Контакт

Македонија

Шасивари: Нула толеранција за криминалот и корупцијата во затворите

Објавено пред

На Регионалната конференција „Организиран криминал во затворите – зајакнување на интегритетот, разузнавачките капацитети и соработката во Југоисточна Европа“, министерот за правда, Јетон Шасивари, во своето обраќање истакна дека борбата против организираниот криминал и корупцијата во затворите е еден од приоритетите во реформата на пенитенцијарниот систем.

„Криминалните мрежи не познаваат граници. Тие комуницираат преку границите, ги користат слабостите на институциите и ги поврзуваат своите активности во повеќе држави.Затоа и нашиот одговор мора да биде регионален.Потребно ни е побрзо и поефикасно разменување на разузнавачки информации, подобра координација меѓу институциите, заеднички проценки на безбедносните и корупциските ризици и заедничко градење на капацитетите на нашите пенитенцијарни системи “, порача министерот Шасивари.

Тој додаде дека во изминатиот период се преземени конкретни мерки за зајакнување на системот – вработени се 100 нови службени лица, воведени се специјализирани антикорупциски обуки и се формирани единици за затворско разузнавање во Идризово, Штип, Прилеп и Затвор Скопје.

Паралелно, рече министерот, се работи на професионализација на управувањето со затворскиот систем преку подготовка на законски измени со кои раководните позиции во затворската полиција треба да ги преземат искусни професионалци од системот.

Во делот на подобрувањето на условите, Шасивари кажа дека обезбедени се 25 милиони евра за изградба на објектите во КПД Идризово, во рамки на проект вреден 46 милиони евра, со цел создавање побезбедни и посоодветни услови согласно европските стандарди.

Министерот за правда посочи дека зајакнувањето на пробацијата и електронскиот надзор е важен дел од современата пенитенцијарна политика. Во 2025 година е изречена првата пресуда за куќен затвор со електронски надзор, а досега се донесени 11 судски одлуки за примена на оваа мерка.

„Ниту една држава не може сама да се справи со организираниот криминал. Ни треба побрза размена на разузнавачки информации, подобра координација и заедничко градење на капацитетите. Безбедноста на нашиот регион е заедничка одговорност“, порача министерот Шасивари.

Најново

Македонија8 минути

ДУИ: Касами го заборава албанското знаме, наместо него, во центарот на Тетово знамето на Вергина

Демократската унија за интеграција бара институционална одговорност за Биљал Касами, кој, како што велат од оваа партија, при одбележувањето на...

Свет21 минута

Ескалацијата меѓу САД и Иран ги зголеми цените на нафтата

Цената на суровата нафта „Брент“ се искачи над 101 долар за барел во средата навечер за прв пат од мај,...

Македонија28 минути

ВМРО-ДПМНЕ: Економијата забрзува со раст од 4,З проценти а СДС очајува, талогот ликува на неуспех

Додека СДС очајува и ликува на неуспех, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ продолжува со инвестиции, отворање на нови работни места и...

Македонија39 минути

„Нула денари“ е најскапата лага, ова е класичен рекет, систем каде што приватни моќници го купуваат мирот и наклонетоста на Владата, велат од ЛДП за манифестациите

Изјавата на премиерот дека прославите и скапите концерти низ државата ја чинеле власта „нула денари“ бидејќи биле платени од „општествено...

Култура1 час

Белград во знакот на македонската ликовна уметност

Две изложби поддржани од Министерството за култура и туризам, го обележаа почетокот на новата културна сезона во Белград. Најпрво, со...

Свет1 час

(Видео) Ако победиме на изборите, секој возрасен Американец ќе добие 5.000 долари, најави Трамп

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека ќе исплати „дивиденда“ од 5.000 долари на секој возрасен граѓанин на Соединетите Американски Држави,...

Македонија1 час

Мицкоски се смета за елита затоа што има часовници од 60.000 евра и скапи одела, останатите ги смета за „талог“, велат од СДСМ

Сите коишто се противат на криминалната власт се „талог“. Секој што е за Европа, демократија, слобода на говор и подобар...

Свет1 час

Руски научници развија материјал што го уништува вирусот ХИВ

Руските научници користеа соединенија со катјони на ретки земји како основа за лек ефикасен против ХИВ, како и соединенија за...

Спорт2 часа

Олимпијакос го отпушти Мендилибар

Фудбалскиот клуб Олимпијакос се раздели со тренерот Хозе Луис Мендилибар. Отказот е последица на лошиот старт во грчкото првенство и...