Контакт

Сервисни информации

Санирана штетата на мостот на патот Радовиш-Штип

Објавено пред

Сообраќајот на патните правци низ Македонија се одвива по влажни коловози. Слаби врнежи од снег се бележат кај Страцин, Крива Паланка, Делчево и Смојмирово, но не претставуваат проблем за нормално одвивање на сообраќајот.

dobivaj vesti na viber

Штетата на мостот на патниот правец Радовиш – Штип е санирана и сообраќајот се одвива наизменично, по една коловозна лента, исто така нормализиран е сообраќајот на патниот правец Демир Капија кон с. Корешница.

Забраната за движење, поради свлечиште, на патот Киселица – Злетово во општина Пробиштип сеуште останува.

На регионалениот пат Р2232 на м.р.”Глобица” во непосредна близина на с. Ратавци – Пробиштип сообраќајот е сеуште во прекин, а поради надојдените води од реката Крива Лакавица во прекин се патните правци кон с.Степанци и с.Суво Грло. Во прекин е и сообраќајот на патниот правец Р1401, клучка Марвинци – Гевгелија поради излевање на р. Вардар.

Воведена е забрана за движење на тешки товарни возила над 7,5 тона и автобуси, на патниот правец Р2136 Ржаничино – Д.Коњаре, поради оштетување на средниот столб на мостот на река Пчиња.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. крај/мф/нц



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Во Скопје се возело брзо и без возачка дозвола – санкционирани 114 возачи

Објавено пред

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (20.04.2024) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.

dobivaj vesti na viber

На територија на град Скопје изречени се вкупно 114 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 31 санкција, 10 мерки за возење без возачка дозвола, четири санкции за минување на затворен сигнал – црвено светло, седум мерки за користење на мобилен телефон при управување…

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.

Прикажи повеќе...

Македонија

ЦУК: Спасен овчар заглавен на речен остров во водите на Црна Река

Објавено пред

Спасен е овчар заглавен на речен остров во надојдените води на Црна Река, заедно со неговите стотина овци, соопштија синоќа од Центар за управување со кризи.

dobivaj vesti na viber

Оттаму нагласија дека сега овчарот и овците се на безбедно место, откако се намалило нивото на водата и тие биле евакуирани.

– Центарот за управување со кризи известува дека од единствениот број за итни случаи 112, до Секторот за операции и координација, во 17:32 часот добил информација за заглавен овчар среде Црна Река, со неговите стотина овци, на мало островче на 200 метри лоцирано под селото Манастирец во општина Росоман. Реката била надојдена заради зголемен проток при производство на електрична енергија од страна на АД „ЕЛЕМ“ ПО „ХЕЦ Тиквеш Водостопанство Тиквеш“. ЦУК презеде координативни активности за да се запре протокот на вода од Акумулација „Тиквеш“ и да се намали нивото на реката, соопштија од Центарот.

Од ЦУК веднаш биле преземени сите неопходни мерки.

– Овчарот чекаше нивото на реката да се намали за заедно со неговите овци да се засолни на безбедно место. При ваков случај, било потребно три до четири часа да се намали нивото на водата. Инаку, на лице место е испратена екипа на МВР – ПС Кавадарци, а во контакт со градоначалникот на Општина Росоман е добиена потврда дека и од таму ќе биде пратена екипа, информираа од ЦУК.

Прикажи повеќе...

Македонија

Патот Штип-Кочани во прекин поради сообраќајка

Објавено пред

Од 17:10 часот, поради сообраќајна незгода на патниот правец Штип-Кочани, сообраќајот е во прекин во една насока, информираат од АМСМ.

dobivaj vesti na viber
Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

Нема да има работни саботи за учениците, МОН донесе нова одлука

Министерството за образование и наука информира дека наставата од деновите на гласање, 24 април и 8 мај, како и од...

Македонија3 часа

Со супервештачење ќе се бара вина кај лекарите за родилката од Дебар, која, по породувањето, се врати дома без јајчник, матка и бубрег

Судот нареди да се направи супервештачење за родилката од Дебар, Јалдз Веапоска, на која по породување во струшката болница ѝ...

Македонија5 часа

ССМ повика на првомајски протест: Бараме враќање на трошоците за храна и превоз и минимална плата од 450 евра во првите 100 дена од новата влада

Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) повика на првомајски протест за враќање на трошоците за храна и превоз и зголемување...

