Сервисни информации
Највеселиот викенд за целото семејство – уште денеска многу забава и попусти на Саемот за деца и родители
Денеска е последниот ден од саемот, па поради тоа искористите го слободното време и заедно со своите деца уживајте во последниот ден од викендот, кој што воедно е и последниот ден од саемот. Сите посетители, освен огромната забава, наградните игри и изненадувањата и денеска можат да ги уживаат големите попусти за време на 6-от Саем за Деца и Родители и до 50 отсто во продавниците за детска облека, производи и играчки.
Облачното време и попладневниот краток дожд не беа никаква причина многуте родители со своите деца вчера да се упатат кон Skopje City Mall и да бидат дел од 6-от Саем за деца и родители, кој вчера го имаше својот втор ден. Денот започна со голема гужва во продавниците кои имаат попусти до 50 отсто и детски џагор кој доаѓаше од полните ходници во молот, а продолжи во art art & craft работилниците, каде децата беа во улога на мали конструктори и имаа единствена шанса преку забава да научат и да креираат работ од градежништвото, сообраќајното моделарство, роботиката и природата. Музичката и танцовата сцена беше претесна да ги собере сите деца кои преку музика и танц го покажаа својот талент.
Вчера не изостанаа и семејните натпревари каде родителите играа игри заедно со своите деца, а изненадувањето беше запознавањето со Едукативната патека од Маврово, која преку интерактивен квиз и интересни прашања на веселите деца им подели награди од патеката и гратис ски-карти.
Војо со своите егзотични животни, како змии, игуани и мали рептили ја покажа хуманитарната страна на Саемот за Деца и Родители, каде е поставена кутија за донации, па со секое сликање на децата со животните се донираат 100 ден за Сашка – Александра Робев.
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Во Скопје се возело брзо и без возачка дозвола – санкционирани 114 возачи
Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (20.04.2024) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.
На територија на град Скопје изречени се вкупно 114 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 31 санкција, 10 мерки за возење без возачка дозвола, четири санкции за минување на затворен сигнал – црвено светло, седум мерки за користење на мобилен телефон при управување…
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.
Македонија
ЦУК: Спасен овчар заглавен на речен остров во водите на Црна Река
Спасен е овчар заглавен на речен остров во надојдените води на Црна Река, заедно со неговите стотина овци, соопштија синоќа од Центар за управување со кризи.
Оттаму нагласија дека сега овчарот и овците се на безбедно место, откако се намалило нивото на водата и тие биле евакуирани.
– Центарот за управување со кризи известува дека од единствениот број за итни случаи 112, до Секторот за операции и координација, во 17:32 часот добил информација за заглавен овчар среде Црна Река, со неговите стотина овци, на мало островче на 200 метри лоцирано под селото Манастирец во општина Росоман. Реката била надојдена заради зголемен проток при производство на електрична енергија од страна на АД „ЕЛЕМ“ ПО „ХЕЦ Тиквеш Водостопанство Тиквеш“. ЦУК презеде координативни активности за да се запре протокот на вода од Акумулација „Тиквеш“ и да се намали нивото на реката, соопштија од Центарот.
Од ЦУК веднаш биле преземени сите неопходни мерки.
– Овчарот чекаше нивото на реката да се намали за заедно со неговите овци да се засолни на безбедно место. При ваков случај, било потребно три до четири часа да се намали нивото на водата. Инаку, на лице место е испратена екипа на МВР – ПС Кавадарци, а во контакт со градоначалникот на Општина Росоман е добиена потврда дека и од таму ќе биде пратена екипа, информираа од ЦУК.
Македонија
Патот Штип-Кочани во прекин поради сообраќајка
Од 17:10 часот, поради сообраќајна незгода на патниот правец Штип-Кочани, сообраќајот е во прекин во една насока, информираат од АМСМ.