Сервисни информации
Викендов ќе се одржи мото трката „Гран При Македонија 2010“
Втората трка „Гран При Македонија 2010“ од отворениот Источно-Европскиот шампионат во мотокрос во 2010 година ќе се одржи на 10 и 11 април на патеката Милци крај Гевгелија“, портпаролот на Мотоциклистичката Федерација на Македонија
„Со оглед на бројот на учесници на првата трка одржана во Грција, нашите очекувања се дека на оваа трка ќе учествуваат стотина мотоциклисти од десеттина земји поделени воседум класи“, рече портпаролот Владимир Карчицки.Тој истакна дека во сите класи се очекуваат интересни борби, а за фаворити се сметаат Томпа од Романија во класата МХ65, Иванов од Бугарија во класата МХ85, Кузис од Грција во класата МХ1, Кабал од Романија во класата МХ2 и МХ2-Јуниор, Керемидас од Грција во класата МХ3 и Охара од Израел со грчка лиценца во класата МХ АТV.Наши претставници на трката ќе бидат трикратната шампионка Фетије Елези во класата МХ85, повеќекратните шампиони и освојувачи на златна кацига Гоце Томовски и Мирче Ќорнаков во класара МХ1, и младите надежи, шампионот и вицешампионот за 2009 година Благојче Спировски и Драган Ванов во класата МХ2 и МХ2-Јуниор.„Очекуваме од нашите натпреварувачи да бидат поуспешни од досега со оглед на настапот на домашен терен и бодрењето од публиката“, изјави Карчицки и истакна дека најдобриот натпреварувач од Македонија Христиан Илиоски, кој беше двоен шампион минатата година во класата МХ2 и МХ2-Јуниор нема да настапи бидејќи нема конкурентен мотоцикл.Тренинзите и класификациите за оваа трка ќе се одржат во сабота, додека свеченото отворање на натпреварот е предвидено за недела.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Сервисни информации
Променливо облачно со повремени врнежи од дожд, наместа особено попладне, ќе биде нестабилно со пообилен пороен дожд
Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Наместа особено попладне, ќе биде нестабилно со пообилен пороен дожд (над 30 литри на метар квадратен) грмежи и силен ветер (над 70 километри на час), локално во форма на невреме. Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 13, а максималната ќе достигне од 15 до 23 степени.
Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд.
Попладне во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 12, а максималната ќе достигне 20 степени.
Под влијание на серија на влажни бранови, до почетокот на следната седмица времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Утре наместа ќе има појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и силен ветер (над 70 километри на час), локално во форма на невреме. Од петок, а особено за време на викендот поради спуштање на студена воздушна маса врнежите од дожд на планините и повисоките места ќе бидат од снег и ќе се формира нова снежна покривка. Врнежите повремено ќе имаат обилен карактер, наместа над 40 литри на метар квадратен за краток период.
Сервисни информации
Претпладне променливо облачно со сончеви периоди, попладне со локални врнежи од дожд
Времето денеска, претпладне променливо облачно со сончеви периоди. Попладне и во текот на ноќта ќе има локални врнежи од дожд, проследени со појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен, а наместа повремено засилен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 13, а максималната ќе достигне од 21 до 38 степени.
Во Скопје, претпладне променливо облачно со сончеви периоди. Попладне облачноста ќе се зголеми, а кон крајот на денот ќе има услови за слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 12, а максималната ќе достигне 25 степени.
Од среда до почетокот на следната седмица подрачјето на нашава земја ќе биде под влијание на серија на влажни бранови кои што ќе предизвикаат времето да е променливо облачно со повремени врнежи од дожд.
Во среда и четврток ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и силен ветер (над 70 км/час), локално во форма на невреме. Од петок, а особено за време на викендот поради спуштање на студена воздушна маса врнежите од дожд на планините и повисоките места ќе бидат од снег и ќе се формира нова снежна покривка.
Врнежите повремено ќе имаат обилен карактер, наместа над 40 л/м2 за краток период.
Сервисни информации
Сончево и топло со мала до умерена облачност
Времето денеска, сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието и во источните делови повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 13, а максималната ќе достигне од 24 до 30 степени.
Во Скопје сончево и топло со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 11, а максималната ќе достигне 29 степени.
До почетокот на следната седмица ќе се задржи сончево и топло време со мала до умерена локална облачност.
Во вторник во текот на ноќта, а особено во среда под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса ќе има врнежи од дожд кои локално ќе бидат обилни во форма на невреме проследени со грмежи и силен ветер. Температурите од среда ќе бидат во опаѓање.