Контакт

Сервисни информации

Ако патувате: има градежни активности на повеќе автопатски делници во Македонија и изменет сообраќаен режим

Објавено пред

ПРИВРЕМЕН ПРЕКИН НА СООБРАЌАЈ: Од 30.5.2023 до 3.6.2023 на регионалниот пат 1102, делница Велес – Градско, во периодот од 8 до 16 часот, ќе се изведуваат градежни активности, односно асфалтирање. Поради тоа, во тој период патниот правец ќе биде целосно затворен за сообраќај.

dobivaj vesti na viber

СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по суви коловози.

ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

ВНИМАТЕЛНО: АМСМ препорачува приспособена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде што има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

СЕЗОНСКИ РЕЖИМ НА СООБРАЌАЈ: Почнувајќи од 8.4.2023 година, патниот правец Охрид – Ресен, преку националниот парк Галичица, е отворен за сообраќај за возила со дозволена носивост до 3.5 тони.

РАБОТИ НА ПАТ:

ДТГ „Жикол“ ДООЕЛ извести дека од 10.5.2023, поради вршење градежни активности на делницата Струмица – Дабиле поставен е привремен режим на сообраќај.

Од 8.5.2023 почнаа градежни активности на објект: Поставување заштитна звучна ограда на автопатот А2, делница Скопје  – Тетово, од страна на фирмата изведувач ДГПТУ „Битем“ ДООЕЛ Скопје во согласност со склучениот договор помеѓу договорниот орган Јавно претпријатие за државни патишта и фирмата изведувач ДГПТУ „Битем“ ДООЕЛ Скопје. На трасата на која се изведуваат градежните работи има привремен режим на сообраќај.

Од 26.4.2023 почнаа градежни активности на државниот пат А1, во насока од Демир Капија кон Неготино, за што ќе се изврши промена на режимот на сообраќај со целосно затворање на автопатот на клучката кај Демир Капија, а сообраќајот е пренасочен на регионалниот пат Р1102.

Почнувајќи од 6.3.2023, на автопатот А1, делница Петровец – Катланово, почнуваат градежни активности поради што има изменет режим на движење на возилата. Сообраќајот се одвива непречено и се препорачува внимателно пристапување.

Според информација од ДГТ „Жикол“, поради изведување градежни работи на државниот пат А2, делница Миладиновци – Хиподром, сообраќајот на автопатот ќе се одвива според привремен режим.

Поради изведување работи на експресниот пат од Градско до Дреново, на државниот пат А1, делница Велес – Неготино, ќе се применува привремена измена на режим на сообраќај. Привремениот режим ќе се применува во двата правца на автопатот Е75. Сообраќајот ќе се одвива непречено, со брзина од V=80 km/h во зона на градилиште. Режимот ќе се применува сè до целосна изградба на новата клучка кај Градско.

Од 3.11.2022 почнуваат градежни работи на државниот пат А4, делница Блаце – Скопје. Градежните работи почнуваат со комплетно затворање од 11 + 056 км до 12 + 369 км и пренасочување на сообраќајот по околната сообраќајна мрежа.

ГП „Илинден“ – Струга известува дека на патниот правец Кичево – Охрид, на делницата од с. Требеништа – Охрид, од 13.10.2022 се воведува изменет режим на сообраќај. На учесниците во сообраќајот им се препорачува да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација и да ја приспособат брзината кон условите на патот.

На регионалниот пат Р1102, односно делница Велес – Градскo, поради изведување градежни работи, наведената делница ќе биде затворена за сообраќај од 28.9.2022 година во наредните 9 месеци и сообраќајот ќе се одвива во согласност со одобрениот привремен режим на сообраќај.

СТРАБАГ АГ известува: Врз основа на одобрение за привремена измена на режим на сообраќај на државниот пат А1 – делница Велес – Неготино, издадено од Министерство за транспорт и врски со број 11-уп-46/4, од 21.7.2022 година, кое се однесува за изградба на новата клучка кај Градско (како дел од автопатот А1), на гореспоменатата делница ќе се изведуваат градежни работи и во следните 12 месеци, а ќе се применува привремената измена на режим на сообраќај.
Привремениот режим ќе се применува во двата правца на автопатот Е75, во зоната на изградба на новата клучка кај Градско, и тоа во правец кон граничниот премин Богородица и во правец кон граничниот премин Табановце. Сообраќајот ќе се одвива по возната сообраќајна лента, а нема да може да вози по сообраќајната лента за престигнување.

