Сервисни информации
Укината забраната за камиони од Кочани кон Делчево
Забраната за сообраќај на тешки товарни возила на патниот правец Кочани – граничен превој Делчево е укината во неделата утрото, се наведува во извештајот за состојбата на патните правци во земјата од АМС од 9,30 часот.
Патниот правец Свети Николе-Куманово кој беше во прекин поради снежни наноси од 04:50 часот е прооден за сите видови возила
На планинскиот премин Плетвар и на патните правци Маврово – Дебар сé уште важи забраната за движење на тешки товарни возила.
Затворени се за сообраќај патиштата кон селата Герман, Гошинце и Алешевце, а поради наноси од снег во прекин е сообраќајот на патниот правец Прилеп – Витолиште.
На патниот правец Куманово – Крива Паланка сообраќајот се одвива отежнато поради наноси од снег.
Сообраќајот на државните патишта се одвива отежнато, во зимски услови, по влажни коловози и со остатоци од снег по коловозите, по интервенција на екипите на ЈП „Македонија Пат“.
Од АМСМ препорачуваат исклучително внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Во клисурите и засеците можна е почеста појава на одрони, особено на патните правци: Кочани -Мак. Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово – Дебар – Струга, Д. Капија – Удово, Катланово – Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен – Буково.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен, а на граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините. /крај/амсм/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Сервисни информации
Променливо облачно со сончеви периоди
Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува засилен, повремено силен ветер (над 60 km/h) од југоисточен правец, особено долж Повардарието. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има врнежи од дожд, кои наместа ќе бидат поројни и проследени со ретки грмежи. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 8, а максималната ќе достигне од 15 до 20 степени.
Во Скопје ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен до засилен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне 18 степени.
Во четврток претпладне ќе има врнежи од дожд, наместа поројни и проследени со ретки грмежи. Ќе дува засилен, повремено силен ветер од југозападен правец (над 60 km/h).
Во текот на денот облачноста ќе се намали и потоа следува период на сончево и топло време со пораст на температурата.
Македонија
134 санкционирани возачи во Скопје
Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (23.03.2024) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.
На територија на град Скопје изречени се вкупно 134 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 43 санкции, 13 мерки за возење без возачка дозвола, седум санкции за возење под дејство на алкохол, 11 мерки за некористење сигурносен појас…
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.
Македонија
Утре без струја населба и село Радишани
Од ЕВН Македонија АД информираат дека на ден 25.03.2024 година (понеделник) без електрична енергија ќе останат: во периодот од 09.10 до 14.30 часот, корисниците од населба Радишани и село Радишани (општина Бутел).