Контакт

Македонија

Шасивари-Улусој: Размена на искуства со Турција и заеднички проекти во правосудството

Објавено пред

Министерот за правда Јетон Шасивари денеска оствари работна средба со амбасадорот на Република Турција во земјава, Фатих Улусој, на која беше потврдена заедничката определба за натамошно унапредување на билатералната соработка во областа на правосудството и поддршка на реформските процеси.

Се разговараше за реформите во правосудството, размената на искуства и добри практики, како и реализацијата на нови студиски посети, специјализирани обуки и заеднички активности меѓу правосудните институции на двете земји.

„Силното меѓународно партнерство е еден од клучните предуслови за успешни и одржливи реформи во правосудството. Турција е наш значаен партнер, а размената на знаење, искуства и добри практики ќе придонесе за поефикасен, потранспарентен и помодерен правосуден систем“, истакна министерот Шасивари.

На средбата беше нагласена успешната соработка меѓу Академијата за судии и јавни обвинители и Турската агенција за соработка и координација (ТИКА), при што беше изразена заедничка подготвеност таа дополнително да се продлабочи преку организирање меѓународни и билатерални конференции, студиски посети и програми за обука на судии, јавни обвинители и други претставници на правосудните институции.

Како особено значајна беше посочена Програмата за размена на искуства во областа на компјутерскиот криминал, реализирана во рамки на Проектот за компјутерски криминал на Советот на Европа, кога Министерството за правда беше домаќин на претставник од Министерството за правда на Република Турција.

Во рамки на продолжувањето на добрата соработка меѓу Република Турција и Република Северна Македонија, во име на министерот за правда на Република Турција, Акин Ѓурлек, на министерот за правда Јетон Шаќири лично му беше врачена покана за учество на меѓународниот самит „Иднината на правдата“, кој ќе се одржи во Истанбул на 8 и 9 октомври.

На овој значаен меѓународен настан ќе учествуваат министри за правда од повеќе земји, високи државни функционери, експерти, професори и претставници од правосудниот сектор, со цел размена на искуства и идеи за унапредување на правдата и владеењето на правото.

„Поканата претставува уште една потврда за пријателските и партнерски односи меѓу двете земји и посветеноста кон зајакнување на институционалната соработка. Министерот Шасивари и амбасадорот Улусој се согласија дека е неопходно натамошно интензивирање на соработката, со цел – градење современ, ефикасен и независен правосуден систем, преку конкретни проекти, институционално поврзување и континуирана размена на професионални искуства“, соопшти Министерството за правда.

Најново

Свет16 минути

„Кругот околу Орбан се стеснува“, вели аналитичар откако беа пронајдени 17,5 милиони евра скриени во шуми, магацини и сеф во куќа во Унгарија

17,5 милиони евра во кеш биле пронајдени скриени во шуми, магацини и сеф во куќа во Унгарија, во рамки на...

Свет25 минути

Бајден во мемоарите открива детали од односот со Зеленски: „Беше тврдоглав“

Поранешниот американски претседател Џо Бајден во своите нови мемоари открива како поранешната германска канцеларка Ангела Меркел приватно зборувала за Доналд...

Свет35 минути

Израел ги предупреди САД дека Иран наводно подготвувал атентат врз Трамп со дронови полни со експлозив

Израелската разузнавачка служба Мосад доставила информации до американската ЦИА за наводни планови на Иран со беспилотни летала да ги нападне...

Македонија43 минути

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и ДУИ го расчистија теренот за сватот на Али Ахмети да му ги чува и препродава акциите на Давор Мацура

Во позадина на случајот Алта Банка стојат бизнис интереси на СДС и ДУИ, Бесими ја отворил темата на Влада а...

Свет1 час

Нови откажувања на летови во САД по дефектот во контролата на летање

Во САД и денеска продолжува хаосот во авиосообраќајот поради дефект во системот за контрола на летањето. Откажани се најмалку 910...

Свет1 час

Макрон: Ограничувањето на помошта за Украина значи наметнување неправеден мир и рецепт за нова војна

Францускиот претседател Емануел Макрон предупреди дека земјите кои сакаат да ја ограничат помошта за Украина всушност се обидуваат да ѝ...

Свет1 час

Словенците избираат градоначалници во 212 општини, Јанковиќ се бори за седми мандат во Љубљана

Повеќе од 1,6 милиони граѓани на Словенија денеска гласаат на локалните избори на кои ќе избираат градоначалници и општински советници...

Свет1 час

(Видео) Иран со шест дронови нападна американски радар во воена база во Бахреин, се огласија сирените за тревога

Иранската Исламска револуционерна гарда соопшти дека со шест беспилотни летала нападнала американски радар во база за хеликоптери во Бахреин, по...

Свет1 час

(Фото+видео) Судир на два авиони во Мајами: едниот слетувал, другиот се подготвувал за полетување

Карго-авион на американската компанија ЈПС и патнички авион на панамската авиокомпанија „Копа ерлајнс“ се судриле синоќа на меѓународниот аеродром во...