ГД „Гранит“ АД Скопје известува дека во согласност со издаденото одобрение за привремен режим на сообраќај за време изведбата на автопатот А4, делница ГП Блаце – Скопје (клучка кај Стенковец), подделница 1 – проширување на постоен пат А4 од ГП Блаце до с. Блаце до ниво на автопат и изградба на дел од автопат со клучка за поврзување со локален пат до с. Блаце, на 2 км пред граничниот премин Блаце, од 17.6.2022 на местото на изведување на градежните работи се одвива дополнителен привремен двонасочен режим на сообраќај со поставена соодветна сообраќајна сигнализација. Сообраќајот се одвива континуирано без застој. Препорака до возачите за приспособена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација.

Според информација од Друштвото за градежништво „Пелагонија“ АД Гостивар, од 5.4.2022 се изведуваат градежни активности за санација на свлечишта на км 19+500 (кај село Глобочица) и 24+000 (кај село Луково) на регионалниот пат Р1201, делница Струга – Дебар. Сообраќајот се одвива наизменично и е регулиран со семафори.

„Стентон градба“ ДОО известува за привремена измена на режим на сообраќај на државниот пат крак А1, делница Градско – Прилеп (Фариш – Прилеп), поточно по мостот на реката Раец кон Плетвар, поради градежни активности, од 2.3.2022 во врска со проектот за рехабилитација на државниот пат А1, делница Фариш – Прилеп, и ќе трае во наредните 12 месеци. Поради изведување на градежните работи, ќе има пренасочување на сообраќајот по две коловозни ленти, возачите треба да ја следат поставената патна сигнализација и да возат со намалена брзина при поминување на работната делница.

На патниот правец А2 Кичево – Охрид, поради градежни работи на повеќе делници, сообраќајот се одвива со девијации. Поставена е соодветна сообраќајна сигнализација и затоа препорачуваме строго почитување и приспособена брзина на движење.

Сервисни информации

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините повремен снег

Објавено пред

Времето денеска ќе биде, променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините со повремен снег.

dobivaj vesti na viber

Локално, врнежите ќе бидат поројни, проследени со појава на ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 10, а максималната ќе достигне од 11 до 18 степени.

Во Скопје променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Кон крајот на денот врнежите ќе престанат. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 15 степени.

Од петок следува период на претежно стабилно и потопло време со пораст на температурите на воздухот.

Прикажи повеќе...

Македонија

Во Скопје се возело брзо и без возачка дозвола – санкционирани 114 возачи

Објавено пред

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (20.04.2024) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.

dobivaj vesti na viber

На територија на град Скопје изречени се вкупно 114 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 31 санкција, 10 мерки за возење без возачка дозвола, четири санкции за минување на затворен сигнал – црвено светло, седум мерки за користење на мобилен телефон при управување…

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.

Прикажи повеќе...

Македонија

ЦУК: Спасен овчар заглавен на речен остров во водите на Црна Река

Објавено пред

Спасен е овчар заглавен на речен остров во надојдените води на Црна Река, заедно со неговите стотина овци, соопштија синоќа од Центар за управување со кризи.

dobivaj vesti na viber

Оттаму нагласија дека сега овчарот и овците се на безбедно место, откако се намалило нивото на водата и тие биле евакуирани.

– Центарот за управување со кризи известува дека од единствениот број за итни случаи 112, до Секторот за операции и координација, во 17:32 часот добил информација за заглавен овчар среде Црна Река, со неговите стотина овци, на мало островче на 200 метри лоцирано под селото Манастирец во општина Росоман. Реката била надојдена заради зголемен проток при производство на електрична енергија од страна на АД „ЕЛЕМ“ ПО „ХЕЦ Тиквеш Водостопанство Тиквеш“. ЦУК презеде координативни активности за да се запре протокот на вода од Акумулација „Тиквеш“ и да се намали нивото на реката, соопштија од Центарот.

Од ЦУК веднаш биле преземени сите неопходни мерки.

– Овчарот чекаше нивото на реката да се намали за заедно со неговите овци да се засолни на безбедно место. При ваков случај, било потребно три до четири часа да се намали нивото на водата. Инаку, на лице место е испратена екипа на МВР – ПС Кавадарци, а во контакт со градоначалникот на Општина Росоман е добиена потврда дека и од таму ќе биде пратена екипа, информираа од ЦУК.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија9 часа

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Денеска, ЗНАМ заедно со сите свои пддржувачи ја испишува новата политичка историја на македонската политичка сцена, рече вечерва претседателскиот кандидат...

Македонија10 часа

Нема да се откажеме и нема да ги наведнеме главите, порача Ковачевски

Денеска е тежок удар за европската перспектива на Македонија, но не е доцна да се смени правецот, откажувањето не е...

Македонија10 часа

(Видео) Мицкоски: Цунамито се крена, на 8 мај ќе ги потопи целосно, победуваме со над 170.000 разлика

Денеска народот во Македонија покажа дека си ја сака Македонија и дека секој оној кој го потценува народот прваи голема...

