Сервисни информации
Нормализиран сообраќајот на правецот Гостивар – Кичево
Од 6,30 часот сообраќајот на патниот правец Гостивар – Кичево, кај мостот на реката Вардар, се одвива нормално, паднатото дрво на патот е отстрането, известуваат од АМСМ. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен, а на граничните премини во неделата од македонската страна на премините нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.
Од понеделникот, поради снимање филм се воведува времена измена на режим на сообраќај на Делница 3 Автопат 2, односно клучка „Хиподром“ – клучка .„Сарај“, или ткн Скопска обиколница, од 7- ми до 25-ти, како и на 28-ми септември во периодот од 07 до 19 часот за секој од наведените датуми.
Поради изведување на градежни работи од 1-ви септември до 20-ти ноември државниот пат А3 делница Битола – Макази, фаза 1-ва од клучката кај бензинската „Лукоил“ до клучката за селото Ротино, ќе биде затворена за сообраќај, а сообраќајот ќе се пренасочува по стариот пат Битола – Ресен. Пренасочувањето ќе биде обележано со соодветни сообраќајни знаци, согласно на Основниот сообраќаен проект за времен режим на сообраќај.
Градежни работи се изведуваат и на магистралниот пат А4, делница Свети Николе – Штип од 26+396,00 до 47+107,00 км. Се планира целосното затворање до целосно завршување на активностите на делницата, во период од две години, на потегот км 28+520 (Свети Николе) до км 38+500 (постојана клучка Кадрифаково), со пренасочување на сообраќајот преку регионалниот пат P 1204.
Поради изведување работи на мостовите и асфалтирање на патниот правец Велес – Скопје, од месност ткн Штипска клучка до тунелот Катланово, сообраќајот се одвива по една коловозна лента, за што е поставена соодветна сообраќајна сигнализација.
Поради извршување на градежни активности на државниот пат А3, делница Велес – Кадрифаково, сообраќајот се одвива под времен режим на сообраќај, и тоа: од крајот на трета лента (депонија Велес) до Лозово, и од Лозово преку Сарамзалино до клучка Кадрифаково.
На сиве овие патни правци за изведувањето на градежните работи има поставено соодветна патна и сообраќајна сигнализација.
Од АМСМ препорачуваат внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Кочани – Делчево, Виница – Берово, каде е можна почеста појава на одрони./крај/мф/амсм
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Сервисни информации
Променливо облачно со сончеви периоди
Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува засилен, повремено силен ветер (над 60 km/h) од југоисточен правец, особено долж Повардарието. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има врнежи од дожд, кои наместа ќе бидат поројни и проследени со ретки грмежи. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 8, а максималната ќе достигне од 15 до 20 степени.
Во Скопје ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен до засилен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне 18 степени.
Во четврток претпладне ќе има врнежи од дожд, наместа поројни и проследени со ретки грмежи. Ќе дува засилен, повремено силен ветер од југозападен правец (над 60 km/h).
Во текот на денот облачноста ќе се намали и потоа следува период на сончево и топло време со пораст на температурата.
Македонија
134 санкционирани возачи во Скопје
Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (23.03.2024) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.
На територија на град Скопје изречени се вкупно 134 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 43 санкции, 13 мерки за возење без возачка дозвола, седум санкции за возење под дејство на алкохол, 11 мерки за некористење сигурносен појас…
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.
Македонија
Утре без струја населба и село Радишани
Од ЕВН Македонија АД информираат дека на ден 25.03.2024 година (понеделник) без електрична енергија ќе останат: во периодот од 09.10 до 14.30 часот, корисниците од населба Радишани и село Радишани (општина Бутел).