Македонија
Шалтерите на „Водовод“ утре ќе работат само прва смена, понеделник е неработен
ЈП Водовод и канализација – Скопје, ги известува корисниците на услугите, дека утре, петок, шалтерите за наплата и рекламации во Дирекцијата на претпријатието ќе работат само прва смена од 07:30 до 15:30 часот.
Во сабота шалтерите ќе работат од 09:00 до 14:00 часот, а понеделник е неработен ден.
Со редовно работно време ќе се продолжи од 14.04.2026 година, вторник, информира ЈП Водовод и канализација – Скопје.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
АВМУ за изјавата на Филипче: Апсолутно е недозволиво носител на јавна функција да користи дискредитирачка реторика која придонесува кон поларизација во медиумскиот простор
Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги изразува загриженост во однос на изјавата на претседателот на политичката партија СДСМ, Венко Филипче, во која беа изнесени обвинувања и квалификации за политичка и финансиска зависност на ТВ Алфа.
„Јавното етикетирање и инструментализација на медиумите во политички конфронтации не е во согласност со демократските принципи, ниту со гарантираната слобода на изразување. Апсолутно е недозволиво носител на јавна функција да користи дискредитирачка реторика која придонесува кон поларизација во медиумскиот простор и може да ја наруши довербата на јавноста во медиумите.
Доколку постојат сомнежи за евентуални незаконитости или нерегуларности во работењето на медиумите, наместо преку јавни обвинувања или политички квалификации тие треба да се изнесат пред надлежните институции за понатамошно постапување.
Ги повикуваме сите политички субјекти да се придржуваат кон одговорна и конструктивна комуникација и да се воздржат од изјави кои можат да ја нарушат довербата во медиумите или да создадат притисок врз нивното работење“, се наведува во соопштението на АВМУ.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ и Филипче ликуваат за избори во странство наместо да го анализираат сопствениот пораз
ВМРО-ДПМНЕ обвини дека СДСМ и неговиот лидер Венко Филипче, наместо да го анализираат изборниот резултат од околу 130 илјади гласа, се занимаваат со изборни случувања во други држави.
Според партијата, Социјалдемократите се однесуваат како да не се дел од политичкиот живот во Македонија, критикувајќи влади и функционери во странство и следејќи избори надвор од земјата, додека домашните избори ги игнорираат.
Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека наместо внатрепартиска анализа за резултатот, раководството на СДСМ се радува на победата на партијата Тиса во Унгарија, која е дел од Европската народна партија, каде што членува и ВМРО-ДПМНЕ.
Во соопштението се наведува дека сестринската партија на СДСМ, која е дел од Партијата на европските социјалисти, освоила 1,18% од гласовите, што, според ВМРО-ДПМНЕ, е слично со рејтингот во Македонија.
Партијата оценува дека СДСМ, заедно со Зоран Заев, ја довеле партијата во состојба на пад и дека наместо дистанцирање, продолжуваат по истата политика.
ВМРО-ДПМНЕ додава дека ќе остане посветена на билатералната соработка со Унгарија и му ја честита изборната победа на партијата Тиса и на Петер Маѓар.
Македонија
„Падот на Орбан е лоша вест за Мицкоски – потврда и од германските медиуми“, велат од СДСМ
„Пишувањата на германските медиуми за поразот на Виктор Орбан се јасна и недвосмислена потврда на сè она на кое СДСМ го говори со месеци. Падот на Орбан не е само внатрешно политичко прашање во Унгарија, има директни последици за целиот регион – особено за политичарите кои беа под негова целосна заштита, како Христијан Мицкоски“, велат од СДСМ.
„Но и за Александар Вучиќ и Милорад Додик кои се дел од „авторитарното братство“.
„Орбан постојано градеше мрежа од нелиберални аналитички центри, медиуми и партии, кои ги прошируваше, поддржуваше или вршеше послушни изобилни финансиски плаќања, чија иднина сега е неизвесна“ наведува германскиот “Франкфуртер алгемајне цајтунг„.
Уште една потврда за веќе создадената мрежа на влијание, финансии и злоупореба на медиуми надвор од европските демократски стандарди.
Дополнително, се потенцира дека со падот на Орбан се „затвора чадорот“ што го имаше над Балканот, со што политичките актери кои се потпираа на таа поддршка остануваат без заштита и без клучен сојузник.
Ова е директна потврда на ставовите на СДСМ за бизнис мрежата поврзана со Орбан, која имаше сериозно влијание врз процесите во регионот, вклучително и во Македонија.
Денес, германските медиуми го потврдуваат она што СДСМ го говори: падот на Орбан значи слабеење на антиевропските и автократски влијанија во регионот.
Тоа е лоша вест за Мицкоски. Паѓаат автократските режими. Следен е тој во Србија, па после тоа на Мицкоски кај нас. Но тоа е добра вест за граѓаните. Добра вест за демократијата. Доаѓа време за одговорност и правда“, соопштуваат од СДСМ.
