, во западните делови од западен правец. Попладне, особено во западните и крајните источни делови ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и услови за локална појава на невреме. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 13, а максималната ќе достигне од 20 до 28 степени.

dobivaj vesti na viber

Во Скопје, ќе биде сончево со мала до умерена облачност поголема попладне и со услови за краткотраен пороен дожд и ретки грмежи.

Ќе дува слаб северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 27 степени.

До четврток, претежно во попладневните часови ќе има појава на повремен пороен дожд и грмежи. Во овие денови локално процесите ќе бидат во форма на краткотрајно невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и изолирана појава на град. Постабилно време се очекува од петок, а за време на викендот и натпросечни температури.

Прикажи повеќе...

Сервисни информации

Сообраќајна несреќа на патот Василево-с.Градошорци, сообраќајот пренасочен

Објавено пред

Во 18.15ч. магистралниот пат Василево-с.Градошорци е затворен во двата правци и сообраќајот е пренасочен по стариот пат, поради случена сообраќајна незгода, информираат од АМСМ.

dobivaj vesti na viber

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Прикажи повеќе...

Сервисни информации

Претпладне сончево и топло, попладне со пороен дожд и грмежи наместа во форма на невреме

Објавено пред

Претпладне сончево и топло со променлива облачност која ќе се зголемува. Од пладневните часови, попладне и преку ноќта ќе биде нестабилно со локален пороен дожд и грмежи, наместа во форма на краткотрајно невреме. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 15, а максималната ќе достигне од 21 до 28 степени.

dobivaj vesti na viber

Во Скопје сончево и топло со мала до умерена облачност од попладне со услови за нестабилност, пороен дожд и грмежи. Повремени врнежи ќе има и преку ноќта. Минималната температура ќе се спушти до 11, а максималната ќе достигне до 28 степени.

Во деновите од викендот и во ноќта кон недела ќе преовладува променливо облачно време, наместа нестабилно со пороен дожд, грмежи и услови за локална појава на невреме.

Во понеделник краткотрајно условите за нестабилност ќе се намалат, а од вторник во попладневните часови повторно ќе има појава на нестабилност со променлив интензитет со пороен дожд и грмежи.

Прикажи повеќе...

Најново

Европа3 часа

Зеленски: Подготвени сме да разговараме за територија, но само под еден услов

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави денес дека Украина ќе биде подготвена да разговара за територијални прашања како дел од мировните...

Македонија3 часа

„Хаос на улиците и нарушена безбедност, уште колку луѓе треба да загинат за Тошковски да понесе одговорност“, прашува СДСМ

„Последната криминална престрелка на Бит Пазар со смртни последици е уште еден доказ за сериозното нарушување на јавната безбедност и...

Европа3 часа

(Видео) Кремљ: Украинците убија генерал со автомобил-бомба во Москва

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, ја обвини Украина за денешниот напад со автомобил-бомба во Москва, во кој беше убиен рускиот...

Топ4 часа

31-годишен скопјанец почина по пукање на Бит Пазар

31-годишен маж од Скопје почина од повредите здобиени при пукање попладнево на Бит Пазар. „Во врска со пукањето на Бит...

Македонија6 часа

Испитувањето на оштетените од пожарот во „Пулс“ треба да почне на почетокот на мај

Испитувањето на оштетените од пожарот во „Пулс“ во Кочани се предвидува да почне од почетокот на мај. Од Обвинителството појаснија...

Македонија8 часа

Крајно време е да престанеме да преговараме за идентитетските прашања со кого било, рече Муцунски

Министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски рече дека Владата се стреми кон компромис, кој ќе биде рационален за да се...

Економија9 часа

Итно зголемување на платите, во спротивно ќе останеме без кадар, порача Пешевски

Според потпретседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија за приватниот сектор, Иван Пешевски, приватниот сектор во Македонија е главен двигател...

Македонија9 часа

Судот ѝ го одзеде пасошот на претседателката на антикорупциската комисија, која споделувала службени тајни на „Вибер“

На претседателката на антикорупциската комисија, Татјана Димитровска, одземен ѝ e пасошот откога Кривичниот суд го прифати предлогот за определување мерки за...

Македонија10 часа

Девет лица завршија во притвор поради злоупотреби со инвалидските пензии и за туѓа нега

На деветмина осомничени од уапсените 23 во акцијата за туѓата нега судот им одреди мерка притвор од 30 дена. Едно...

Македонија12 часа

Судот го одобри обвинението за возачот што ја прегази Фросина

Судот го одобри обвинението за возачот Васил Јованов, која ја прегази Фросина Кулакова на пешачки премин на булеварот Партизански одреди....

Македонија13 часа

ВМРО-ДПМНЕ: Тошковски не скри нешто, не рече дека законот не важи за татко му

Апасиев е фрустриран од работата на Тошковски бидејќи законот важи за сите. Левицата да одговори како, освен сутерен во строгиот...

Македонија14 часа

ДУИ до Мицкоски: Ако целта е уривање на Охридскиот договор, која е алтернативата

Премиерот Мицкоски, со своето однесување, изјави и постапки, постапува на начин кој ги поткопува стандардите и одговорноста што се очекуваат...

Свет14 часа

Рубио: Ова не е наша војна, ние не ја почнавме

Американскиот државен секретар Марко Рубио изјави дека „сите треба да му се заблагодарат“ на американскиот претседател Доналд Трамп за мировните...

Македонија14 часа

Левицата: И таткото на Тошковски бил дел од бизнисот со мито за инвалидски пензии

Додека се обидува да изгради слика дека го руши корумпираниот систем, фактите кои се обзнануваат во јавност укажуваат како и...

Свет15 часа

Лавров: Спремни сме да се договориме со САД за Украина

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека Кремљ е подготвен да постигне договор со САД за Украина, но...

Свет16 часа

Руте: Русија е долгорочна закана за алијансата

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, вчера, по разговорите со американскиот претседател Доналд Трамп, изјави дека членовите се согласуваат дека...

Спорт24 часа

(Видео) Ѓоковиќ ги загуби нервите: Да ти е..м тенисот

Новак Ѓоковиќ целосно ги загуби нервите на официјалниот тренинг во Мадрид. Додека во главниот град на Шпанија се одржуваа натпреварите...

Македонија1 ден

Осомничени уште три лица во предметот „Адитив“: меѓу нив и претседателката на Антикорупциска

Во рамките на постапката што се води за предметот Адитив, како резултат на екстрахираните електронски докази обезбедени во досегашната постапка,...

Македонија1 ден

Образ ѓон, се уште седат и земаат илјадници евра плата: Мицкоски за членовите на Судскиот совет

„Вие пратениците изгласавте недоверба на членовите на Судскиот совет. Но, и покрај тоа што тие ја добија недовербата од страна...

Македонија1 ден

Измами во давањето туѓа нега и инвалидски пензии, под истрага 49 лица, вмешани и лекари

Сузбиени две криминални групи, кои вршеле злоупотреби на постапката за стекнување право за туѓа нега и право на инвалидски пензии,...