Сервисни информации
Без струја повеќе делови на Скопје
Без струја во петок ќе бидат повеќе населени места на Скопска Црна Гора, делови на Сарај, Карпош, Кисела Вода…
Како што информираат од ЕВН Македонија АД, во петок без електрична енергија ќе останат:
• во време од 13.00 до 15.00 часот, корисниците од селата Танушевци, Мирковци, Побожје, Малино, Бродец, Брест, Љубанци и Кучевиште. ( општина Чучер Сандево )
• во време од 08.30 до 15.00 часот, корисниците од село Буковиќ. ( општина Сарај )
• во време од 08.30 до 11.30 часот, корисниците од улица Тодор Циповски – Мерџан. ( општина Ѓорче Петров )
• во време од 10.00 до 15.30 часот, дел од корисниците од улица Ловќенска под улици 2 и 4. ( општина Карпош )
• во време од 12.00 до 14.00 часот, дел од корисниците од улица Хелсинки. ( општина Карпош )
• во време од 09.00 до 15.00 часот, корисниците од викенд населба Матка. ( општина Сарај )
• во време од 09.00 до 14.00 часот, дел од корисниците од ул. Страцинска, и дел од ул. Вашингтонска. ( општина Шуто Оризари )
• во време од 08.00 до 15.30 часот, дел од корисниците од село Кадино- краткотрајно ќе има прекин од 30 мин., во 08.30 часот и уште еднаш во 15.30 часот на индустриските објекти кои се во реон на Дрма како и Мралино и дел од Идризово. ( општина Илинден )
• во време од 08.30 до 09.30 часот, дел од корисниците од ул. Севастополска, ул. Рифат Бурџевиќ, ул. Кримска, дел од дуќаните од ул. Кримска. ( општина Чаир )
• во време од 08.00 до 12.00 часот, дел од корисниците од ул.Ибе Паликуќа и ул. Веле Марков. ( општина Ѓорче Петров )
• во време од 08.45 до 15.30 часот, репетиторите на операторите над село Св. Петка, село Чифлик, Света Петка и Барово. ( општина Сопиште )
• во време од 09.00 до 13.00 часот, дел од корисниците од ул. Вера Јоциќ. ( општина Кисела Вода )
• во време од 10.00 до 12.00 часот, селата Радуша, Кондово, Рашче, Горно Свиларе, Орашје, Долно Свиларе и село Дворце. ( општина Сарај ) /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Сервисни информации
Променливо облачно со повремени врнежи од дожд, наместа особено попладне, ќе биде нестабилно со пообилен пороен дожд
Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Наместа особено попладне, ќе биде нестабилно со пообилен пороен дожд (над 30 литри на метар квадратен) грмежи и силен ветер (над 70 километри на час), локално во форма на невреме. Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 13, а максималната ќе достигне од 15 до 23 степени.
Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд.
Попладне во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 12, а максималната ќе достигне 20 степени.
Под влијание на серија на влажни бранови, до почетокот на следната седмица времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Утре наместа ќе има појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и силен ветер (над 70 километри на час), локално во форма на невреме. Од петок, а особено за време на викендот поради спуштање на студена воздушна маса врнежите од дожд на планините и повисоките места ќе бидат од снег и ќе се формира нова снежна покривка. Врнежите повремено ќе имаат обилен карактер, наместа над 40 литри на метар квадратен за краток период.
Сервисни информации
Претпладне променливо облачно со сончеви периоди, попладне со локални врнежи од дожд
Времето денеска, претпладне променливо облачно со сончеви периоди. Попладне и во текот на ноќта ќе има локални врнежи од дожд, проследени со појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен, а наместа повремено засилен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 13, а максималната ќе достигне од 21 до 38 степени.
Во Скопје, претпладне променливо облачно со сончеви периоди. Попладне облачноста ќе се зголеми, а кон крајот на денот ќе има услови за слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 12, а максималната ќе достигне 25 степени.
Од среда до почетокот на следната седмица подрачјето на нашава земја ќе биде под влијание на серија на влажни бранови кои што ќе предизвикаат времето да е променливо облачно со повремени врнежи од дожд.
Во среда и четврток ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и силен ветер (над 70 км/час), локално во форма на невреме. Од петок, а особено за време на викендот поради спуштање на студена воздушна маса врнежите од дожд на планините и повисоките места ќе бидат од снег и ќе се формира нова снежна покривка.
Врнежите повремено ќе имаат обилен карактер, наместа над 40 л/м2 за краток период.
Сервисни информации
Сончево и топло со мала до умерена облачност
Времето денеска, сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието и во источните делови повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 13, а максималната ќе достигне од 24 до 30 степени.
Во Скопје сончево и топло со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 11, а максималната ќе достигне 29 степени.
До почетокот на следната седмица ќе се задржи сончево и топло време со мала до умерена локална облачност.
Во вторник во текот на ноќта, а особено во среда под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса ќе има врнежи од дожд кои локално ќе бидат обилни во форма на невреме проследени со грмежи и силен ветер. Температурите од среда ќе бидат во опаѓање.