Македонија7 часа

Инспекторатот ќе контролира дали работодавците ја почитуваат владината одлука за неработен ден

Државниот пазарен инспекторат им укажува на сите работодавци дека во согласност со заклучокот на техничката Влада деновите на изборите –...

Македонија9 часа

ДИК објави упатство за гласање на претседателските избори

Пред утрешното гласање на првиот круг од претседателските избори, Државната изборна комисија (ДИК) на својата официјална веб-страница објави повеќејазично упатство...

Македонија10 часа

Беќаровски навести дека си оди од Токсикологија: Дон Кихот, конечно, го напушта оклопот

Доктор Нико Беќаровски навести дека ќе си замине од Клиниката за токсикологија. Во статус на социјалните мрежи Беќаровски порача дека...

Свет10 часа

Русија со предупредување до Европа: Ако ни го земете имотот, одговорот ќе боли

Сојузникот на претседателот Владимир Путин во вторникот ја предупреди Европа дека Русија веќе го напишала законот за да се одмазди...

Македонија10 часа

Странски новинари, преведувачи: вкупно 942 набљудувачи ќе ги следат претседателските избори

Вкупно 942 набљудувачи, странски новинари и преведувачи се акредитирани за следење на претседателските избори на 24 април. Како што е...

Свет11 часа

Иранскиот министер за надворешни работи: Санкциите на ЕУ против Иран се за жалење

Санкциите на Европската Унија, за кои минатата недела беше постигнат начелен договор што треба да му бидат наметнати на Техеран...

Македонија11 часа

Предизборен молк пред утрешните претседателски избори, денеска гласа дијаспората, болните и затворениците

Почна предизборниот молк пред утрешните претседателски избори. Молкот завршува на 24 април во 19 часот кога се затвораат избирачките места....

Свет11 часа

Украинските власти: Седум лица повредени во напад со руски дрон во Одеса

Седум лица се повредени, меѓу кои две деца, во напад на руски дрон врз украинското пристаниште Одеса, соопштија украинските власти....

Македонија1 ден

Приватните спцецијализнати протестираа со куфери: „ Над 70 отсто од студентите по медицина активно учат германски“

Со куфери приватните специјализанти протестираа и денес пред Министерството за здравство. Претседателката на Здружението на лекари специјализанти, доктор Александра Георгиева,...

Македонија1 ден

Лекарите од токсикологија: Стигнавме до 8 админитративци и 3 секретари, а не сакаат да вработат биолози и болничар

Нико Беќаровски заедно со уште пет докторки од Стручниот колегиум на Клиниката за токсикологија јавно ја прозваа економската директорка на...

Македонија1 ден

Демири нема забелешки за работата на директорката на Токсикологија, Иљази, ќе го разреши медицинскиот директор Петровски

Министерот за здравство Илир Демири најави разрешување на медицинскиот директор на Клиниката за токсикологија, но не и за економската директорка....

Македонија1 ден

Лични документи може да се подигнат и в среда

Во пресрет на претстојните претседателски избори, што ќе се одржат в среда на 24 април 2024 година, Министерството за внатрешни...

Македонија1 ден

Шаќири подготвен да го повлече дописот за одработување на деновите за изборите во училиштата ако се најде друго решение

Министерот за образование, Јетон Шаќири, е подготвен да го повлече дописот што минатата недела го испрати до основните училишта за...

Економија1 ден

Од полноќ нови цени на горивата

Регулаторната комисија за енергетика донесе oдлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за...

Македонија1 ден

Вечерва ќе сопрат кампањите за избор на претседател, молкот почнува на полноќ

Со денешниот ден завршува изборната кампања за првиот круг од претседателските избори 2024 година, односно од полноќ почнува изборниот молк...

Македонија1 ден

„Ахмети, кревај рачна кочница на време, Мицкоски не е сам“, му порача Ангелов на лидерот на ДУИ

Директорот на Центарот за управување со кризи, лидер на Достоинство и дел од коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ, Стојанче Ангелов денеска преку...

Македонија1 ден

Европскиот фронт: Мицкоски на тешкo дереџе, спасот го бара кај Левицата

„Мицкоски и ВМРО никако да да ја сокријат нервозата и паниката од ДУИ и од Европскиот фронт. На кое дереџе...