Сервисни информации
Облачно со локален слаб снег
Во јужните делови претежно облачно со локален слаб снег. Во северните делови умерено облачно. Ќе дува слаб до умерен северен ветер.
Утринските температури ќе се движат од -23 до -9, а дневните ќе бидат во интервал од -10 до -3 степени.
Во Скопје и околината слично време со утринска температура до -18 и дневна до -6 степени.
До четврток утринските температури на повеќе места ќе бидат под -15 степени, а дневните ќе бидат во благ пораст. Позначителен пораст на температурата ќе има од петок.
Нов влажен бран ќе има од петок кон крајот на денот кога на повисоките места и на планините ќе има врнежи од снег, а на пониските места врнежи од дожд и снег. Пообилни врнежи ќе има во сабота кога во западните делови ќе се формира нова снежна покривка. /крај/ухрм
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Сервисни информации
Променливо облачно со сончеви периоди
Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува засилен, повремено силен ветер (над 60 km/h) од југоисточен правец, особено долж Повардарието. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има врнежи од дожд, кои наместа ќе бидат поројни и проследени со ретки грмежи. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 8, а максималната ќе достигне од 15 до 20 степени.
Во Скопје ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен до засилен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне 18 степени.
Во четврток претпладне ќе има врнежи од дожд, наместа поројни и проследени со ретки грмежи. Ќе дува засилен, повремено силен ветер од југозападен правец (над 60 km/h).
Во текот на денот облачноста ќе се намали и потоа следува период на сончево и топло време со пораст на температурата.
Македонија
134 санкционирани возачи во Скопје
Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (23.03.2024) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.
На територија на град Скопје изречени се вкупно 134 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 43 санкции, 13 мерки за возење без возачка дозвола, седум санкции за возење под дејство на алкохол, 11 мерки за некористење сигурносен појас…
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.
Македонија
Утре без струја населба и село Радишани
Од ЕВН Македонија АД информираат дека на ден 25.03.2024 година (понеделник) без електрична енергија ќе останат: во периодот од 09.10 до 14.30 часот, корисниците од населба Радишани и село Радишани (општина Бутел).