Сервисни информации
Магливо и студено наутро, од пладне разведрување
И во понеделник продолжуваат временските прилики слични од претходниот ден, односно претпладне ќе има магла во поголем дел од котлините и речните долини, со утрински температури од минус 4 Целзиусови степени, а во повисоките региони ќе преовладува сончево време.
Попладне, според најавите, со прогресија од запад кон исток ќе започне наоблачување. Попладне и маглата низ котлините значително ќе се намали, а со тоа значително ќе се зголеми видливоста.
Утринските температури се движат од минус 4 до 3 Целзиусови степени, додека дневните се очекува да достигнат меѓу 7 и 15 степени.
Минималната утринска температура ќе се движи од минус 3 Целзиусови степени во котлините во поголем дел од земјата, додека на повисоките места во западниот крај минималната температура ќе има вредност околу нулата.
Максималните температуи ќе достигнат вредности околу 7 степениво котлините каде што ќе се задржи маглата, додека на југоистокот на земјата се очекува да достигнат 15 Целзиусови степени./крај/мф
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Сервисни информации
Променливо облачно со сончеви периоди
Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува засилен, повремено силен ветер (над 60 km/h) од југоисточен правец, особено долж Повардарието. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има врнежи од дожд, кои наместа ќе бидат поројни и проследени со ретки грмежи. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 8, а максималната ќе достигне од 15 до 20 степени.
Во Скопје ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен до засилен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне 18 степени.
Во четврток претпладне ќе има врнежи од дожд, наместа поројни и проследени со ретки грмежи. Ќе дува засилен, повремено силен ветер од југозападен правец (над 60 km/h).
Во текот на денот облачноста ќе се намали и потоа следува период на сончево и топло време со пораст на температурата.
Македонија
134 санкционирани возачи во Скопје
Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (23.03.2024) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.
На територија на град Скопје изречени се вкупно 134 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 43 санкции, 13 мерки за возење без возачка дозвола, седум санкции за возење под дејство на алкохол, 11 мерки за некористење сигурносен појас…
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.
Македонија
Утре без струја населба и село Радишани
Од ЕВН Македонија АД информираат дека на ден 25.03.2024 година (понеделник) без електрична енергија ќе останат: во периодот од 09.10 до 14.30 часот, корисниците од населба Радишани и село Радишани (општина Бутел).