Сервисни информации
На Табановце се чека 30 мин, на другите премини без задржување
На граничниот премин Табановце има задржување околу 30 минути а на останатите гранични премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата, а информацијата од АМСМ се однесува само за македонската страна на премините
Поради зголемен интензитет на сообраќај на патните правци надвор од градските, потребна е зголемена внимателност и прилагодена брзина на движењето.
Сообраќајот на сите државни патишта во Македонија се одвива без забрани, по суви коловози. Се прорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, каде е можна почеста појава на одрони.
Поради изведување работи на пат (гребење на асфалт ) на патниот правец Велес – Скопје ( од Кула – до тунелот Катланово ) сообраќајот ќе се одвива по една коловозна лента, за што е поставена соодветна сообраќајна сигнализација. Препорачуваме внимателно управување со возилата. На патниот правец Кичево-Охрид во близина на Ботун поради изведување на градежни работи на пат, сообраќајот се одвива наизменично регулиран со семафори. На патниот правец А2 од влезот до излезот на Кичево се изведува надградба на асфалтна подлога. На патниот правец А1 Гевгелија-Скопје од надвозникот кај клучка Велес до наплатната станица Отовица се изведуваат работи на мостовите, а сообраќајот по тие мостови се одвива по една сообраќајна лента. На патниот правец Р1105 Фурка-Дојран, се изведуваат градежно-асфалтерски работи. Поставена е соодветна патна сигнализација. На патниот правец Велес-Штип од 23.05.2014 г. се врши реконструкција и рехабилитација од депонијата Велес до Лозово.
На сиве овие патни правци за изведувањето на градежните работи има поставено соодветна патна и сообраќајна сигнализација.
Забрани за движење на тешки товарни возила, има на повеќе државни патни правци во земјата. Според информација од Министерството за транспорт и врски ве известуваме дека се воведе времена измена на режим на сообраќај на државните патишта во Република Македонија, во период од 01.07 до 31.08. Се забранува сообраќај на тешки товарни возила со вкупна маса над 15 тони за време на деновите од викендот и за денови при екстремно високи температури. Забраната за деновите од викендот е: во петок од 17:00 до 22:00 часот; сабота од 09:00 до 18:00 часот и недела од 09:00 до 22:00 часот.
Во деновите со екстремно високи температури, определени од Министерство за здравство, забранaта ќе важи и од понеделник до четврток од 11:00 до 17:00 часот. Ограничувањето не се однесува на возила кои превезуваат животни, цвеќе, хуманитарна помош, жито и житни култури и леснорасиплива стока, нафта и нафтени деривати, превоз на опасни материјали и возила кои вршат превоз за компании кои имаат склучено договори за изведување на проекти на државните патишта со ЈП за Државни патишта.
За регулирање на сообраќајот и воспоставување на изменетиот режим, поставена е соодветна сообраќајна сигнализација.
На патниот правец Гостивар-Охрид од 1 јули 2014 стапи на сила ограничениот режим на движење за тешки товарни возила над 7,5 тони. Ограничувањето на движењето е во следните периоди: петок од 15:00-24:00 часот, сабота и недела 07:00-24:00 часот. Овој режим на движење ќе важи до 1 септември 2014 година.
Во главниот град Скопје од 16.06.2014 започна времениот режим на сообраќај, забрана за движење на тешки товарни возила на подрачјето на Град Скопје. Забраната ќе важи во текот на денот и тоа од 10:00 до 20:00 часот, во периодот до 01.09.2014. Од ова решение се изземаат возилата кои превезуваат жива стока, лесно расиплива стока, хуманитарна помош, медицински препарати, комунални возила, возилата на ЈГП, превоз на експлозивни, запаливи и отровни материи, возила за превоз на градежни материјали (сиров бетон), како и градежна оператива кои вршат градежни работи на градилиштата за Општините во Скопје, Град Скопје и Влада на РМ.
На регионалниот пат Пробиштип – Кратово поради појава на свлечиште, на влез во Кратово, воведена е забрана за движење на автобуси и товарни моторни возила со тежина над 7,5 тони.
На патниот правец Р2433 Радовиш – Конче, на 11-тиот километар има свлечиште, поради што сообраќајот за патничките возила се одвива по една коловозна лента, а за тешките товарни возила има забрана за сообраќај./крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Сервисни информации
Променливо облачно со повремени врнежи од дожд, наместа особено попладне, ќе биде нестабилно со пообилен пороен дожд
Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Наместа особено попладне, ќе биде нестабилно со пообилен пороен дожд (над 30 литри на метар квадратен) грмежи и силен ветер (над 70 километри на час), локално во форма на невреме. Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 13, а максималната ќе достигне од 15 до 23 степени.
Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд.
Попладне во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 12, а максималната ќе достигне 20 степени.
Под влијание на серија на влажни бранови, до почетокот на следната седмица времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Утре наместа ќе има појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и силен ветер (над 70 километри на час), локално во форма на невреме. Од петок, а особено за време на викендот поради спуштање на студена воздушна маса врнежите од дожд на планините и повисоките места ќе бидат од снег и ќе се формира нова снежна покривка. Врнежите повремено ќе имаат обилен карактер, наместа над 40 литри на метар квадратен за краток период.
Сервисни информации
Претпладне променливо облачно со сончеви периоди, попладне со локални врнежи од дожд
Времето денеска, претпладне променливо облачно со сончеви периоди. Попладне и во текот на ноќта ќе има локални врнежи од дожд, проследени со појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен, а наместа повремено засилен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 13, а максималната ќе достигне од 21 до 38 степени.
Во Скопје, претпладне променливо облачно со сончеви периоди. Попладне облачноста ќе се зголеми, а кон крајот на денот ќе има услови за слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 12, а максималната ќе достигне 25 степени.
Од среда до почетокот на следната седмица подрачјето на нашава земја ќе биде под влијание на серија на влажни бранови кои што ќе предизвикаат времето да е променливо облачно со повремени врнежи од дожд.
Во среда и четврток ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и силен ветер (над 70 км/час), локално во форма на невреме. Од петок, а особено за време на викендот поради спуштање на студена воздушна маса врнежите од дожд на планините и повисоките места ќе бидат од снег и ќе се формира нова снежна покривка.
Врнежите повремено ќе имаат обилен карактер, наместа над 40 л/м2 за краток период.
Сервисни информации
Сончево и топло со мала до умерена облачност
Времето денеска, сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието и во источните делови повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 13, а максималната ќе достигне од 24 до 30 степени.
Во Скопје сончево и топло со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 11, а максималната ќе достигне 29 степени.
До почетокот на следната седмица ќе се задржи сончево и топло време со мала до умерена локална облачност.
Во вторник во текот на ноќта, а особено во среда под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса ќе има врнежи од дожд кои локално ќе бидат обилни во форма на невреме проследени со грмежи и силен ветер. Температурите од среда ќе бидат во опаѓање.