Сервисни информации
Ериксон се приклучи на критиките за топката на СП
Менаџерот на репрезентацијата на Брегот на слоновата коска, Свен Горан Ериксон, се прилкучи кон дебатата за јабулани топката што се користи на Светското првенство во ЈАР, а планира да свика состанок по завршувањето на мундијалот
<!– @page { margin: 0.79in } P { margin-bottom: 0.08in } –>
Состанокот на високо ниво, мора да се одржи по завршувањето на деветнаесетото Светско првенство во фудбал во Јужна Африка, пренесуваат светските агенции.
Ериксон, по натпреварот на неговиот тим против Португалија во вторникот, вели: „Може да забележите на натпреварите како и на тренинзите за шутирање, дека топката скршнува.
„Голманите не се среќни поради тоа. Доцна е еда се направи што било околу тоа на ова Светско првенство, но сигурно ќе биде дискутирано со надлежните. Сите треба да ги слушаат најдобрите светски голмани, кога се жалат на топката.“, додава Ериксон.
Според него, менаџерите, играчите и фирмата што ги произведува топките (Адидас) мора да зборуваат за тоа.
Касиљас, шпанскиот голкам ја оцени топката како вртлива, а Италијанецот Буфон ја смета за непредвидлива. Тие сметаат дека да се игра со таква топка, толку важен турнир, е пропуст.
Цезар, бразилскиот голман вели дека тоа е топка што може да се најде во супермаркет, а чилеанецот Клаудио Браво вели дека со неа подобро би се играло одбојка на песок.
Адидас го брани својот продукт: „Има стриктни одредби од ФИФА за топката (тежина, големина, отскок во однос на разликата во тепмературата), коментира германскиот производител.
„ Не само што топката ги исполнува овие услови, туку и ги надминува“, велат од Адидас, пренесува АФП.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Сервисни информации
Променливо облачно со сончеви периоди
Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува засилен, повремено силен ветер (над 60 km/h) од југоисточен правец, особено долж Повардарието. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има врнежи од дожд, кои наместа ќе бидат поројни и проследени со ретки грмежи. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 8, а максималната ќе достигне од 15 до 20 степени.
Во Скопје ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен до засилен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне 18 степени.
Во четврток претпладне ќе има врнежи од дожд, наместа поројни и проследени со ретки грмежи. Ќе дува засилен, повремено силен ветер од југозападен правец (над 60 km/h).
Во текот на денот облачноста ќе се намали и потоа следува период на сончево и топло време со пораст на температурата.
Македонија
134 санкционирани возачи во Скопје
Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (23.03.2024) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.
На територија на град Скопје изречени се вкупно 134 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 43 санкции, 13 мерки за возење без возачка дозвола, седум санкции за возење под дејство на алкохол, 11 мерки за некористење сигурносен појас…
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.
Македонија
Утре без струја населба и село Радишани
Од ЕВН Македонија АД информираат дека на ден 25.03.2024 година (понеделник) без електрична енергија ќе останат: во периодот од 09.10 до 14.30 часот, корисниците од населба Радишани и село Радишани (општина Бутел).