Сервисни информации
Нормализиран сообраќајот на повеќето правци, во прекин Штип – Кочани, забрана за камиони на превоите
Забраните на најголемиот број патни правци во земјата од пладнето во петокот се укинати, информираат од Автомото сојузот на Македонија (АМСМ), а единствено во моментов во прекин е сообраќајот, од 6 часот утрото сообраќајот на магистралниот пат А-3 Штип -Кочани, поточно од селото Крупиште до бензиска пумпа „Ваго“ поради чистење на снежни наноси сообраќајот е во прекин.
Забрани за сообраќај за тешки товарни возила има на планинските премини Стража, Маврово и Ѓавато.
Забраната за сообраќај за сите видови возила за патниот правец Велес- Скопје во 10 часот се укинува. Исто така, забраната за сообраќај за тешки товарни возила за патниот правец Скопје-Велес во 10 часот беше укината.
Сообраќајот на патниот правец Валандово – Стар Дојран и обратно кај месноста Бела барака е нормализиран. Од 13 часот сообраќајот на магистралниот пат Прилеп – Кавадарци кај Плетвар е нормализиран. Претходно од 12,50 часот регионалниот пат Тетово – Јажинце е нормализиран, а од 13,10 часот нормализиран е и сообраќајот кај магистралниот пат Струга – Ќафасан.
Забраната за сообраќај за тешки товарни возила за патниот правец Крива Паланка – граничен премин Деве Баир е укината во 13,35 часот, како и забраната за сообраќај за тешки товарни возила за патниот правец Кичево – Охрид преку планинскиот превој Пресека која престана да важи од 13,45 часот.
Сообраќајот на државните патишта се одвива отежнато и во зимски услови, по влажни коловози и со остатоци од снег по коловозите по интервенција на екипите на „Македонија Пат“.
Од АМСМ препорачуваат исклучително внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Во клисурите и засеците можна е почеста појава на одрони, особено на патните правци: Кочани -Мак. Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово – Дебар – Струга, Д. Капија – Удово, Катланово – Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен – Буково.
Регионалниот пат Р-2332 патен правец Ресен – Охрид (преку национален парк Галичица) од 15.11.2016 до 01.04.2017 е затворен за сообраќај. Од охридската страна возилата со вкупна тежина до 3,5 тони можат да се обраќаат само до месноста Kорита.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. а на граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините. /крај/амсм/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Сервисни информации
Променливо облачно со сончеви периоди
Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува засилен, повремено силен ветер (над 60 km/h) од југоисточен правец, особено долж Повардарието. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има врнежи од дожд, кои наместа ќе бидат поројни и проследени со ретки грмежи. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 8, а максималната ќе достигне од 15 до 20 степени.
Во Скопје ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен до засилен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне 18 степени.
Во четврток претпладне ќе има врнежи од дожд, наместа поројни и проследени со ретки грмежи. Ќе дува засилен, повремено силен ветер од југозападен правец (над 60 km/h).
Во текот на денот облачноста ќе се намали и потоа следува период на сончево и топло време со пораст на температурата.
Македонија
134 санкционирани возачи во Скопје
Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (23.03.2024) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.
На територија на град Скопје изречени се вкупно 134 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 43 санкции, 13 мерки за возење без возачка дозвола, седум санкции за возење под дејство на алкохол, 11 мерки за некористење сигурносен појас…
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.
Македонија
Утре без струја населба и село Радишани
Од ЕВН Македонија АД информираат дека на ден 25.03.2024 година (понеделник) без електрична енергија ќе останат: во периодот од 09.10 до 14.30 часот, корисниците од населба Радишани и село Радишани (општина Бутел).