Контакт

Македонија

Шасивари побара размена на искуства и експертска помош од САД во областа на кривичното законодавство

Објавено пред

Министерот за правда Јетон Шасивари денеска се сретна со Никол Варнс, вршителка на должноста шеф на Мисијата во Амбасадата на Соединетите Американски Држави, на која беше потврдена силната и континуирана соработка меѓу Министерството за правда и САД како стратешки партнер во спроведувањето на реформите во правосудството.

На средбата се разговараше за клучните приоритети на Министерството за правда, со акцент на реформите во правосудството, владеењето на правото, дигитализацијата на правосудниот систем, законодавната агенда и борбата против корупцијата. Министерот за правда Јетон Шасивари побара во натамошниот период да се овозможи размена на искуства и експертска помош од САД во областа на кривичното законодавство.

Министерот Шасивари изрази благодарност за континуираната поддршка што САД ја обезбедуваат за Министерството за правда и за реформските процеси во државата, нагласувајќи дека таа има значајна улога во зајакнувањето на институционалните капацитети, особено во борбата против транснационалниот организиран криминал, како и во унапредувањето на соработката меѓу домашните институции и меѓународните партнери.

Во фокусот на разговорите беше и реформата на кривичното законодавство, која останува еден од стратешките приоритети на Министерството за правда. Во таа насока, беше истакнато дека започна реализацијата на проектот „Поддршка за спроведување на Националната стратегија за дроги во Република Северна Македонија“, финансиран од Bureau of International Narcotics and Law Enforcement Affairs (INL) при Стејт департментот на САД.

На средбата беше потврдена заедничката заложба за понатамошно продлабочување на партнерството преку нови заеднички проекти, експертска поддршка и размена на искуства во областите од заеднички интерес.

Министерството за правда останува цврсто посветено на спроведувањето на реформите, зајакнувањето на владеењето на правото и исполнувањето на европските стандарди, во интерес на граѓаните и на европската интеграција на државата.

 

Најново

Свет1 час

Трамп ќе го засили економскиот притисок врз Иран

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека засега е подготвен да го засили економскиот притисок врз Иран, наместо да нареди нова...

Свет2 часа

Ескалира дипломатскиот судир меѓу Шпанија и Италија поради граничните контроли и мигрантите

Односите меѓу Шпанија и Италија сериозно ескалираа откако двете членки на Европската Унија меѓусебно си воведоа гранични контроли, а последиците...

Регион2 часа

Хрватска е поскапа од Грција, Италија, Турција и Шпанија

Холандски портал проанализира огромен број пакет-аранжмани за летување на Медитеранот. Бројките јасно ја покажаа исплатливоста на поместувањето на годишниот одмор...

Македонија3 часа

Мерџаноски: Стабилна е состојбата на момчето повредено во Турција, започната е физикална терапија

Стабилен е младиот пациент кој се здоби со сериозна повреда на рбетот во Кушадаси, изјави за медиумите директорот на Клиниката...

Црна хроника3 часа

Трагедија во Ресенско: мотоциклист излета од патот и загина

Четириесет и четиригодишен жител на селото Љубојно загина во тешка сообраќајна несреќа што се случила рано утринава во Ресенско, соопшти...

Забава3 часа

Истражување: Некои бои на облеката привлекуваат комарци повеќе од другите

Летните вечери често носат борба со комарците, а новото научно истражување од Универзитетот во Вашингтон, објавено во списанието „Нејчр Комјуникејшнс“,...

Црна хроника3 часа

Приведен 17-годишник во Скопје: нападнал полицаец кој му укажувал помош

Седумнаесетгодишник од скопско бил приведен откако физички нападнал полициски службеник кој се обидел да му помогне, соопшти Министерството за внатрешни...

Забава3 часа

Не поднесуваат лажна љубезност: хороскопски знаци кои не можат да скриат кога некој им оди на нерви

Некои луѓе лесно ги кријат емоциите, но кај други уште во првите неколку секунди се гледа што мислат за соговорникот....

Спорт4 часа

Влаховиќ е блиску до трансфер во Бешикташ

Српскиот фудбалски репрезентативец Душан Влаховиќ се наоѓа пред конечна одлука околу тоа каде да ја продолжи кариерата. Бешикташ во моментоцв...