Сервисни информации
Утре температурите ќе бидат пониски за 8 до 10 степени
МАКСИМАЛНИ ТЕМПЕРАТУРИ
24 Гевгелија, Струмица, Д. Капија, 21 Штип, Виница, Прилеп, Скопје Петровец, Скопје, 20 Битола, Тетово, 19 Тополчани, 18 Кр. Паланка, Берово, Охрид, 17 Пожаране, 16 Ѓуриште, Претор, 13 Маврово, 12 Лазарополе.
НАВРНАТ ВОДЕН ТАЛОГ (во л/м2) за 9 часа, до 16 часот.
1 Тетово, Лазарополе, >0 Кр. Паланка, Скопје Петровец, Д. Капија, Маврово, Виница, Скопје, Гевгелија, Штип.
ВРЕМЕТО ДЕНЕС
Претпладне сончево со мала до умерена локална облачност. Прекуденот ќе имаше зголемување на облачноста со повремени локални и слаби врнежи од дожд, наместа во северозападниот и југоисточниот дел од земјава беа проследени со ретки грмежи.
Дуваше и сеуште дува умерен до силен северен ветер во Пелагонија достигнуваше до 70 км/час,а во скопското подрачје до 60 км/час.
ВРЕМЕТО УТРЕ
Претежно облачно со повремени слаби врнежи од дожд, на повисоките места и на планините ќе бидат од дожд и снег и снег на повисоките планини. Претежно ќе бидат застапени во на јужниот дел од земјава. Ќе дува умерен северен ветер.
Т-мин. од 0 до 5 а т-мин. 8 до 14 степени.
ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ
Како резултат на поминувањето на студен фронтален систем преку нашето подрачје, утре дневната температурата на воздухот ќе опадне за 8 до 10 степени во споредба со денешната. Но, во јужните и југоисточните делови од земјава, предпладне се уште ќе има повремени и слаби врнежи од дожд и снег, и снег на повисоките места и на планините. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен и североисточен правец. Потоа се очекува постепено стабилизирање и затоплување на времето. /крај/мф/кс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Сервисни информации
Променливо облачно со сончеви периоди
Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува засилен, повремено силен ветер (над 60 km/h) од југоисточен правец, особено долж Повардарието. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има врнежи од дожд, кои наместа ќе бидат поројни и проследени со ретки грмежи. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 8, а максималната ќе достигне од 15 до 20 степени.
Во Скопје ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен до засилен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне 18 степени.
Во четврток претпладне ќе има врнежи од дожд, наместа поројни и проследени со ретки грмежи. Ќе дува засилен, повремено силен ветер од југозападен правец (над 60 km/h).
Во текот на денот облачноста ќе се намали и потоа следува период на сончево и топло време со пораст на температурата.
Македонија
134 санкционирани возачи во Скопје
Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (23.03.2024) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.
На територија на град Скопје изречени се вкупно 134 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 43 санкции, 13 мерки за возење без возачка дозвола, седум санкции за возење под дејство на алкохол, 11 мерки за некористење сигурносен појас…
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.
Македонија
Утре без струја населба и село Радишани
Од ЕВН Македонија АД информираат дека на ден 25.03.2024 година (понеделник) без електрична енергија ќе останат: во периодот од 09.10 до 14.30 часот, корисниците од населба Радишани и село Радишани (општина Бутел).