Сервисни информации
Студот никако да попушти
Минусните температури никако да попуштат, па така во Битола и во Берово во 8 часот утрово измерени се -18 степени Целзиусови, а во Скопје -13, додека „најтопло“ било во Крушево со – 5.
Измерените минимални температури се -18 Битола, Берово, -15 Тетово, -14 Куманово, -13 Скопје Зајчев Рид, Демир Капија, -12 Струмица, Штип, -11 Прилеп, Маврово, -10 Крива Паланка Паланка, -8 Лазарополе, Виница, Тополчани, Претор, -7 Гевгелија, -6 Дојран, Ѓуриште, Пожаране, Дебар, Охрид, -5 Крушево.
Висина на снежна покривка во 8 часот е 3 сантиметри во Прилеп, 4 Штип, 5 Дебар, 8 Тополчани, 9 Крива Паланка, 10 Струмица, 11 Куманово, 16 Скопје, 18 Демир Капија, 24 Берово, Тетово, 25 Битола, 29 Крушево, 45 Лазарополе, 46 Ѓуриште, Пожаране, 67 Маврово.
Во текот на изминатата ноќ како и утринава насекаде во земјава преовладува ведро и многу студено време, особено во источните делови и по котлините. Во Битола е многу студено со магла и ниска облачност, а во останатите котлини има слаба магла. Дува слаб ветер претежно од северен правец и повеќе е изразен на повисоките места и планините.
Времето во сабота ќе биде сончево со мала локална облачност и со слаб ветер од југоисточен правец. Претпладне со појава на магла во котлините. Највисоката температура на воздухот ќе се движи во интервалот од -2 до 6 степени.
Скопје претпладне со појава на магла , а во текот на денот сончево со мала облачност и со слаб југоисточен ветер. Највисоката температура ќе достигне до околу 1 степен.
Во недела претпладне времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне ќе има зголемување на облачноста и услови за провејување на слаб снег, особено кон крајот на денот и во текот на ноќта, како и во понеделник претпладнето.
Ова зголемување на облачноста ќе услови покачување на утринските температури, а и дневните ќе имаат тенденција на благ пораст./крај/ухмр
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Сервисни информации
Променливо облачно со повремени врнежи од дожд, наместа особено попладне, ќе биде нестабилно со пообилен пороен дожд
Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Наместа особено попладне, ќе биде нестабилно со пообилен пороен дожд (над 30 литри на метар квадратен) грмежи и силен ветер (над 70 километри на час), локално во форма на невреме. Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 13, а максималната ќе достигне од 15 до 23 степени.
Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд.
Попладне во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 12, а максималната ќе достигне 20 степени.
Под влијание на серија на влажни бранови, до почетокот на следната седмица времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Утре наместа ќе има појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и силен ветер (над 70 километри на час), локално во форма на невреме. Од петок, а особено за време на викендот поради спуштање на студена воздушна маса врнежите од дожд на планините и повисоките места ќе бидат од снег и ќе се формира нова снежна покривка. Врнежите повремено ќе имаат обилен карактер, наместа над 40 литри на метар квадратен за краток период.
Сервисни информации
Претпладне променливо облачно со сончеви периоди, попладне со локални врнежи од дожд
Времето денеска, претпладне променливо облачно со сончеви периоди. Попладне и во текот на ноќта ќе има локални врнежи од дожд, проследени со појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен, а наместа повремено засилен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 13, а максималната ќе достигне од 21 до 38 степени.
Во Скопје, претпладне променливо облачно со сончеви периоди. Попладне облачноста ќе се зголеми, а кон крајот на денот ќе има услови за слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 12, а максималната ќе достигне 25 степени.
Од среда до почетокот на следната седмица подрачјето на нашава земја ќе биде под влијание на серија на влажни бранови кои што ќе предизвикаат времето да е променливо облачно со повремени врнежи од дожд.
Во среда и четврток ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и силен ветер (над 70 км/час), локално во форма на невреме. Од петок, а особено за време на викендот поради спуштање на студена воздушна маса врнежите од дожд на планините и повисоките места ќе бидат од снег и ќе се формира нова снежна покривка.
Врнежите повремено ќе имаат обилен карактер, наместа над 40 л/м2 за краток период.
Сервисни информации
Сончево и топло со мала до умерена облачност
Времето денеска, сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието и во источните делови повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 13, а максималната ќе достигне од 24 до 30 степени.
Во Скопје сончево и топло со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 11, а максималната ќе достигне 29 степени.
До почетокот на следната седмица ќе се задржи сончево и топло време со мала до умерена локална облачност.
Во вторник во текот на ноќта, а особено во среда под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса ќе има врнежи од дожд кои локално ќе бидат обилни во форма на невреме проследени со грмежи и силен ветер. Температурите од среда ќе бидат во опаѓање.