Сервисни информации
Прекин на струја на неколку часа во Усје, Соње, Сарај, Центар, Студеничани
Од ЕВН Македонија АД, известуваат дека во понеделник и во вторник ќе има неколкучасовен прекин на снабдување со електрична енергија во различни населени места во градот.
Без струја ќе останат во периодот од 08.30 до 15.00 часот, дел од корисниците од населба Усје, дел од корисниците лоцирани во околината на Агрометал и Партисервиси Лео, како и објектот на Мерцедес Бенз во Усје ( општина Кисела Вода, корисниците од ул.12 во село Горно Соње ( општина Сопиште ).
Во периодот од 09.00 до 14.00 часот, е предвиден прекин во трговските објекти пред влез на езеро Треска во село Сарај. ( општина Сарај ) а во периодот од 09.00 до 15.00 часот, корисниците од ул. Невеска бр.2 и бр.4 ( општина Карпош )
Двочасовен прекин на струја во вторник ќе има во периодот од 08.30 до 10.30 часот, корисниците од ул. Славејко Арсов. ( општина Центар ) а во периодот од 09.00 до 15.30 часот, корисниците од ул. Дане Крапчев од бр.20 до бр.28, корисниците од ул. Црвена Вода, корисниците од бул. Партизански Одреди лоцирани позади Неуромедика и корисниците од бул. Партизански Одреди од бр.40 до бр.46. ( општина Центар ).
Од 09.00 до 17.00 часот, без струја ќе бидат корисниците од ул. 1 во село Огњанци, како и корисниците на почетокот и на сред село Огњанци. ( општина Петровец ).
Предвидено е исклучување во периодот од 09.30 до 11.30 часот, дел од корисниците од ул.1 во село Студеничани. ( општина Студеничани ), во периодот од 10.00 до 13.00 часот, корисниците од ул. Црногорска од бр.16 до бр.32. ( општина Ѓорче Петров ), од 10.30 до 15.00 часот, корисниците од ул. Питу Гули. ( општина Центар и од 10.30 до 15.30 часот, корисниците од улиците Дренак и Драга Стојановска ( општина Кисела Вода ).
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Во Скопје се возело брзо и без возачка дозвола – санкционирани 114 возачи
Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (20.04.2024) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.
На територија на град Скопје изречени се вкупно 114 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 31 санкција, 10 мерки за возење без возачка дозвола, четири санкции за минување на затворен сигнал – црвено светло, седум мерки за користење на мобилен телефон при управување…
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.
Македонија
ЦУК: Спасен овчар заглавен на речен остров во водите на Црна Река
Спасен е овчар заглавен на речен остров во надојдените води на Црна Река, заедно со неговите стотина овци, соопштија синоќа од Центар за управување со кризи.
Оттаму нагласија дека сега овчарот и овците се на безбедно место, откако се намалило нивото на водата и тие биле евакуирани.
– Центарот за управување со кризи известува дека од единствениот број за итни случаи 112, до Секторот за операции и координација, во 17:32 часот добил информација за заглавен овчар среде Црна Река, со неговите стотина овци, на мало островче на 200 метри лоцирано под селото Манастирец во општина Росоман. Реката била надојдена заради зголемен проток при производство на електрична енергија од страна на АД „ЕЛЕМ“ ПО „ХЕЦ Тиквеш Водостопанство Тиквеш“. ЦУК презеде координативни активности за да се запре протокот на вода од Акумулација „Тиквеш“ и да се намали нивото на реката, соопштија од Центарот.
Од ЦУК веднаш биле преземени сите неопходни мерки.
– Овчарот чекаше нивото на реката да се намали за заедно со неговите овци да се засолни на безбедно место. При ваков случај, било потребно три до четири часа да се намали нивото на водата. Инаку, на лице место е испратена екипа на МВР – ПС Кавадарци, а во контакт со градоначалникот на Општина Росоман е добиена потврда дека и од таму ќе биде пратена екипа, информираа од ЦУК.
Македонија
Патот Штип-Кочани во прекин поради сообраќајка
Од 17:10 часот, поради сообраќајна незгода на патниот правец Штип-Кочани, сообраќајот е во прекин во една насока, информираат од АМСМ.