Македонија10 часа

Пендаровски: Резултатите не се такви какви што ги очекувавме, но нема предавање, утре е нов ден

Резултатите не се такви какви што ги очекувавме истакна вечерва на прес-конференција кандидатот за претседател поддржан од СДСМ, Стево Пендаровски....

Македонија11 часа

Силјановска за убедливото водство: Напати се срамам, зарем е можно толку многу луѓе вака да реагираат

Претседателскиот кандидат Гордана Силјановска Давкова по завршување на првиот круг гласање од изборот за претседател на државата рече дека денешниот...

Македонија12 часа

Јакимовски призна пораз, ѝ честиташе водство на Сиљановска и ѝ посака среќа во вториот круг

Лидерот на ГРОМ и претседателски кандидат, Стевчо Јакимовски, вечерва призна пораз и ѝ честиташе водство на Гордана Сиљановска-Давкова.  Со оглед...

Македонија13 часа

Таравари: Земјотресот почна, се надевам дека на 8 мај ќе дојде промената ДУИ да биде опозиција

Масовниот одѕив на гласачите на овие претседателски избори за Арбен Таравари, претседателски кандидат на коалицијата ВЛЕН, е показател дека промените...

Македонија13 часа

Одѕивот до 18.30 часот е 48,44 отсто, во Новаци на гласање излегле рекордни 71,07 отсто од гласачите

Одѕивот до 18.30 часот на седмите претседателски избори е 48,44 отсто од гласачите, според податоци од 3174 гласачки места. Претседателот...

Македонија13 часа

Муцунски: Овој изборен ден е почеток на крајот на оваа власт

Народот уште еднаш покажа дека знае и умее да ја процени важноста на овие избори, како крстопат кога се одлучува...

Македонија13 часа

ОЈО: Сите сомненија за кривични дела кои би можеле да го нарушат изборниот процес ќе бидат испитани

Во текот на изборниот ден до затворањето на избирачките места, на електронската адреса на Јавното обвинителство на Република Северна Македонија...

Македонија14 часа

Левицата: Проблеми со фингерпринтот во Куманово, Ѓорче Петров, Аеродром, доцнење на гласачкиот процес и нерегуларности во избирачкиот список

Од Претседателскиот изборен штаб на кандидатот за претседател Билјана Ванковска информираат дека денешниот изборен ден поминal мирно во фер и...

Македонија14 часа

Силјановска: Дојде време, дојде час, да си замине оваа власт

Дојде време, дојде час, да си замине оваа власт, порача кандидатката за претседател, Гордана Силјановска Давкова по гласањето во првиот...

Македонија14 часа

„Нека победи подобриот“ – Таравари рече дека поседува видео снимки за купување на гласови

Кандидатот за претседател, Арбен Таравари, гласаше со своето семејство, пришто порача изборите да бидат фер и демократски. „Нека победи подобриот....

Македонија14 часа

Ванковска: Необично е да гласаш за себе, но со тоа ја изразив убеденоста во она што го говорам

Билјана Ванковска, претседателски кандидат на Левица го оствари своето право на глас на ИМ во ОУ „Јан Амос Коменски“ во...

Македонија14 часа

(Видео) Пендаровски: Држава што преговара со ЕУ не смее да си дозволи лош изборен процес

Кандидатот за претседател, Стево Пендаровски, денеска гласаше на првиот круг од претседателските избори. Во изјава за медиумите Пендаровски истакна дека...

Македонија15 часа

Во Куманово не се гласа на три избирачки места, на едното се изгубил печатот

Прекин на гласањето има на три места во Куманово, информираше претседателот на Државната изборна комисија (ДИК), Александар Даштевски. Како што...

Македонија16 часа

Одѕивот до 17 часот изнесува 44,18 отсто – за околу 9 проценти повеќе во споредба со претходните претседателски избори

До 17 часот во првиот круг од претседателските избори, своето право на глас го оствариле 397.612 избирачи, или 44,18 отсто....

Македонија17 часа

Петмина си ги фотографирале гласачките ливчиња, полицијата ги фати

Пет лица во периодот од 11 до 14 часот, биле фатени од страна на полицијата оти ги фотографирале своите гласачки...

Македонија19 часа

ОЈО Делчево истражува обид за изборен поткуп со бесплатно вградување водомери

Основното јавно обвинителство Делчево истражува предмет за изборен поткуп со бесплатно поставување водомери. Обвинителот Џељаљ Бајрами, претседател на комисијата на...

Македонија20 часа

Штипјанец и скопјанка фатени како ги фотографираат гласачките ливчиња, а жител на Бучим му го покажал ливчето на набљудувач

Од отворањето на гласачките места досега имаме регистрирано две фотографирања на гласачко ливче, едно во Скопје, а едно во Штип....