Контакт

Сервисни информации

Сообраќајот се одвива по суви коловози

Објавено пред

 

Сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози.

Во клисурите и засеците можна е појава на помали одрони, особено на патните правци: Кочани – Македонска Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Катланово – Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен – Буково.

 

ДГ Бетон АД Скопје известува дека почнувајќи од 27.02.2017 година, поради градежни работи на магистралниот пат А2, делница Гостивар – Кичево по раскрсница Маврово на патот кон Кичево, сообраќајот се одвива по една сообраќајна лента (од км 98+100 до 98+900, односно околу 800м), согласно одобрениот проект за времен режим на сообраќај. Поставена е сообраќајна сигнализација.

 

Поради оштетување на мостот на автопатот А-1 Градско – Неготино кај Стоби на река Црна, десната лента се затвора за сообраќај, a сообраќајот ќе се одвива по левата коловозна лента, поставена e соодветна сигнализација.

 

Сообраќајот на патниот правец А3 Прилеп – Битола – Ресен преку обиколница Битола е во прекин поради свлечиште кое е расчистено, но од превентивни причини сообраќајот се уште се пренасочува преку градот Битола.

 

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Времето на чекање на патнички возила за излез од Република Македонија на граничните премини Богородица, Дојран, Меџитлија, Табановце, Ќафасан, Делчево, Ново Село и Блаце е минимално, додека на Деве Баир се чека 30 минути. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.

 

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација.

 

Од 07.03.2017 година ќе се изведуваат градежни активности и електромонтажни работи на дел од магистрален пат А2, делница: Обиколница на Тетово, осветлување на клучка Брвеница и клучка Тетово – Југ. Предвидените активности ќе се реализираат во период од 07.00 до 17.00 часот. Потребна е зголемена внимателност и придржување кон упатствата од новопоставената сообраќајна сигнализација.

 

ДГ Бетон АД Скопје извести дека почнувајќи од 27.02.2017 год., поради градежни работи на магистрален пат А2, Делница Гостивар – Кичево по раскрсница Маврово на патот кон Кичево, сообраќајот ќе се одвива по една сообраќајна лента (од км 98+100 до 98+900, односно околу 800м), согласно одобрениот проект за времен режим на сообраќај.

 

Се известуваат сите учесници на сообраќајот да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација за времен режим и да се придржуваат кон условите на патот.

 

Градежната компанија Трансмет ДОО Скопје изведува градежни работи на државен пат А-2 Обиколница на Скопје од клучка Сингелиќ до клучка Смилковци. Од 02.12.2016 е воведена времена измена за режим на сообраќај, согласно Одобрение број 22.2-72149/2 со датум 18.11.2016 година издадено од Министерството за транспорт и врски на РМ, односно сообраќајот се одвива по левата коловозна лента /правец клучка Сингелиќ-клучка Стајковци/ во двата правци, а десната коловозна лента е затворена за сообраќај заради изведување градежни работи.

 

ГД Гранит АД Скопје поради градежни активности на автопатот А1, Коридор 10 од 114+673 км. до 126+272 км. од 22.11.2016 (вторник) воспостави времен режим на сообраќај на автопатот А1, Коридор 10 од клучка Неготино до клучка Демир Капија. Сообраќајот се одвива во насока од Скопје кон Гевгелија и Атина по регионалниот пат Р1102.

 

Од 20.06.2016 година е воспоставена времена измена на режим на сообраќај на магистрален пат А3, делница клучка кај с. Кадрифаково – клучка кај с. Три Чешми. Пренасочувањето на сообраќајот е по регионалниот пат Р526.

 

Градежно Друштво „Гранит“ АД Скопје РЕ Свети Николе – Штип изведува градежни работи за градба на државниот пат А4, делница Свети Николе – Штип од км 26+396,00 до км 47+107,00. Од 21.05.2015 целосно е затворена делницата од км 28+520 (Свети Николе) до км 38+500 (постојана клучка Кадрифаково) и ова затворање ќе трае до целосно завршување на активностите (период од 2 години). Целокупниот сообраќај се пренасочува преку регионалниот пат P 1204. Сите активности се во согласност со Одобрението за времен режим на сообраќај бр.1005 од 28 мај 2014 година издадено од Министерството за транспорт и врски на Република Македонија.

 

Патниот правец Р2137 Неготино – Војшанци поради санација на мостот на река Вардар е затворен за сообраќај. Сообраќајот се пренасочува преку патниот правец Р2137 Војшанци – Бистренци – Корешница – Демир Капија и обратно.

 

На 27.11.2016 година е целосно затворен за сообраќај регионалниот пат Р1309 с. Грдовци – с. Зрновци, поради рушење на мостот на река Брегалница и изградба на нов мост./крај/мф/кс



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Најново

Регион35 секунди

Гоци: Вучиќ не може да го држи Западниот Балкан како заложник

Генералниот секретар на Европската демократска партија (ЕДП) и пратеник во Европскиот парламент (ЕП) Сандро Гоци денес изјави дека српскиот претседател...

Забава24 минути

Светското првенство го затвораат Роби Вилијамс, Никол Шерцингер и Лаура Паузини

Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) објави дека церемонијата на затворање на Светското првенство во 2026 година ќе се одржи во недела,...

Свет39 минути

Стармер: Ја оставам Британија во подобра состојба отколку што ја најдов

Премиерот на Велика Британија во заминување, Кир Стармер, рече дека ја оставил Британија во подобра состојба отколку кога ја нашол....

Македонија1 час

Утре, сончево и топло, попладне со изолирана појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи

Утре, сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Попладне...

Македонија1 час

Герасимовски: Не со манипулации, туку со факти, новиот нацрт-ДУП ја намалува површината за градба за 14.000 м²

Обидот на Движењето ЗНАМ за Наша Македонија политички да ја манипулира јавноста преку неточни и нестручни толкувања на урбанистичките планови...

Црна хроника2 часа

Татко физички и психички ги малтретирал малолетните деца во Кисела Вода

Синоќа во 21:10 часот во Полициската станица Кисела Вода, полициски службеници од СВР Скопје извршија службен разговор со М.И.(42) од...

Свет2 часа

Трамп верува дека Путин е подготвен за договор за прекин на војната во Украина

Американскиот претседател Доналд Трамп денес во интервју за „Фокс њуз“ изјави дека рускиот претседател Владимир Путин е подготвен за договор...

Црна хроника2 часа

Внукот го претепал и му се заканувал на 74-годишниот дедо: му барал пари а не ги добил

ОВР Кочани поднесе кривична пријава против Ш.А. (20) од Кочани. Тој се сомничи за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“....

Македонија2 часа

Општина Чаир: Фестивалот „Фолклорните вечери на Чаршијата“ ги обедини културите во срцето на Скопје

Во Старата чаршија се одржа 21. издание на Меѓународниот фолклорен фестивал „Фолклорните вечери на Чаршијата“, манифестација која собра фолклорни ансамбли...